Спорт
Винисиус води интензивни преговори со саудиската Про лига
Винисиус Жуниор има богата понуда од Саудиска Арабија, годишна плата од 200 милиони евра и договор на пет години. Во исто време Реал би добил обесштетување од 300 милиони евра.
Како што сега стојат работите, веќе не се поставува прашањето дали, туку кога Бразилецот ќе се пресели во Саудиска Арабија.
Радио „Марка“ ексклузивно објави дека фудбалерот и неговите менаџери веќе одржале две средби со претставници на саудиската лига.
Интересно, но не и невообичаено, Бразилецот и неговиот тим не преговараат со конкретен клуб, туку со Про лигата. Познато е дека сте клубови во Саудиска Арабија се сопственост на државата. Повеќе од се, важно е Винисиус да стане заштитно лице на саудискиот фудбал во наредните години, а во кој клуб ќе дојде и не е толку важно.
Преговорите на саудиска страна ги водат високи членови на кралското семејство и челници на локалната лига, пренесува „Марка“.
Првата средба, понатаму наведуваат, била неформална, одржана преку видео повик, а бидејќи била прва, била многу важна за Саудијците, поради впечатокот што ќе го остават кај Винисиус и како ќе реагира на понудата и на проектот што му се презентира.
Во опуштен разговор кој траел 15 минути, Саудијците претставиле план кој треба да го заинтересира Винисиус, не само од финансиска, туку и од спортска и лична перспектива.
Доколку биде постигнат договор, Бразилецот ќе добие петгодиешн договор и ќе инкасира милијарда евра.
Освен тоа, Саудијците планираат на Винисиус да му доделат статус на официјален амбасадор на Светското првенство кое во земјата ќе се одржи во 2034 година.
Втората средб, тврди радио „Марка“ била одржана во Прага.
Далеку од љубопитните очи, двете страни одржале состанок во главниот град на Чешка, на неутрална територија. Менаџерот на Винисиус лично се сретнал со претседателот на саудиската Про лига, Саад Ал Лазез.
Тогаш на менаџеротт му бил преставен финансискиот дел од проектот.
По втората, имало уште еден средба и тоа во Саудиска Арабија, каде што менаџерот на Винисиус повотрно преговарал со челниците на Про лигата.
„Марка“, понатаму наведува дека Винисиус не сака да биде етикетиран дека „трча по пари“. Ако го напушти Реал Мадрид, сака тоа да биде од строго спортски причини,.
На неговата одлкуа да се пресели во Саудиска Арабија може да влијае неговото незадоволство од атмосферата на стадионите низ Шпанија, каде што не е секогаш популарна личност. Расистичките скандирања со кои спорадично се соочува може само да ја забрзаат неговата одлука да го напушти Мадрид.
Бразилецот до ден денес нема донесено одлука, засега е фокусиран на Реал и освојувањето трофеи со клубот, но свесен е и дека мора да донесе конечна одлука.
Моќните Саудијци се јасни го сакаат Винисиус ова лето и тој мора да донесе одлука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шифрин доминантно до златниот медал во слалом
Микаела Шифрин, на импресивен начин, со предност од 1,50 секунди, го освои златниот медал во слалом.
За 30-годишната Американка, ова е осма победа во слалом оваа сезона, таа само ја продолжи доминацијата од Светскиот куп со две брилијантни трки. Во Милано и Корина го освои четврти олимписки медал во кариерата, трет златен.
Шифрин, во првата трка создаде огромна предност пред ривалките. Втората трка донесе хаотичен финиш.
Корнелија Елунд, трета по првото возење, направи голема грешка во долниот дел од патеката и не ја заврши тркаат. Лена Дир, втора по првото возење, излета на првата капија и ја шокираше публиката и остана без медал.
Покрај Шифрин, на подиумот завршија Камила Раст и Ана Свен Ларсон.
Швајцарката Раст, која во јули полни 27 години, освои сребро, за неа ова е прв олимписки медал. Прва пат медал на Олимпијадите освои и Швеѓанката Ларсон. Ја искористи последната можност, со оглед на тоа што во јуни полни 35 години.
Швајцарката Венди Холденер беше четврта, 21 стотинка зад Ларсон, Катарина Труп беше петта, а по неа следуваа: Катарина Хубер, Мелани Мајер, Ема Ајхер и Кејтлин Мекфарлан.
Foto/ EPA
Спорт
Атанасовска не ја заврши трката во слалом
Maкедонската скијачка Јана Атансовска, претпладнево го имаше вториот настап на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
И вториот настап на Атанасовска, заврши неславно. По трката во велеслалом, таа не успеа да ја заврши и трката во слалом.
Атанасовска стартуваше како 61-ра, направи грешка во раната фаза од трката, поради што не успеа да се избори за настап во втората трка.
Инаку, по првата трка убедлива предност има Американката Микаела Шифрин.
Foto/ mok.org.mk
Спорт
(Видео) Спалети: Три чекори назад
Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, зборуваше на прес-конференцијата по убедливиот пораз од Галатасарај.
Фудбалерите на Јувентус доживеаа дебакл во Истанбул, турскиот тим победи убедливо со 5:2.
„Лошо го завршивме првото полувреме и се обидовме да ја подобриме ситуацијата во второто. Нашиот тим падна во однос на посветеноста и карактерот. Денес, Јувентус се врати три чекори назад, а не еден“, рече Спалети.
Искусниот стратег потоа ја опиша ситуацијата поради која Хуан Кабал беше исклучен на почетокот на второто полувреме.
„Камбијасо ризикуваше да добие втор жолт картон кон крајот на првото полувреме. Ако веќе имате жолт картон во вакви натпревари, мора да знаете како да се однесувате, но сепак ја плативме цената со исклучувањето на Кабал. Тоа ни создаде некои тешкотии, а потоа и самите направивме премногу грешки, вклучително и во организацијата на нападот.“
Потоа Спалети ја анализираше играта на својот тим.
„Верувам дека нашиот тим може да ја подобри својата дефанзивна игра ако игра правилно. Немаме фудбалери кои се особено добри во контранападите или такви кои гарантираат голема сигурност во одбраната. Ако паднеме под нашето ниво, секогаш ќе бидеме во опасност“, истакна Спалети, а потоа продолжи:
„Секогаш сакаме да играме во нормални ситуации. Кога има сериозна опасност, топката мора да се исфрли, идејата дека секогаш треба да се игра не е точна. Кога се случуваат екстремни ситуации, никогаш не е лесно. Мора да преземеме одговорност. На индивидуално ниво и во разбирањето на одредени ситуации, тимот сè уште не е во најдобра форма и вечерва само ја влошивме ситуацијата“.
Ревашот, во кој Јувентус ќе биде домаќин ќе се одигра наредната среда, во Торино.
Foto/ depositphotos

