Спорт
Виландер: Ѓоковиќ е гласот на „малиот човек“

Славниот шведски тенисер, Матс Виландер, застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ, кој бара промени во светскиот тенис, односно бара повеќе пари од наградните фондови да одат кај играчите кои се рангирани под 100.место на АТП листата.
Виландер, кој во кариерата освоил седум Гренд слем титули, рекол дека она што Ѓоковиќ е гласот на „малиот човек“.
Поради своите заложби и барања, Ѓоковиќ, изминатите месеци често е критикуван во јавноста.
„Она што сега го прави Новак, во минатото, во седумдесеттите години од минатиот век, го правеше Артур Еш. Поради Еш, тогаш не беа среќни ниту во АТП, ниту Џими Конорс. До крајот на осумдесеттите години од минатиот век, од Гранд при турнејата се префрливме на АТП турнејата, а тенисерите во 1990 година заработија дупло повеќе пари него во годината претходно“, рекол Виландер.
„Новак се обидува да започне нешто ново, тој се обидува да биде гласот на „малиот човек“. Секоја чест, бидејќи знае дека луѓето ќе имаат различни мислења, околу иницијативата на светскиот број 1. Некој мора да биде гласот на „малиот човек“. Верувам дека Новак прави вистинска работа за „малите луѓе“ и за играчите кои треба да добијат нешто повеќе пари од наградните фондови“, заклучил Виландер, кој во светот на тенисот е познат како еден од најголемите критичари на Ѓоковиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барса со „чуден“ триумф над Басконија до 20 победи во Евролигата

Барселона ја заврши неделата на совршен начин, совладувајќи го шпанскиот ривал Басконија со 71:57 во 28. коло во Евролигата, со што стана првиот клуб кој стигнал до 20 победи оваа сезона.
По чудниот 25:4 старт за домаќините, Басконија врати во уште полуда втора четвртина, за во третата четвртина дури и да поведе. Но, Никола Миротиќ беше на место, и во клучните моменти го врати водството ан Барса за да заврши со 18 поени и 10 скока.
Кори Хигинс имаше 13 поени, Адам Ханга додаде 9, додека кај тимот на Душко Ивановиќ, Јусуфа Фал беше најдобар со 12 поени.
Фенербахче, пак, стигна до петтата победа во низа на гости, откако со 90:86 триумфираше кај Асвел Лион, предводени од Нандо де Коло и неговите 24 поени. Олимпијакос, пак, со 94:79 ја победи Црвена звезда за прва евролигашка победа по два месеци.
ЕВРОЛИГА, 28.КОЛО
Химки – Алба Берлин 81:100 (25:20, 22:21, 20:27, 14:32)
Жалгирис – Армани Милано 64:69 (13:19, 19:15, 13:16, 19:19)
Олимпијакос – Црвена звезда 94:79 (30:19, 23:29, 22:19, 19:12)
Асвел Лион – Фенербахче 86:90 (18:20, 20:20, 22:19, 26:31)
Барселона – Басконија 71:57 (25:4, 8:22, 17:19, 21:12)
Спорт
Како идејата на Венгер за офсајди може да го смени фудбалот засекогаш

Револуционерната идеја на поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер за менување на правилата за офсајд е презентирана пред ФИФА, и тие се подготвени да ја тестираат, во потег кој може да донесе огромна трансформација на модерниот фудбал.
Венгер, откако ги одби сите понуди да стане тренер или спортски директор во некој голем клуб, почна да работи како шеф за глобален развој на фудбалот на ФИФА и подолго време лобира за промена на офсајд правилата.
Што е идејата на Французинот? Многу едноставно – тој би сакал да нема офсајд додека напаѓачот со било кој дел од телото кој може да го искористи да постигне гол е израмнет со претпоследниот противник.
Според „Тајмс“, правилото ќе биде тестирано во засега неименувана кинеска лига со можност да се применува глобално во блиска иднина. Како би изгледало тоа? Примерот на Рахим Стерлинг на следната фотографија покажува дека тој не би бил во офсајд, бидејќи неговата петица е израмнета со Џон Мекгин. Според сегашните правила, ова дефинитивно би било офсајд
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино е отпимист.
„Кога се работи за офсајдот, со менување на играта, со брзината на играта и со воведување на ВАР, јасно е кога е офсајд или не. Без ВАР, судиите сами го одлучуваа тоа. Со новото правило би виделе малку повеќе напаѓачки фудбал. Со предлогот на Венгер, напаѓачите ќе имаат повеќе простор и ќе се фаворизира напаѓачки фудбал. Прво мора да се тестира и да се види влијанието на играта. Ако е позитивно, тогаш зошто да не?“, вели Инфантино.
Спорт
Франко: Сопругата не ми веруваше дека го возев Ибра

Околу кариерата на Златан Ибрахимовиќ има испреплетено толку многу митови, анегдоти, чудни работи, необјаснети работи, така што настапот на музичкиот фестивал Санремо можеби беше само една од епизодите. Но, начинот на кој стигна таму, повторно носи една приказна во која би било тешко да се поверува доколку немаше докази.
Ибрахимовиќ пееше заедно со тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ на славниот фестивал, но за малку немаше да стигне таму – сообраќајот од Милано до Санремо бил толку густ, што Златан последните 60 километри ги поминал на мотоцикл со еден локален возач, инаку страстен навивач на Милан.
„По три часа во колата, му кажав на возачот да ме пушти, сопрев еден мотоциклист и го прашав дали ќе ме однесе до Санремо. Знам дека звучи неверојатно, и затоа снимив видео, бидејќи немаше да ми верувате“, изјави Златан.
„Радио Монте Карло“ го пронајде мотоциклистот, кој се идентификуваше само како Франко.
„Се враќав дома, и додека бев во гужвата, видов црно комбе. Имаше двајца внатре и еден личеше на Ибрахимовиќ. Си реков, ова мора да е Ибра. Возачот го спушти прозорецот и ме праша: ‘Ибра прашува дали може да го однесеш до Санремо’. Секако! Имав резервна кацига под седиште. Се јавив на сопругата и не ми веруваше дека ќе го возам Ибрахимовиќ. Тој дури сакаше да вози самиот, но јас му кажав дека јас сум возачот. Ми кажа дека ќе ми прати дрес бидејќи сум навивач на Милан“, открива Франко.
60 km in moto per raggiungere @SanremoRai: la clip è su #RaiPlay ➡️https://t.co/YmmduZpfTp
⚡️Il video di @Ibra_official ⤵️#Sanremo2021 @RaiUno pic.twitter.com/l1HHkJ4Fq1— Ufficio Stampa Rai (@Raiofficialnews) March 4, 2021
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“