Спорт
(Видео) Вест Хем го шокираше Арсенал

Foto/ EPA
Арсенал му ја препушти водечката позиција на Ливерпул, откако во 19.коло загуби на домашен терен од Вест Хем со 0:2. Арсенал е втор на табелата со 40 поени, два помалку од Ливерпул, додека Вест Хем скокна на шестото место со 33 бодови.
Вест Хем втор пат сезонава забележа победа во северен Лондон. Пред еден месец победија кај Тотенхем, а вечерва славеа изненадувачка победа кај Арсенал.
Моментот кој го обележа натпреварот се случи во 13.минута кога водечкиот гол го постигна Соучек. Дури ни ВАР не можеше да „види“, дали пред да центрира Боувен топката со целиот обем ја мина гол-аут линијата.
Судбината на Арсенал ја запечати Мавропанос во 55.минута.
Победата на Вест Хем можеше да биде поубедлива, меѓутоа Бхерама не реализираше пенал во 95.минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Салах и Собослај за триумф на Ливерпул кај Манчестер сити

Фубалерите на Ливерпул направија голем чекор кон освојувањето на шампонската титула во Премиер лигата, откако во дербито славеа во Манчестер, против Сити со 0:2. Ливерпул, со натпревар од Арсенал имаа плус од 11 поени во однос на најблискиот конкурент. Сити до крајот на сезоната ќе се бори за место во топ 4, во моментот ја дели четвртата позиција со Њукасл.
Манчестер сити против најдобриот тим во Англија уште еднаш ги демонстрираше сите проблеми и недостаоци што ги има во играат оваа сезона. „Граѓаните“ го контролираа поседот, но без конкретна идеја во завршната третина од теренот.
Ливерпул на „Етихад“ уште еднаш демонстрираше моќ со својот директен фудбал. „Црвените“ постигнаа два гола, имаа уште две добри шанси и еден поништен гол поради минимален офсајд.
Двајца играчи се издвоија во победата на Ливерпул, Мохамед Салах и Доминик Собослај, со по гол и асистенција.
Слах го постигна првиот гол во 14.минута, негов 25 во Премиер лигата, а Собослај во 37.минута ја претвори во гол 16.асистенција на Египјанецот оваа сезона.
За три дена во 27.коло Манчестер сити ќе гостува кај Тотенхем, а Ливерпул ќе го пречека Њукасл.
Спорт
Кен претрпел „трауматска повреда на мозокот“

Мојзе Кен се наоѓа во болницата во Верона, од каде пристигнаа првите информации за неговата здравствена состојба.
„Фиорентина соопштува дека фудбалерот Мојзе Кен заработил трауматска повреда на мозокот (trauma cranico) на натпреварот со Верона. Фудбалерот е во болница каде се прават тестови“, се наведува во краткото соопштение на официјалниот сајт на Виола.
Трауматска повреда на мозокот е промена на функцијата на мозокот или друга евидентна мозочна патологија предизвикана од надворешна сила.
На дуелот со Верона денеска на „Бентегоди“, најдобриот стрелец на Фиорентина оваа сезона, доби силен удар со колено во главата, по што стана и се обиде да продолжи, но набрзо изгуби свест и падна на тревата.
Лекарските тимови бргу реагираа, го изнесоа фудбалерот на носилки, а потоа го транспортираа до болницата во Верона.
Спорт
(Видео) Голчиште на Модриќ, Реал лесно ја реши Џирона

Фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа Џирона (2:0) на „Сантијаго Бернабеу“ во натпревар од 25.коло на Ла Лига. На овој начин Реал одговори на вчерашните победи на Барселона и Атлетико. По 25 рунди Барселона и Реал имаат по 54, а Атлетико 53 бодови. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски за Џирна настапи од 75.минута.
Лајт мотив на овој натпревар, во кој Реал ја оправда улогата на фаворит, е голот на 39-годишниот Лука Модриќ. Во 41. минута Модриќ ја прими топката на гради, фати волеј и од 25 метри го совлада Газанига.
Играчот од средниот ред, кој во септември ќе наполни 40 години, досега има постигнато 130 гола во сениорскиот фудбал, 103 за Динамо, Тотенхем и Реал Мадрид и уште 27 за националниот тим.
Во вториот дел одлична шанса имаше Винисиус во 58. минута, топката заврши во гредата. Бразилецот малку подоцна повторно се закани, но неговиот удар заврши преку голот.
Винисиус успеа да постигне гол во 83. минута, по асистенција на Килијан Мбапе.
Џирона е во криза, ова им е седми пораз во последните осум натпревари во сите натпреварувања, тимот на Мичел го зазема само 12. место со 31 бод.