Спорт
(Видео) Вејд доби статуа која не личи на него
Двејн Вејд, најголемиот кошаркар во историјата на Мајами Хит, а конкуренцијата е пеколна, апсолутно заслужено доби статуа пред салата во која играше цели 15 години и за тоа време ги донесе сите три шампионски титули на Флорида.
Прашањето е дали Двејн Вејд заслужи попристојна, поубава, посоодветна статуа од оваа која стои пред центарот „Касеја“.
Судејќи по снимката, која доаѓа од другата страна на Атлантикот, и самиот не можел да поверува што гледа.
Не се ни обиде да го скрие своето неверување.
Како што пишува на посветата зад „лутиот Двејн“, овој неповторлив кошаркар му донесе шампионски титули на Мајами во 2006, 2012 и во 2013 година, беше прогласен за МВП -играч на првата финална серија, 13 пати беше избран за олстар-изборот, двапати во најдобриот тим на лигата, во 2009 година беше прв стрелец во сезоната, беше избран меѓу 75-те најдобри играчи на сите времиња, неговиот дрес со број 3 беше пензиониран во Мајами, а на сето ова мора да се додадат и олимпиското злато од Пекинг во 2008 година и бронзата од Атина во 2004 година.
Идниот жител на Куќата на славните, роден на 17 јануари 1982 година во Чикаго, ја заврши својата кариера во 2019 година.
First Look of D Wade statue! pic.twitter.com/nIAUAgQyhw
— Heat Clips 🎬 (@Demar305) October 27, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

