Спорт
Вилдоса мора да и плати на Басконија 1.000.000 евра

Аргентинскиот кошаркар Лука Вилдоса ќе мора да и плати на Басконија еден милион евра, пресуди судот во Виторија. Причината е начинот на кој Вилдоса се врати во Евролигата, откако претходно еднострано го раскина договорот со Басконија за да земина во НБА лигата.
Аргентинскиот кошаркар имал обврска да се врати во Басконија доколку ја напушти НБА лигата. Сепак тој ги прекрши договорот и лани и се приклучи на Црвена звезда,
Басконија, како што се наведува во соопштението, од Врховниот суд на Баскија ќе бара уште милион евра, согласно договорот.
Вилдоса потпиша договор со Њујорк Никс во мај 2021 година, но во октомври доби отказ. Успеа да одигра само два натпревари за Њујорк од летната лига.
Во април 2022 година, тој потпиша двегодишен договор со Милвоки Бакс и дебитираше за оваа франшиза во плејофот против Чикаго Булс.
Бакс го отпуштија во јули истата година, па Аргентинецот во октомври потпиша двегодишен договор со Црвена Звезда, за која настапуваше до минатото лето, кога се пресели во Панатинаикос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ла Лига му ја потврди суспензијата на Ханси Флик

Барселона, в недела во Мадрид, во најголемото дерби на панскиот фудбал ќе биде без тренерот Ханси Флик.
Германецот доби црвен картон, во неделата, во драматичната победа над Џирона (2:1). Клубот веднаш поднесе жалба со образложение дека тренерот бил престрого исклучен.
Сепак, Ла Лига ја одби жалбата и потврди дека Ханси Флик нема да множе да биде со својот тим на теренот.
Каталонски извори пишуваат дека Барселона ќе се обиде да поднесе уште една жалба, бидејќи клубот сè уште смета дека Германецот бил исклучен премногу строго, но малкумина веруваат дека Ла Лига ќе ја промени својата одлука.
Натпреварот Реал Мадрид – Барселона е закажан за недела во 16.15 часот.
Спорт
Роман Абрамович подготвен да го купи Галатасарај

Поранешниот сопственик на Челзи, рускиот милијардер Роман Абрамович, планира да се врати во европскиот фудбал со купување на турскиот гигант Галатасарај, тврдат објавуваат турските медиуми.
Според весникот „Создзу“, Абрамович е во напредни преговори за преземање на поголемиот дел од акциите на истанбулскиот клуб, а наводно веќе купил луксузна вила во Истанбул, што дополнително ги разгорува шпекулациите. Сепак, за реализација на оваа купопродажба, ќе му треба дозвола од турските власти.
Абрамович го презеде Челзи во 2003 година и оттогаш го водеше клубот до нивниот најголем успех досега, вклучувајќи две титули во Лигата на шампионите, две Лиги на Европа и пет титули во англиската Премиер лига. Тој го продаде клубот во 2022 година по санкциите воведени поради војната во Украина.
Поради сегашните ограничувања за руските сопственици во повеќето европски национални шампионати, Турција се појавува како логичен избор за неговото враќање, а Галатасарај, актуелниот шампион, е најзначајното име.
Галатасарај ја отвори сезоната со девет победи во 11 натпревари, а во третото коло од Лигата на шампионите вечерва во 18:45 часот го пречекува норвешкиот Боде/Глимт.
Историски гледано, Галатасарај го освои Купот на УЕФА во 2000 година и Суперкупот на УЕФА истата година, а нивниот најголем успех во Лигата на шампионите е забележан во 2013 година со пласман во четвртфиналето.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Фудбалските академии на Динамо, Црвена звезда и Партизан меѓу најдобрите во светот

Фудбалската опсерваторија (CIES) од Швајцарија се етаблираше во последните години како релевантна институција за бројни анализи на трендовите во светскиот фудбал. Редовно објавува нови интересни податоци.
Денешната анализа се однесува на квалитетот на фудбалските академи низ целиот свет.
За разлика од некои претходни анализи, беа земени предвид различни фактори: колку играчи од фудбалската школа, денес играат во 49-те најдобри лиги на планетата, потоа колку минути минуваат на теренот, а секоја лига има индекс, не сите се третирани подеднакво. На крајот се добива просечен резултат, според кој се рангираат клубовите.
На листата на Швајцарскиот фудбалски инситут високо се рангирани академиите на великаните од просторите на поранешна Југославија: Динамо, Црвена звезда и Партизан. Најторфејниот хрватски клуб е на седмото, а школите на белградските клубови се рангирани на 11-то и 20-то место.
Бенфика е на првото место, по неа следуваат Барселона, Ривер Плата, Ајакс, Бока Јуниорс, Спортинг, Динамо Загреб, Дефенсор (Уругвај), Реал Мадрид и Велез Сарсфилд се меѓу првите десет.
Помеѓу Црвена звезда и Партизан се Сао Паоло, Динамо Киев, Коринтијанс, Фламенго, Сан Лоренцо, Национал, Палмеирас и Пари Сен Жермен.