Спорт
Виљареал се надева на чудо против Ливерпул
Вечерва ќе биде познат првиот финалист во Лигата на шампионите. Виљареал ќе го пречека Ливерпул, кој по првиот меч има предност од 2:0.
Виљареал, во претходните две рунди, успеа да ги елиминира Јувентус и Баерн Минхен, се надева дека може да направи чудо против Ливерпул.
Тренерот Унаи Емери се надева дека најдобриот играч Џерард Морено ќе може да му помогне на тимот. Морено поради повреда не играше на „Енфилд“.
„Пред нас е историски момент. Играме добро кога сме домаќини. Се надевам дека против Ливерпул ќе го одиграме најдобриот меч оваа сезона и дека ќе се пласираме во финалето“, рекол Емери.
Минатиот викенд, Виљареал доживеа пораз од Алавес. Емери одмори осум играчи од оние што настапија во Ливерпул.
За разлика од него, Јирген Клоп, против Њукалс играше без петмина стандардни фудбалери. Салах, Фабињо и Алкантара играа 25 минути во второто полувреме.
„Знаме дека е завршено првото полувреме. Мораме да ја игнорираме предноста која ја стекнавме на домашен терен. Ќе биде тешко во реваншот и тоа во ред, сепак ова е полуфинале во ЛШ. Играме против одличен тим, никогаш не можете да знаете што се може да се случи во вакви натпревари“, изјавил тренерот на Ливерпул.
Натпреварот во Виљареал ќе започне во 21 часот. Победникот, во финалето на 28.мај, ќе игра против подобриот од утреѓната пресметка помеѓу Реал и Манчестер сити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Марко Ројс со гол се прости од „Вестфален“
Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс постигна гол на својот последен натпревар за „милионерите“ во Бундеслигата.
Тимот од „Вестфален“, го пречека тимот од Дармштад кој одамна испадна од Бундес лигата и славеше со 4:0.
Ројс не можеше да има подобро збогување од навивачите. го постигна вториот гол во 18.минута.
Марко Ројс својот последен меч за Борусија Дортмунд ќе го одигра на „Вембли“, кога „милионерите“ во финалето на Лигата на шампионите ќе се сретнат со Реал Мадрид.
MARCO REUS https://t.co/v1V07JgTsH pic.twitter.com/tuK5kmytzp
— MUFTI MESSI🇰🇲 (@FahadPulga) May 18, 2024
Спорт
Де Зерби заминува од Брајтон
Италијанскиот тренер Роберто де Зерби (44) ќе го напушти Брајтон на крајот од актуелната сезона, потврдија од клубот.
Де Зерби ќе се прости од навивачите на неделниот натпревар помеѓу Брајтон и Манчестер јунајтед.
Италијанецот го предводеше Брајтон од средината на септември 2022 година.
Ќе биде интересно да се види каде Де Зерби ќе ја продолжи кариерата. Медумите тврдат дека заминува бидејќи има понуда од некој поголем, посилен и поамбициозен клуб.
Спорт
(Видео) Баер без пораз ја заврши сезоната, дебакл на Баерн Минхен, Унион Берлин се спаси од испаѓање
Заврши сезоната 2023/2024 во Бундес лигата. Последното 34. коло го даде конечниот одговор на сите непознати. Најдраматично беше во борбата за опстанок, покрај Дармштад од лигата испадна Келн, а Бохум ќе игра бараж за опстанок против Фортуна Диселдорф. Унион Берлин на волшебен начин се спаси, победи против Фрајбург со 2:1 и покрај тоа што голманот на Франјбург одбрани два пенали. На табелата зад Баер Леверкузен заврши Штутгарт, а Баерн Минхен лошата сезона ја заврши со пораз кај Хофенхајм.
Унион Берлин сезонава играше во Лигата на шампионите, а во Бундес лигата едвај се спаси од испаѓање. Со победата над Фрајбург од 2:1, Унион го избегна баражот за опстанок. Фрајбург со овој пораз остана без место во европските купови и тажно се прости од тренерот Кристијан Штрајх (тој беше тренер на првиот тим од 2011 година).
Унион промаши два пенали но по вториот (го изведе Фоланд во 90+3. минута), Јаник Хаберер налета на топката трча и го постигна голот за опстанок.
Новиот шампион Баер Леверкузен ја заврши сезоната во голем стил, без ниту еден пораз. „Фармацевтите“ го пречекааа Аугсбург и победија со 2:1. Тоа беше 28-та победа во една незаборавна сезона, со шест ремија за тимот на Чаби Алонсо.
Финалистот во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд, убедливо го совлада одамна отпишаниот Дармштад, а капитенот Марко Ројс го постигна прошталниот гол на „Вестфален“.
.
И Штутгарт одигра сезона за паметење. „Швабите“ убедливо славеа над Борусија Менхенгладбах (4:0). Два гола постигна фантастичниот Гираси.
Баерн и во последното коло ги разочата своите навивачи и покрај тоа што кај Хофенхајм по само шест минути водеше со 0:2.
Баерн во второто полувреме со хет-трик го нокаутира хрватскиот напаѓач Андреј Крамариќ. Два од трите гола Крамариќ постигна по лошите рекции на Мануел Ноер.