Спорт
(Видео) Во Норвешка играчот на натпреварот доби печено прасе

Екипата на Брин, која по подолг период се врати во друштвото на најдобрите, продолжува да ја воодушевува јавноста.
Клубот продолжи да дели интересни награди за играч на натпреварот. Најпрвин на мечот против Боде/Глимт играчот на натпреварот доби голема количина на јајца, а сега отидоа чекор понатаму.
Брин славеше во натпреварот од Купот на Норвешка совладувајќи го петтолигашот Верхуг со 4:0
Играчот на тој натпревар Хина Асен Ларсен за награда доби печено прасе тешко 23 килограми.
Да потсетиме, во овој клуб кариерата ја започна и Ерлинг Халанд.
🚨• Bizarre scenes in the 1st round of the Norwegian cup between 5th tier side Varhaug and top flight team Bryne
• MOTM was given a 23kg pig as a prize😳 pic.twitter.com/V86ijGpb8Q
— Martin Bjerke🇳🇴 (@NorwegianSpursy) April 13, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Интер без Павар против Барселона

Фудбалерот на Интер, Бенжаман Павард, ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона поради повреда на левиот глужд, објавија италијанските медиуми.
Павар се повреди во неделата за време на првенствениот натпревар против Рома (0:1) и нема да патува за Шпанија, објавија „Газета дело Спорт“ и „Скај Италија“.
Францускиот фудбалер се повреди при дуел со противнички играч. Откако доби помош, тој се обиде да ја продолжи играта, но набрзо мораше да го напушти теренот.
Италијанските медиуми објавија дека Маркус Тирам, кој ги пропушти последните три натпревари поради повреда на мускулот, би можел да се врати во тимот на Интер.
Во последните осум дена, Интер претрпе три порази, во првенството против Болоња (0:1) и Рома (0:1) и во реваншот од полуфиналето на Купот против Милан (0:3).
До минатата недела, Интер беше во трка за тројната круна, но по елиминацијата од Купот, тоа веќе не е можно.
Тимот се бори за два трофеи, во Лигата на шампионите и во Серија А, во која, по два последователни порази, падна на второто место на табелата со 71 бод, три помалку од водечкиот Наполи.
Првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Интер и Барселона ќе се игра во вторник од 21:00 часот во Шпанија.
Во второто полуфинале, во вторник во Лондон, Арсенал го пречекува Пари Сен Жермен во 21:00 часот.
Спорт
Сака ќе го продолжи договорот со Арсенал

Букајо Сака ќе ја продолжи соработката со Арсенал во следните неколку дена.
Најголемата ѕвезда на тимот од Лондон се согласи да потпише нов договор со тимот за кој игра практично целиот свој живот.
Се очекува веста наскоро да биде официјализирана, како и финансиските детали и време траењето на новиот договор.
Сака е во Арсенал од 2008 година, а потпиша професионален договор во 2018 година. Досега има одиграно 257 натпревари за „топџиите“.
Оваа сезона, тој има можност да го одведе Арсенал до финалето на Лигата на шампионите за прв пат од 2006 година.
Спорт
Реал подготвува церемонија за збогување и нова улога за Анчелоти

Најтрофејниот тренер на Реал Мадрид во неговата историја, Карло Анчелоти, ќе ја напушти позицијата ова лето, а „кралскиот клуб“ одлучи достоинствено да се збогува.
Анчелоти ќе го напушти клубот една година пред истекот на договорот, а раководството на клубот одлучи да му ги исплати сите плати што му следуваат според договорот, без оглед на тоа што нема да работи.
Во исто време, тој потоа ќе стане почесен амбасадор на клубот, иако најверојатно ќе стане селектор на бразилската фудбалска репрезентација.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, сака да се раздели со Анчелоти на најубав можен начин, без никаква дамка, како што беше случајот претходно при разделбата на некои клупски легенди.
Перез планира да му приреди на италијанскиот тренер посебна церемонија за време на последниот натпревар од сезоната против Реал Сосиедад, кога треба да му биде одадено признание за сите трофеи што ги освоил и неговиот придонес за клубот.