Спорт
Вилјареал го кани Ракитиќ – добредојден си кај нас

Претседател на Вилјареал Фернандо Роиг упаатил отворен повик до Иван Ракитиќ да го облече дресот на „жолтата подморница“.
Ракитиќ се подготвува да ја напушти Барселона, ова го тврдат каталонските медиуми. ој досега се поврзуваше Јувентус, Интер, Милан и Наполи во Италија, Тотенхем во Англија, односно Атлетико Мадрид во Шпанија.
„Ми се допаѓа како фудбалер. Доколку сака да дојде во Вилјареал ние со задоволство ќе го примиме во нашиот клуб“, рекол Роиг во интервју за „Ел Партидазо де КОПЕ“.
Сепак прашање е дали Вилјарел се подготвени да издвојат околу 20 милиони евра колку што се претпоставува дека Барселона ќе побара за него.
Ракитиќ е член на Барселона од 2014 година. Во кариерата играл и во Базел, Шалке и Севилја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рома подготвува нов договор за Раниери

Доаѓањето на Клаудио Раниери на клупата на Рома го прероди тимот од италијанската престолнина.
Од доаѓањето на искусниот 73-годишен стручњак, Волчица освои 30 бода и сериозно се доближи до лидерската позиција во Европа во Серија А.
Рома е и во осминафиналето на Лига Европа и не е изненадување што навивачите се воодушевени од настапите на тимот под водство на Раниери.
Договорот со челниците на клубот беше Клаудио да биде само на клупата до крајот на оваа сезона. Сепак, Рома веќе се подготвува да му понуди договор за сезоната 2025/26. Сега се чека зборот на Раниери.
Спорт
Интер без Димарко против Феенорд

Играчот на Интер, Федерико Димарко ќе го пропушти претстојниот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Феенорд поради повреда на бутниот мускул.
Димарко се повреди во саботата на натпреварот против Наполи (1:1) и го напушти теренот на почетокот на вториот дел. Тј го постигна голот за Интер за водство во 22. минута со слободен удар.
Димарко оваа сезона во Серија А постигна четири гола и имаше пет асистенции.
Италијанските медиуми објавија дека 27-годишниот фудбалер би можел да отсуствува околу три недели и најверојатно ќе се врати на терените по репрезентативната пауза.
Покрај натпреварот против Феенорд во среда во Лигата на шампионите, Димарко ќе ги пропушти и првенствените натпревари против Монца и Аталанта.
Спорт
Хамилтон го откри својот автомобил од соништата, вреди седум милиони евра.

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, во февруари минатата година ја објави својата одлука да го напушти Мерцедес по 12 години соработка и да ја продолжи кариерата во Ферари.
40-годишниот Британец, кој со Мерцедес освои шест светски шампионати по првата титула со Мекларен, се натпреварува во Формула 1 од 2007 година.
Хамилтон возењето за Ферари во Формула 1 го опиша како остварување на детскиот сон, а со славниот тим потпиша повеќегодишен договор со плата од околу 50 милиони евра по сезона.
Зборувајќи за „Тајм“, Хамилтон ја сподели својата љубов кон „Ферари 250 ГТ Калифорнија Спајдер“, легендарниот кабриолет кој има култен статус. Замислувајќи го го својот идеален живот по тркањето, Хамилтон рече: „Тоа е ултимативен автомобил за пензионирање“.
Тој рече дека се замислува себеси како вози по автопатот Пацифик Коуст со неговиот булдог Роско: „Можам да се замислам себеси со Роско, него го замислувам со шал и очилата како седи на предното седиште“.
„Ферари 250 ГТ Калифорнија Спајдер“, произведен помеѓу 1957 и 1963 година, е еден од најпочитуваните модели на Ферари. Дизајниран од Серџо Скалети, неговата комбинација на В12 мотор, неверојатни линии и тркачко педигре го направија симбол на автомобилскиот луксуз.
Во светот беа произведени само 106 примероци. На аукција во 2015 година, автомобилот што некогаш му припаѓал на Ален Делон бил продаден за 18,5 милиони долари, што денес, по прилагодувањето на инфлацијата, би изнесувало околу 24,8 милиони долари.
Во моментов Classic.com ја проценува просечната вредност на овој автомобил на околу седум милиони долари.