Спорт
(Видео) Тренерот на Унион Берлин нема намера да му се извини на Сане
Хрватскиот тренер Ненад Бјелица објасни зошто физички го нападна играчот на Баерн, Лерој Сане.
Тренерот на Унион Берлин му удри шлаканица на фудбалерот на Баерн во 74. минута од натпреварот од 13. коло на германската Бундес лига.
Германската јавност веднаш „удри“ по Бјелица, а Хрватот уште повеќе ги налути бидејќи по мечот не сакаше да му се извини на Сане велејќи дека не сака ни да разговара со него, а објасни и зошто.
„Бев во својот простор, сакав да ја земам топката и да му ја дадам на Сане. Тој ме турна и јас реагирав. Тој дојде да ме испровоцира во мојот простор“, изјави Бјелица.
Бјелица наводно им се извинил на своите играчи за својата постапка, но не и на Сане.
„Тој ме турна во мојот простор и јас реагирав, но јас не реагирав како што треба да реагира тренер. Не разговарав потоа со Сане. Зошто да разговарам? Тоа се емоциите во фудбалот, а таа беше погрешно. Жал ми е за грешката, но и кога би можел да сменам нешто сега, не би го направил тоа. Разбирам зошто го добив црвениот картон. Бев лут и поради можниот пенал за нас пред тоа.”
Баерн победи со минимални 1:0 и ја намали разликата на лидерот Баер Леверкузен на табелата на четири бода.
Унион е само 15-ти со 14 бодови, само три повеќе од Мајнц, Келн и Дармштад кои ги делат последните три позиции на табелата.
Nenad Bjelica vs Leroy Sané pic.twitter.com/xYgkrcTDaO
— Sir ALTINAY (@AItinay) January 24, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

