Спорт
(Видео) Валенсија постигна 73 поени во едно полувреме
Кошаркарите на Валенсија сезонава во Еврокупот немаат конкуренција. 11.победа во исто толку натпревари ја забележаа во дуелот со Клуж (108:80).
Валенсија постигна 73 поени во првото полувреме, соборувајќи го рекордот во Еврокупот за најмногу постигнати поени во едно полувреме.
Претходниот рекорд го држеше Локомотив Краснодар, чии кошаркари постигна 71 поен на гости кај Антверпен во сезоната 2020/21.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Влаховиќ одбил нов договор, го напушта Јувентус
Неизвесна е иднината на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ во Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.
Претходните денови беа доста турбулентни меѓу Влаховиќ и навивачите на Јувентус. Српскиот напаѓач претрпе навреди од трибините, па дури и влезе во вербална пресметка со дел од приврзаниците на „старата дама“, но работите бргу се вратија во нормала, а тој на критиките одговори на најдобар можен начин, со гол против Каљари во Купот.
Има информации за обновен интерес на Арсенал поради незадоволството од формата на Габриел Жесус и Каи Хаверц, кои не успеваат постојано да постигнуваат голови. Но, засега Влаховиќ тој ќе остане дел од „бјанконерите“.
Јувентус е подготвен да му понуди нов долгорочен договор со услов платата да му биде намалена и постепено да се намалува како што ќе напредува соработката. Тој не го прифаќа ова и би можел да замине како слободен играч во летото 2026 година, пишува „Ла Република“.
Доколку не потпише нов договор, Јувентус веројатно би сакал да заработи од неговата продажба, па ова лето може да биде клучно за неговата иднина. Јувентус за негово би барал околу 40.000.000 евра.
Спорт
Лосон воодушевен: Едвај чекам да почнам да учам од Макс
Ред Бул потврди дека наредната сезона покрај светскиот шампион Макс Ферстапен ќе вози Лијам Лосон. Ред Бул, вчера спогодбено се раздели со Мексиканецот Серхио Перез.
Откако Ред Бул објави дека Лосон е новиот возач, со коментар се огласи и возачот од Нов Зеланд.
„Ова е исполнување на сонот што го имам цел живот. Отсекогаш сум сакал да станам возач на Ред Бул и работам на тоа од мојата осумгодишна возраст“, рече Лосон.
„Сакам да му се заблагодарам на целиот тим на VCARB за поддршката, последните шест трки беа огромна подготовка за овој чекор. Исто така, сакам да им се заблагодарам на Кристијан Хорнер, Хелмут Марко и на целото семејство Ред Бул што веруваа во мене и ми ја дадоа оваа можност. Многу сум возбуден што ќе работам со Макс и што ќе можам да учам од светски шампион. Не се сомневам дека имам многу да научам. И едвај чекам да почнам“, заклучи новиот возач на Ред Бул.
Спорт
Македонија на 67 место, Аргентина најдобра во светот
Фото/ ffm.mk
Фудбалската репрезентација на Македонија го задржа 67. место на најновата ранг листа на ФИФА на најдобрите репрезентации во светот.
Македонија во изминатиот месец нема одиграно ниту еден натпревар, па нема никакви промени.
Аргентина ќе ја заврши 2024 година како најдобра на планетата. Актуелниот светски шампион и освојувач на Копа Америка го задржа првото место пред Франција и Шпанија.
Од четврто до десетто место се: Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Италија и Германија.
Од поранешна Југославија најдобро котира Хрватска која се наоѓа на 13. место.
Фудбалската репрезентација на Македонија го задржа 67. место на најновата ранг листа на ФИФА на најдобрите репрезентации во светот.
Македонија во изминатиот месец нема одиграно ниту еден натпревар, па нема никакви промени.
Аргентина ќе ја заврши 2024 година како најдобра на планетата. Актуелниот светски шампион и освојувач на Копа Америка го задржа првото место пред Франција и Шпанија.
Од четврто до десетто место се: Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Италија и Германија.
Од поранешна Југославија најдобро котира Хрватска која се наоѓа на 13. место.
How things stand in the #FIFARanking as 2024 draws to a close. 🎬
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) December 19, 2024