Спорт
(Видео) Тројка во финишот – Студентски центар го шокираше Партизан
Клубот од Подгорица, Студентски центар е шокантниот шампион во Суперкупот на АБА-лигата, откако во вистинска драма надополнија седум разлика во последните три минути и стигнаа до 83:81 победа над Партизан со тројката на Борна Капуста.
Студентски центар имаа подобро прво полувреме против непрепознатливиот тим на Жељко Обрадовиќ, но Партизан успеа да се врати во второто полувреме и да влезе со солидна предност во последната четвртина, пред црногорскиот тим да влезе во серија 10:0 и да создаде услови за шокантна победа.
Третото место на турнирот во Подгорица го освои тимот на Будуќност, кој со 79:68 ги победи Игокеа.
Borna Kapusta 3PT za trofej Superkupa #abaliga #scderby #kkpartizan pic.twitter.com/LgmIxBCSTW
— CGsport.me (@cgsportme) September 20, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Синер во април ќе се појави пред судот во Лозана
Светскиот тенисер број еден, Италијанецот Јаник Синер, ќе се појави пред Судот за спортска арбитража (CAS) во април. Овој суд ќе одлучува по жалбата на Светската антидопинг агенција (ВАДА) која бара да биде суспендиран на најмалку еден година за допинг.
Судот од Лозана објави дека сослушувањето ќе се одржи зад затворени врати за 16 и 17 април.
Се очекува пресудата да биде изречена по забрзана постапка, пред почетокот на Ролан Гарос, кој започнува на 25 мај.
ВАДА ја оспорува минатогодишната одлука на Меѓународната агенција за интегритет во тенисот, која одлучи да не го суспендира Синер, наведувајќи дека ненамерно (случајно) се контаминацирал со забранети супстанции.
Агенцијата го прифати објаснувањето на Синер дека трагите од клостебол во неговиот допинг примерок ги предизвикал физиотарапевтот на тенисерот кој ја користел супстанцијата за време на масажа.
Спорт
(Видео) Јокиќ се врати и со Вестбрук испишаа историја
Денвер го совлада Бруклин со 124:105, во натпревар во кој Никола Јокиќ и Расел Вестбрук испишаа историја во НАБ лигата.
Јокиќ се врати во тимот на Денвер, откако поради болест пропушти два натпревари. Натпреварот го заврши со 15. трипл-дабл сезонава. Актуелниот МВП имаше 35 поени, 12 скока и 15 асистенции.
Двоцифрен во три статистички категории беше и ветеранот Вестбрук (25 поени, 11 скока и 10 асистенции).
Ова дуо по трипл-дабл забележа и пред новогодишната ноќ во Солт Лејк Сити кога Денвер ја победи Јута Џез со 132:121. Против Бруклин станаа првиот тандем соиграчи што забележал трипл-дабл на два натпревари во иста сезона.
NIKOLA JOKIC AND RUSSELL WESTBROOK ARE JUST THE 2ND TEAMMATES IN NBA HISTORY TO RECORD A TRIPLE-DOUBLE IN THE SAME GAME MULTIPLE TIMES 🔥 pic.twitter.com/sD2OYN2L52
— SpunkCenter (@SpunkCenter) January 11, 2025
Мајкл Портер Јуниор го постигна 17 поени, Џулијан Стротер додаде 12, а Кристијан Браун постигна 11 поени.
Кион Џонсон го предводеше Бруклин со 22 поени, Тајрис Мартин постигна 17, Ноа Клуни 15, а заборавениот Бен Симонс имаше десет поени и седум асистенции.
Резултати:
Индијана – Голден Стејт 108:96
Орландо – Милвоки 106:109
Филаделфија – Њу Орлеанс 115:123
Бостон – Сакраменто 97:114
Њујорк – Оклахома 101:126
Чикаго – Вашингтон 138:105
Денвер – Бруклин 124:105
Спорт
(Видео) Потер дебитираше со пораз – Астон Вила го елиминира Вест Хем од ФА купот
Астон Вила го елиминираше Вест Хем (2:1) во третото коло од англискиот ФА куп.
На „чеканите“ во Бирмингем не им помогна ниту новиот менаџер, Грем Потер, кој дебитираше на клупата.
Астон Вила триумфот го оствари по пресврт, откако Вест Хем стигна до предност со голот на Лукас Пакета во деветтата минута.
Амаду Онана израмни за домашниот тим во 71. минута, но херој на вечерта на Вила беше Морган Роџерс, кој во 76. минута го совлада Лукас Фабијански и го постави конечниот резултат.