Спорт
Вимблдон: Ѓоковиќ добро се испоти против Хуркач, Халеп ја „уништи“ Азаренка
Светскиот рекет број 1 и актуелен шампион од Вимблдон, Новак Ѓоковиќ имаше тешка задача на „Теренот број 1“ да го победи полскиот тенисер Хуберт Хуркач во четири сета со 7:5/6:7(5)/6:1/6:4 за да се пласира во четвртото коло на гренд слемот на трева.
Откако судијата на столче му забрани да го носи капчето „Лакост“ поради црната линија (на Вимблдон сè мора да е бело), на Србинот како да му пречеше сонцето во првите два сета, бидејќи Хуркач успеа да израмни на 1:1 во тај-брејкот во вториот сет. Откако го доби третиот сет со лесни 6:1, Ѓоковиќ повторно наиде на упорноста на 22-годишниот Хуркач, но сепак го комплетираше мечот и победата по два часа и 3 минути игра.
По победата, на Ѓоковиќ му се „отвори“ патот до финалето во неговиот дел од ждрепката, откако Аргентинецот Гвидо Пелја го елиминираше четвртиот носител, Кевин Андерсон во третото коло со импресивна 6:4/6:3/7:6(4) победа на „Централниот терен“.
Минатогодишниот финалист Андерсон немаше шанси против инспирираниот Пелја, а најдобриот поен на мечот беше претпоследниот кога двајцата одеа на мрежа пред Пелја да го добие поенот и да постави три меч-топки. Следен за Пелја, кој првпат е во втората недела на еден гренд слем, е Канаѓанецот Милош Раонич, финалистот од 2016 година.

Кај дамите, во пресметка на две гренд слем шампионки, Симона Халеп ја „здроби“ Викторија Азаренка со 6:3/6:1 праќајќи порака дека е подготвена за големи работи на „Ол ингланд клубот“.
Халеп губеше со 3:1 на стартот на мечот, по што освои шест гема во низа и ја презеде контролата на мечот завршувајќи го за само 66 минути. Халеп имаше 13 победнички топки и само 9 неизнудени грешки, додека играта на Азаренка стануваше сè похаотичка и Белорусинката направи 33 неизнудени грешки.
Халеп сега ќе игра против подобрата од дуелот на Словенката Полона Херцог или 15-годишната американска сензација Кори Гоф.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Џокерот Шешко за триумф на Јунајтед кај Евертон
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Евертон со 1:0 во последниот натпревар од 27-то коло од Премиер лигата.
Екипата на Мајкл Карик ја продолжи борбата за место во Лигата на шампионите следната сезона. ЈУанјтед се искачија на третото место на табелата со 48 поени, три помалку од третопласираната Астон Вила и три повеќе од Челзи и Ливерпул, кои се на позициите пет и шест.
Натпреварот на „Хил Диконсон“ го реши џокерот на Мајкл Керик, Словенецот Бенјамин Шешко.
Централниот напаѓач, со гол го аврши брилијантниот контра напад на својот тим.
Евертон се обиде во финишот да освои бод, но гостите од Манчестер ги одбија сите напади.Евертон осната на деветтото место на табелата со 37 поени.
Спорт
УЕФА го суспендира Престијани
Џанлука Престијани е суспендиран за реваншот од плејофот на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Денес, УЕФА потврди во официјално соопштение дека фудбалерот на Бенфика е суспендиран поради истрагата што е започната против него.
Познато е дека Винисиус Жуниор го обвини Аргентинецот дека го навредувал на расна основа, УЕФА веднаш започна истрага, и иако таа не е завршена, има право да го суспендира, што го искористи.
УЕФА се повика на правилото од својот правилник дека може да суспендира играч против кого се води истрага, а Престијани нема да може да му помогне на својот тим, во реваншот во Мадрид.
Натпреварот Реал – Бенфика е закажан за среда во 21:00 часот.
Foto/ EPA
Спорт
Берокал: Привилегија е да бидам селектор на Македонија
Од денеска, и официјално, шпанскиот стручњак, Жозеп Мариа Берокал е селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.
Новиот македонски селектор веќе почна со работа, одржа два тренинга и ги изнесе своите први импресии пред претставниците на медиумите:
„Ви благодарам за можноста да бидам тука, привилегија е да бидам селектор на Македонија. Знам дека е краток периодот за подготовки, но во овие само два тренинга со репрезентацијата, видов дека има голем простор за напредок.
Мислам дека треба да размислуваме на долги патеки, да го унапредуваме тимот и важно е за иднината, кои млади играчи ќе доаѓаат во националниот тим“.
Берокал ги објасни „конекциите“ преку кои дојде до стартот на оваа, сите се надеваат, долгорочна соработка:
„Што се однесува до македонската кошарка, поврзан сум со неа преку Владо Илиевски, му бев тренер пред 23 години. Некои од играчите во репрезентацијата ги познавам, му бев тренер на Војдан Стојановски во Украина, некои ги знам од Шпанија.
Среќен сум, знам дека на почетокот нема да биде лесно, ќе биде долг процес, но ќе се обидеме да направиме максимум од овие играчи.
Кое ќе биде нивото што ќе го достигнеме, не знам, но верувам во сите. На кошаркарите им реков дека треба да се натпреваруваат сами со себе, да бидат подобри, да имаат шампионски менталитет. Да не гледаме премногу далеку во иднината, да се фокусираме на она што ни претстои“ – рече Берокал на денешната промоција.
Извор и Фото/ mkd.basketball

