Спорт
(Видео) Винисиус диригираше, Реал ја растури Џирона

Фудбалерите на Реал Мадрид им одржаа час по фудбал на колегите од Џирона и направија голем чекор кон враќањето на шампионската титула на своите витрини.
Вечерва Реал ја победи Џирона со 4:0. Реал сега има пет поени повеќе од Џирона на челната позиција.
Избраниците на Карло Анчелоти одиграа перфектен натпревар и покрај тоа што Италијанецот имаше огромни проблеми со повредените одбрамбени фудбалери, Џирона во текот на целиот натпревар не успеа да упати ниту еден удар во рамките на голот.
Дебаклот на Џирона го најави Винисиус Жуниор со спектакуларен гол во шестата минта. Бразилецот ја криераше акцијата во 35.минута кога Белингем зголеми на 2:0.
Винисиус беше главен актер и во 54.минута кога Белингем го постигна својот втор гол на натпреварот.
Веднаш потоа, Белингем ја напушти играта поради повреда на скочниот зглоб и му го препушти местото на Брахим Дијаз.
Реал во 61. минута постигна нов гол, Ридриго центарот тргна кон голот и со удар од 16 метри го матираше Газанига, за 4:0.
Во 90. минута Реал доби пенал, но ударот на Хоселу заврши во стативата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Причард е најдобра резерва во НБА лигата

Кошаркарот на Бостон Селтикс, Пејтон Причард е прогласен за најдобар шести играч во НБА лигата.
Споменатата награда се доделува на кошаркарот кој дава најголем придонес од клупата. Очекувано, Причард славеше пред Малик Бисли од Детроит и Тај Џером од Кливленд.
Бекот на франшизата од Масачусетс имаше просек од 14,3 поени, со 40 отсто реализција во шутот за три поени, што е и негово главно оружје. Во регуларниот дел погоди 255 тројки.
Во лигата е од 2020 година, кога Селтикси го избраа како 26-ти пик во првата рунда на драфтот, а студираше на универзитетот Орегон.
Спорт
(Видео) Лејкерси израмнија, сигурени победи на Оклахома и Индијана

Лос Анџелес Лејкерс изедначија на 1:1 во серијата против Минесота, додека Оклахома и Индијана победија на вторите мечеви против Мемфис и Милвоки. Тоа е епилогот од натпреварите одиграни во НБА плеј-офот ноќта меѓу вторник и среда.
Предводени од Лука Дончиќ, Лејкерси одиграа одлична прва четвртина. Овој дел од натпреварот го решија во своја полза 34:15. Потоа без проблем ја одржауваа предноста и на крајот победија со 94:85.
Дончиќ ги предводеше Лејкерси, му недостигаше асистенцијата за трипл дабл. Тој забележа 31 поен, 12 скока и девет асистенции. Се истакна и Леброн Џејмс со 21 поен, 11 скока и седум асистенции.
На Минесота не и помогнаа многу 27 поени на Џулиус Рендл, додека најдобриот играч на тимот од Минеаполис, Ентони Едвардс застана на 25 поени.
Јанис Адетокумбо блеска во плеј-офот, но во првите два меча неговиот Милвоки не и се закани сериозно на Индијана. Вториот дуел на домашен терен Пејсерс го добија со 123:115.
Во првата четвртина Пејсерс имаа 15 поени предност. Бакс успеаја да стигнат до минус 4 пред крајот на полувремето, но на голема пауза се заминаа со плус осум за Индијана.
Милвоки не се предаваше, во еден момент во самиот финиш стигна и до 115:113, но следеа две врзани тројки на Индијана, кои го решија прашањето на победникот. Сијакам со 24 и Халибартон со 21 поен беа најдобри во редовите на Пејсерси.
Брилијантниот Адетокумбо застана на 34 поени, 18 скока и седум асистенции, а го следеше Портис со 28 поени и 12 скока.
Оклахома и Мемфис ја играат најнеинтересната серија во првото коло од плеј-офот досега. Откако го добија првиот меч со 50 разлика, Тандер лесно ги совладаа Гризлис во вториот меч и победија со 118:99.
Шеј Гилџес-Александар премногу солираше, погоди само 10 од 29 шута и стигна до 27 поени и осум скока. Џејлен Вилијамс броеше до 24. Џексон беше најрасположен во тимот од Тенеси со 26 поени и шест скока.
Спорт
Барселона ја одреди цената за најдобриот играч

Барселона, доколку добие вистинска понуда, во летниот преоден рок ќе го продаде својот најдобра фудбалер оваа сезона. Рафиња ја игра најдобрата сезона во кариерата на 48 натпревари постигна дури 30 гола и додаде уште 23 асистенции.
Рафиња беше на продажба минатото лето, но тој реши да остане во Барселона и не згреши. Тој е легитимен кандидат за „Златната топка“ која му се доделува на најдобриот фудбалер во светот.
Поради тоа изненадувачка е одлуката на претседателот Џоан Лапорта и спортскиот директор Деко, да го продадат Бразилецот кој има договор до јуни 2027 година.
Според шпанските медиуми Рафиња може да замине доколку некој понуди 85 милиони евра. Според шпекулациите за него се заинтересирани Арсенал, Челси и Ливерпул.