Спорт
Виртус му понудиле богат договор на Теодосиќ
Виртус од Болоња му понудиле богат договор на српскиот репрезентативец Милош Теодосиќ. Интерес за Теодосиќ покрај Виртус покажуваат неговиот поранешен клуб ЦСКА Москва и Анадолу Ефес.
Како што пренесуваат италијанските медуми, клубот чии тренер е селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ, на Теодосиќ му понудил 2,3 милиони евра за две годишен договор.
Според истите извори во првата сезона би заработил 1,1, а во втората 1,2 милиони евра.
Медиумите пренесуваат дека Теодосиќ сериозно ја разгледувал оваа понуда.
Милош Теодосиќ е без ангажман од февруари оваа година кога доби отказ во ЛА Клиперс. По враќањето во Европа одигра два натпревари за српската репрезентација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Маркус Рашфорд има нов клуб
Маркус Рашфорд (27) од Манчестер јунајтед ќе замине на позајмица во Астон Вила, пренесува Фабрицио Романо. Англискиот напаѓач е отпишан од доаѓањето на новиот тренер Рубен Аморим и не играше во последните два месеци. Астон Вила ќе го позајми Рашфорд, а Јунајтед ќе покрие дел од неговата плата. Клубовите во моментов преговараат за откупна клаузула.
Рашфорд е играч на Јунајтед, а оваа сезона има седум гола и три асистенции на 24 настапи. На 426 натпревари за Јунајтед постигна 138 голови и 63 асистенции.
Според „Трансфермаркт“, Рашфорд вреди 55 милиони евра, а неговиот договор со Јунајтед е до летото 2028 година. Заработува околу 18,5 милиони евра по сезона.
Спорт
Јувентус најде замена за Влаховиќ
Раководството на Јувентус сака во летниот преоден рок да го засили тимот со Виктор Осимен, како замена за Душан Влаховиќ, кој речиси сигурно ќе го напушти тимот.
Српскиот интернационалец ќе го заокружи тригодишниот циклус и не се очекува да остане во клубот по летото, откако неговите менаџери решија да ги прекинат преговорите за продолжување на соработката кога слушнаа дека раководството нема намера да му ја зголеми платата, објавија италијанските медиуми.
Договорот на Влаховиќ истекува во 2026 година, а раководството сака да го продаде ова лето за да го спречи да си замине од клубот како слободен играч без обештетување.
Како што пренесува „Газета дело Спорт“, прва опција за замена на Влаховиќ е Осимен, кого го цени директорот на Јувентус, Кристијано Џунтоли. Тој го донесе Осимен во Наполи во 2020 година и би сакал да работат заедно во Торино.
Во Јувентус се уверени дека Џунтоли ќе го убеди Нигериецот да дојде во Торино. Осимен е позајмен од Наполи во Галатасарај.
Спорт
Даниеле Малдини се пресели во Аталанта
Поранешниот играч на Монца, Даниеле Малдини (23) го комплетира трансферот во Аталанта пред самиот крај на преодниот рок.
Ссинот на легендата на Милан, Паоло Малдини, во текот на денот ќе ги мине лекарските прегледи, а потоа ќе го потпише договорот со клубот од Бергамо.
Аталанта ќе и плати на Монца помеѓу 13 и 14 милиони евра обештетување за Малдини, а половина од таа сума ќе оди во Милан, клубот во кој Малдини го стекна своето фудбалско образование.
Кога го продадоа на Монца, Росонерите се обезбедија со 50% од приходите од следната продажба на играчот.
Трансферот на Малдини значи дека Николо Заниоло ќе ја напушти Аталанта. Според италијанските медиуми тој ќе се пресели во Фиорентина.