Спорт
(Видео) Валенсија освои бод против Барселона

Foto/ EPA
Фудбалерите на Валенсија и Барселона ремизираа со Местаља (1:1), во натпреварот од 17. коло во Примера.
Каталонците уште еднаш се „лизнаа“ во првенството и ја пропуштија шансата да се доближат до водечките два тима на табелата Џирона и Реал Мадрид.
Валенсија не победи петти натпревар по ред, но во таборот на „лилјаците“ се задоволни од освоениот бод.
Валенсија, првпат по три години избегна пораз во дуел со Барселона.
Барселона и на овој натпревар создаде многу шанси, но реализацијата беше исклучително лоша.
Жоао Феликс постигна гол за предноста на Барселона во 55. минута, по одличната акција на Де Јонг и Рафиња.
Валенсија возврати во 70. минута, кога Уго Гиљамон со прекрасен удар од работ на шеснаесетникот го совлада Пења.
Барса имаше многу шанси, особено во првото полувреме, сепак ќе жали за онаа на Рафиња во финишот на натпреварот кога домашните некако ја исфрлија топката од гол линијата.
Следниот натпревар Барселона ќе го има против Алмерија, додека Валенсија ќе гостува кај Рајо Ваљекано.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гасперини се сели во Рим, по девет години ја напушта Аталанта

Џан Пјеро Гасперини (67) нема да го продолжи договорот со Аталанта. Искусниот тренер го предводи клубот од Бергамо од 2016 година. Под негово водство, тимот постојано е меѓу најдобрите во италијанскиот фудбал, редовен учесник во европските купови.
Во Серија А еднаш беа втори, три пати трети и двапати четврти. Најлошиот финиш на Аталанта под водство на Гасперини беше во сезоната 2021/22, кога беа осми. Минатата сезона беше најуспешна за нив, беа втори во италијанскиот шампионат и ја освоија Лигата на Европа.
Во тековната сезона го држи третото место на 12 кола до крајот на првенството. Заостанува два бода зад второпласираниот Наполи и три бода зад водечкиот Интер.
Единствената негативна страна е елиминацијата во осминафиналето на Лигата на шампионите против белгискиот Клуб Бриж.
Гасперини, чиј договор со Аталанта истекува во јуни следната година, во саботата потврди дека нема намера да го продолжи договорот.
Според италијанските медиуми, Гасперини од следната сезона ќе биде тренер на Рома.
Спорт
Влаховиќ чека понуда од Премиер лигата

Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ ја одбил понудата на Фенербахче бидејќи сака летово да се пресели во некој од премиерлигашките клубови, објавија денеска италијанските медиуми.
„Тутоспорт“, објави дека Фенербахче е подготвен да му понуди на Влаховиќ плата од 12 милиони евра годишно од сезоната 2025/2026, колку што моментално заработува во Јувентус, но 25-годишниот српски репрезентативец не е заинтересиран да замине во Турција.
Влаховиќ се надева дека ќе добие понуда од Премиер лигата на крајот на сезоната.
Влаховиќ не постигнал договор со Јувентус за продолжување на соработката, поради што клубот има намера да ги слушне понудите од заинтересираните клубови.
Српскиот репрезентативец е најдобар стрелец на Јувентус оваа сезона, а во неделата првпат беше стартер во Серија А во 2025 година. Го постигна единствениот гол на натпреварот.
Поранешниот играч на Партизан и Фиорентина на 31 натпревар сезонава постигна 14 гола и имаше две асистенции.
Спорт
Алкалоид против Баја Маре за полуфинале во Европскиот куп

Фото/ rkalkaloid.mk
Ракометарите на Алкал0ид по денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ го дознаа противникот во четвртфиналето на Европскиот куп.
Противник на Алкалоид ќе биде романскиот тим Баја Маре. Првиот натпревар ќе се одигра на 22/23.март во Романија, а реваншот во Скопје е планиран за 29/30.март.
Четвртфинални двојки:
Баја Маре (Романија) – Алкалоид (Македонија)
АЕК (Грција) – Партизан (Србија)
Олимпијакос (Грција) – Сандерфјорд (Норвешка)
Хаукар (Исланд) – Извиѓач (БиХ)
Доколку Алкалоид избори пласман во полуфиналето за место во финалето ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Олимпијакос и Сандерфјорд.