Спорт
Вимблдон официјално потврди: Без руски и белоруски тенисери на турнирот

Престижниот тениски турнир Вимблдон донесе и официјална одлука дека руските и белоруските тенисери и тенисерки нема да можат да учествуват на годишното издание поради инвазијата над Украина. Ова значи дека машкиот дел од турнирот ќе биде без вториот светски тенисер Данил Медведев, а кај тенисерките ќе ја нема четврторангираната Аријана Сабаленка. Секако, и сите останати од овие две земји.
Пристигна и реакција од Русија. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека е неприфатливо да им се забрани на руските тенисери да играат на Вимблдон.
„Уште еднаш ги држат спортистите како заложници на политички предрасуди, политички интриги. Ова е неприфатливо“, рече Песков.
Третиот грен – слем турнир во сезоната се одржува од 27 јуни до 10 јули.
Од почетокот на воената интервенција во Украина, руските и белоруските тенисери се натпреваруваат под неутрално знаме.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Иличиќ по четири месеци пауза поради „менталната криза“ во тимот на Аталанта

Аталанта го поставија Јосип Иличиќ во нивниот тим за последниот меч од сезоната против Емполи, четири месеци откако доби „пауза“ од тимот за да ги реши проблемите со менталното здравје.
34-годишниот словенечки репрезентативец веќе еднаш паузираше од фудбалот по пандемијата на КОВИД-19 во 2020, кога Бергамо беше посебн погодено, но се врати на терените и оваа сезона имаше 4 гола и 5 асистенции во 23 меча пред да му се врати депресијата во јануари 2022.
Тој последен пат играше неколку минути при 6:2 победата над Удинезе на 9 јануари, но постојано беше во тренинг-центарот на клубот, а неодамна повторно почна со тренинзи. Италијанските медиуми веруваат дека се работи за шанса за Иличиќ да се збогува со навивачите на Аталанта по пет сезони, бидејќи иако има договор до 2023, се очекува да замине на крајот на сезоната.
📋 I nostri convocati per l'ultima gara stagionale!
🦾 Here's our squad list for #AtalantaEmpoli!
Presented by @intesasanpaolo #SerieATIM #GoAtalantaGo ⚫️🔵 pic.twitter.com/gQOO4vAfB7
— Atalanta B.C. (@Atalanta_BC) May 20, 2022
Иличиќ за депресијата: Јас почувствував ударот од КОВИД-19 на своја кожа
Иличиќ ги надмина личните проблеми, утре се враќа на тренинзи
Таткото на Иличиќ бил убиен од сосед за време на војната во БиХ
Спорт
„Ултрасите“ на ПСЖ застанаа зад Идриса Геј

„Колектив ултрас Париз“ (ЦУП), најпознатата навивачка група на Пари Сен-Жермен, застана во одбрана на својот фудбалер Идрис Геј, кој минатата сабота одби да настапи со дрес со бројки во бои на виножитото во знак на поддршка на Денот за борба против хомофобијата.
Оваа одлука на сенегалскиот фудбалер предизвика бура реакции во Франција откога Француската фудбалска федерација (ФФФ) реши да го даде на дисциплинска постапка барајќи објаснување за неговиот потег.
Меѓутоа, тој доби и поддршка од навивачите на клубот, кои сметаат дека Геј има право на сопствено мислење.
„Секоја личност има слобода да промовира каузи според сопственото убедување на начин на кој сметаат. Идриса Геј секогаш покажал однесување вредно за почит и секогаш бил без предрасуди“, се вели во објавата на навивачката група.
Французите отворија истрага зошто Идриса Геј одбил да носи бои на виножитото
Спорт
Македонија Ѓорче Петров е освојувач на Купот на Македонија, Стевковски херој на „лавовите“

Македонија Ѓорче Петров вторпат ја освои титулата од Купот на Македонија кога во финалето, по изведувањето пенали, беше поуспешна од Силекс со 4:3, по завршувањето на мечот без голови во регуларниот дел.
До вториот трофеј по тој во 2006 година, „лавовите“ стигнаа благодарение на голманот Христијан Стевковски, кој не само што во второто полувреме имаше неколку клучни одбрани за да го сопре Силекс туку и во пенал-рулетот одбрани два удара.
Македонија имаше поофанзивен почеток на мечот, но во второто полувреме најдобри шанси имаше токму пред нивниот гол по што во продолженијата немаше големи шанси на двете страни. Стевковски во првиот пенал го прочита Бурхан Алији за во третата серија да го одбрани и обидот на Благоја Спирковски. На другата страна Попзлатанов не успеа со „паненка“ да го измами Божиновски за Сефер Емини да го постигне победничкиот гол за 4:3.
Титулата за тимот на Муарем Бајрами значи и пласман во Европа, а Силекс не успеа да стигне до својата четврта куп-титула и ќе се задоволи со враќање во Првата лига следната сезона.
Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк