Спорт
(Видео) Жестока тепачка меѓу навивачите на Челси и Бетис
Навивачите на Челзи и Реал Бетис се судрија пред финалето на Конференциската лига во Вроцлав, што предизвика интервенција на полската полиција која употреби солзавец.
Судирите избувнаа пред баровите, каде што навивачите фрлаа столчиња и други предмети, а насилството ескалираше до тој степен што полицијата мораше да реагира за да спречи понатамошни нарушувања на јавниот ред и мир.
Во Вроцлав има зголемено присуство на полицијата на местата каде што се собираат навивачи, а одделот за криминал спроведува активности за идентификување на учесниците во инцидентите.
Во полициското соопштение се наведува дека бројот на превентивни и оперативни сили на улиците е толку голем што секој може да се чувствува безбедно. Полициските активности вклучуваат пешачки патроли, надзор со беспилотни летала и хеликоптери и зголемени интервенции на клучните локации и градските улици.
Te gastas la pasta en ir a ver a tu club jugar una final.
Te guantean 2 de tu mismo equipo ante la mirada de 2 ingleses cerveza en mano.
Acaban deteniendo a uno.❌ No tiene sentido lo que está pasando en las calles de Breslavia entre aficionados de Betis y Chelsea. pic.twitter.com/JPiB3apzN8
— GRADA B pro (@GradaBpro) May 27, 2025
Овие мерки беа преземени за да се спречат понатамошни судири и да се обезбеди безбедност за време на финалниот натпревар од Конференциската лига.
Заедно со полицијата, пожарникарите и спасувачите се подготвени да интервенираат на теренот, особено во областите на стадионот.
Финалниот натпревар во Конференциската лига ќе се игра вечерва од 21 часот во Вроцлав на стадионот „Турчински“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Слот: Поредата на Вирц е удар за него и за клубот
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, пред натпреварот со Вест Хем изјави дека десниот бек Џереми Фримпонг е подготвен да се врати на теренот по едномесечна пауза, но дека натпреварот ќе го пропушти Флоријан Вирц.
Шампионот на Англија ги пречекува „Чеканите“ во натпреварот од 28-то коло од Премиер лигата, кој ќе се игра на „Енфилд“ попладнево од 16 часот.
Фримпонг, последниот натпревар го одигра на против Карабаг на 28 јануари.
„Џереми ќе биде во конкуренција за Вест Хем. Тој тренираше со нас неколку пати оваа недела и ќе биде во ростерот. Не очекувам Флоријан да биде во тимот, што секако е разочарување“, рече Слот, додавајќи:
„Секој пат кога некој играч не е достапен, тоа е разочарување, а ова е нешто што не го очекував по минатата недела. Сепак, понекогаш работите се развиваат на таков начин и, за жал, овој пат не на позитивен начин.“
Тренерот на Ливерпул нагласи дека не е јасно кога точно репрезентативецот на Германија би можел повторно да игра.
Фото/ depositphotos
Спорт
Започна сезоната во Мото ГП – Спринтот во Тајланд му припадна на Акоста
Возачот на КТМ рејсинг, Педро Акоста, ја забележа првата победа во кариерата, откако славеше во спринтот за Големата награда на Тајланд, со кој започна годинашниот шампионат во Мото ГП.
Шпанецот триумфираше по неверојатна битка со актуелниот шампион, Марк Маркез што траеше неколку круга. Актуелниот шампион беше подобар во нивниот дуел, но во моментот кога успеа да го мине ривалот, имаше контакт меѓу нив двајца, поради што му беше наредено да ја врати позицијата, што и го направи, а потоа немаше шанса да возврати.
На двајцата на подиумот им се придружи Раул Фернандес од Тракхаус, а трката беше обележана и со падот на освојувачот на пол-позицијата, Марко Бецеки.
Извиредниот спринт за Трехаус ја комплетира Аи Огура. јапонецот трката ја заврши на четвртото место, беше подобра од шампионот од пред две сезони, Хорхе Мартин на Априлија.
Големата награда на Тајланд во кралската класа започнува во недела во 9 часот наутро, а акцијата во Бурирам започнува во 6 часот наутро со првата трка во сезоната во категоријата Мото3.
Спорт
Чоло Симеоне сака да го види синот на Дејан Станковиќ во Атлетико
Александар Станковиќ е еден од најбараните млади фудбалери во Европа, по Борусија Дортмунд, интерес за српскиот играч од средниот ред покажа и Атлетико Мадрид.
Како што стојат работите сега, Клуб Бриж би можел да заработи огромна сума пари од продажбата на 20-годишниот фудбалер кого го доведоа од Интер на почетокот на сезоната за 9,5 милиони евра.
Нероаѕурите имаат клаузула што им овозможува да го откупат назад својот поранешен играч, се шпекулира дека цента за Интер е околу 23 милиони евра, но цената на Станковиќ постојано расте и веќе достигна 40 милиони евра.
Шпанското радио „Марка“, објави дека тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, побарал од спортскиот директор, Матеу Алемани, да почне да работи на трансферот на Станковиќ.
Тренерот на Алетико, во кариерата беше соиграч со таткото на Александар Станковиќ во Лацио. Квалитетите на синот на актуелниот тренер на Црвена звезда, Аргентинецот можеше да ги види неодамна кога Атлетико и Бриж играа во плејофот од Лигата на шампионите.
Александар Станковиќ постигна седум гола и пет асистенции на 41 натпревар за Бриж оваа сезона.
Минатата година против Латвија тој го имаше дебито во репрезентацијата на Србија.

