Спорт
Вилјареал го загуби Кокелан до крајот на сезоната

Шпанскиот прволигаш Вилјареал доби голем удар за продолжението од сезоната. На натпреварот против Барселона, во дуел со Франк Кеси, со тешка повреда се здоби Френсис Кокелан.
По деталните лекарски прегледи, денеска пристигнаа најлошите прогнози. Тој ќе отсуствува меѓу шест и осум месеци, што значи дека нема да се врати до почетокот на следната сезона.
Ова ќе биде голем удар за Кике Сетиен во продолжението на борбата за место во Лигата на шампионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милинковиќ-Савиќ ќе се врати во Италија?

Сергеј Милинквоиќ-Савиќ, поранешна ѕвезда на Лацио, би можел да се врати во Италија.
Фудбалерот од средниот ред на Ал Хилал се пресели во Саудиска Арабија пред две години, а претходно играше за Лацио осум години. Сепак, неговата дестинација нема да биде Рим, туку Торино.
Според медиумите во Италија, Игор Тудор се пожалил на недостатокот на играчи во средниот ред, а раководството на „старата дама“ го гледа Сергеј како идеално решение.
Од друга страна, постои интерес и кај поранешниот играч на Војводина и Генк да се врати во Европа. Милинковиќ-Савиќ на тој начин би станал третиот Србин во тимот на Јувентус, покрај Душан Влаховиќ и Филип Костиќ.
Ова не е прв пат Јувентус да покажува интерес за српскиот играч од средниот ред. „Старата дама“ се обиде да го доведе неколку пати додека беше играч на Лацио, но не успеа.
Во Италија, Милинковиќ-Савиќ има добри бројки. Одигра 341 натпревар, постигна 69 гола и додаде уште 58 асистенции. Во Ал Хилал, тој собра 100 натпревари за две години со 29 гола и 25 асистенции.
Foto/ X
Спорт
Жестоки критики кон Винисиус: Има лош став, а клубот го поддржа кога сите беа против него

Поранешниот фудбалер, тренер и спортски директор на Реал Мадрид, Хорхе Валдано, зборуваше за шпанска телевизија за Винисиус Жуниор, кој веќе некое време не е на највисоко ниво.
Винисиус не го криеше незадоволството, кога во 70-та минута, беше заменет на натпреварот против Еспањол.
Валдано истакнува дека, пред сè, мора да го подигне своето ниво, а потоа да го убеди тренерот дека може да игра, а потоа рече: „Ваквите ставови изразени јавно не се здрави. Тие не се здрави во никој случај.“
Тој имаше слабо Светско клупско првенство, а оваа сезона влезе со два гола и две асистенции на пет натпревари.
„Винисиус е човек на кого Реал Мадрид му даде голема поддршка. Се бореше против целиот свет. Луѓето, па дури и клубот, помеѓу светот и Винисиус, застанаа на страната на Винисиус. Но, сега се поставува уште едно прашање. Винисиус повеќе не е лут на светот, сега е лут на сопствениот тренер, а луѓето во Реал Мадрид отсекогаш го ставале клубот пред играчот.
Затоа треба да биде малку повнимателен, бидејќи ваквите гестови содржат и доза на непочитување кон играчот кој треба да влезе на теренот“, рече тој.
Винисиус има договор до 2027 година и како што стојат работите неговата иднина во Реал е неизвесна.
Спорт
Чус Матео е новиот селектор на Шпанија

Шпанската кошаркарска федерација го назначи Чус Матео за нов селектор на „црвената фурија“.
Поранешниот тренер на Реал Мадрид со тоа го наследи новиот шеф на „кралскиот тим“, Серхио Скариоло, кој беше на чело на националниот тим повеќе од десет години.
Шпанија доживеа вистински колапс на последното Европско првенство, каде што го завршија натпреварувањето веќе во групната фаза.
Една од најтрофејните репрезентации во Европа минува низ генерациска смена, пред сè поради заминувањето на некои важни играчи од тимот, па сега ‘рбетот на тимот го сочинуваат помлади играчи.
Матео се приклучува на шпанската репрезентација по две сезони поминати во тимот на Реал Мадрид, со кој успеа да ја освои Евролигата.
Фото/ Принтскрин