Спорт
(Видео) Трагедија во Бразил: Изгоре навивач, неколкумина повредени
Уште една голема трагедија го погоди бразилскиот фудбал откако еден навивач изгоре, а неколку навивачи беа повредени.
Несреќата се случила додека навивачите на Крузеиро се враќале дома по мечот со Атлетико Параненсе одигран во Куритиба.
Како што објавија бројни локални и меѓународни медиуми, навивачите на Крузеиро, членови на ултрас групата Мафија Азул, наводно биле нападнати од навивачи на Палмеирас, ултрас групата Манча Верде.
Напаѓачите испукале огнономет и фрлале бомби од домашно производство кон автобусот, а улицата била преполна со шајки кои ги дупнале гумите на автобусот, што довело до пожар.
Напаѓачите го снимиле целиот инцидент, на снимките се гледа и како му приоѓаат на еден повреден навивач на Крузеиро.
Локалните медиуми јавуваат дека еден навивач починал, поточно изгорел, а неколкумина се повредени од ударите што ги добиле со метални палки кога успеале да побегнат од запалениот автобус.
Пред две години, во септември 2022 година, голем судир меѓу две групи заврши трагично, четири лица беа убиени, а десет други беа повредени.
Mancha Verde, the main ultra group of Palmeiras, set fire to the bus of Máfia Azul, the main ultra group of Cruzeiro, who were returning from Curitiba after last night’s game against Athletico.
Several Cruzeiro fans were injured, as they were brutally beaten and burned. pic.twitter.com/nqFyINGK59
— Football Report (@FootballReprt) October 27, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шкендија го победи Слован Братислава
Фудбалерите на Шкендија го победија Слован од Братислава со 2:0 (2:0), во петото коло во Конференциската лига. Шкендија дојде до втората победа и вкупно седмиот бод, што и донесе скок на 18-то место на табелата. Шкендија сега има реални шанси да се пласира во нокаут фазата.
Шкендија го скрши Слован во втората половина од првото полувреме. Во 33-та минута Бајриќ си постигна авто гол, а во првата минута од судиското надополнување на времето, водстото го дуплираше Спахиу.
Покрај освоените три бода, Шкендија за овој триумф ќари и 400.000 евра, колку што УЕФА ја вреднува победата во Конференциската лига.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
„Луѓе немаат за леб, се водат војни, а Винисиус заработува милијарди“
Селекторот на ватерполо репрезентацијата на Хрватска, Ивица Туцак, во подкастот „Lood“ зборуваше за социјалните неправди и искривените вредности во спортот.
Трофејниот тренер ја апострофираше диспропорцијата помеѓу заработката на фудбалерите и другите професии, а коментираше и за моменталната состојба во светот.
„Седам со, можам да кажам, мојот пријател, докторот Стипе Јадријевиќ. Што прави тој човек во животот, низ што поминува. Спасува луѓе, отстранува црн дроб, трансплантации. А овој човек има милијарди евра затоа што најдобро ја шутира топката, тоа е ужасно“, рече Туцак и продолжи.
„Како ќе заврши сето ова, оваа лудост во која живееме. Ваму војни, глупости, убиства… Овде овој човек игра фудбал и заработува сто милијарди. Некој Винисиус, со сета почит кон момчето, човекот… заработува толку пари. Па од каде ова, не ме замарајте! Што почна да се случува? Ајде, милион, два, пет… или десет нешто. Јас самиот сум спортист и знам што е потребно за да се биде успешен. Но, овој заработува милијарда, а некаде луѓето умираат од глад. Предмет на потсмев на времето во кое живееме.“
Foto/ freerangestock
Спорт
Лео Меси во Калкута ќе добие статуа висока 20 метри
Во Калкута ќе биде откриена 20-метарска статуа во чест на аргентинскиот фудбалер Лионел Меси.
Индиските медиуми објавија дека по овој повод се очекува доаѓањето на славниот Аргентинец во главниот град и најголем град на индиската држава Западен Бенгал.
Поради ова, во Калкута владее вистинска еуфорија. Статуата, која се наоѓа во близина на спортскиот клуб „Шри Бхуми“, го прикажува 38-годишниот фудбалер како го држи трофејот од Светското првенство во 2022 година освоен во Катар. Висока е 20 метри и ќе биде највисокиот споменик на Меси во светот.
„Нема поголема статуа на Меси. Тој има многу свои обожаватели тука. Луѓето велеа „Имаме статуа на Марадона, па зошто да немаме статуа на Меси?“ На крајот на краиштата, Марадона, Роналдињо и Емилијано Мартинез доаѓаа тука“, рече Суџит Босе, министер на Западен Бенгал и претседател на спортскиот клуб „Шри Бхуми“.
Церемонијата на откривање на статуата ќе се одржи во сабота, 13 декември, а беше најавено дека покрај Лионел Меси, во Индија ќе пристигнат и неговите пријатели и соиграчи од Интер Мајами, Уругваецот Луис Суарез и Аргентинецот Родриго Де Пол.
Foto/ depositphotos

