Спорт
Виталиј Кличко, да се потсетиме, беше и кик-бокс шампион! (видео)
Виталиј Кличко трипати ја освојуваше титулата во тешка категорија и беше познат по својата доминација во рингот која заврши со неговото пензионирање, но пред да стане боксерска ѕвезда, тој беше и фантастичен натпреварувач во кик-бокс.
Украинецот, кој е постар брат на поранешниот шампион Владимир, и актуелен градоначалник на Киев, првата титула ја освои во 1999, по што ги врати појасите во 2004 и уште еднаш во 2008.
Но, во раните 1990-ти, постариот Кличко имаше одлична аматерска кик-бокс кариера, на која се потсетија многумина со интересно видео во кое тој го победува јапонскиот ММА фајтер, Рјуши Јанагисава. 48-годишниот Кличко беше двократен светски шампион во кик-бокс во аматерска конкуренција, а победи и четири пати на професионални турнири.
Vitali Klitschko fighting in Pancrase under Full Contact rules.
.
.
.
.
.
.
.
Oh yes it happened. pic.twitter.com/VPKQGTGAFV— Cerebral Vigilante (@Delisketo) April 21, 2020
Виталиј Кличко загуби од Ленокс Луис во последниот меч на Британецот во 2003 година поради исеченица на лицето и многумина сметаа дека Луис се исплаши да му даде римеч. Кличко потоа стана шампион со победа над Кори Сандерс. Тој првпат се пензионираше по победата на Дени Вилијамс поради повреда, предавајќи ја ВБЦ титулата, но во 2008 година се врати со победа над Семјуел Питер за да стане светски шампион третпат и уште девет пати ја одбрани титулата во четири години, пред во 2013 да замине во пензија.
Бермејн Стиверн потоа ја освои слободната титула во 2014, но ја загуби во првата одбрана од Дионтеј Вајлдер, кој беше ВБЦ шампион до оваа година кога загуби од Тајсон Фјури.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Џокерот Шешко за триумф на Јунајтед кај Евертон
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Евертон со 1:0 во последниот натпревар од 27-то коло од Премиер лигата.
Екипата на Мајкл Карик ја продолжи борбата за место во Лигата на шампионите следната сезона. ЈУанјтед се искачија на третото место на табелата со 48 поени, три помалку од третопласираната Астон Вила и три повеќе од Челзи и Ливерпул, кои се на позициите пет и шест.
Натпреварот на „Хил Диконсон“ го реши џокерот на Мајкл Керик, Словенецот Бенјамин Шешко.
Централниот напаѓач, со гол го аврши брилијантниот контра напад на својот тим.
Евертон се обиде во финишот да освои бод, но гостите од Манчестер ги одбија сите напади.Евертон осната на деветтото место на табелата со 37 поени.
Спорт
УЕФА го суспендира Престијани
Џанлука Престијани е суспендиран за реваншот од плејофот на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Денес, УЕФА потврди во официјално соопштение дека фудбалерот на Бенфика е суспендиран поради истрагата што е започната против него.
Познато е дека Винисиус Жуниор го обвини Аргентинецот дека го навредувал на расна основа, УЕФА веднаш започна истрага, и иако таа не е завршена, има право да го суспендира, што го искористи.
УЕФА се повика на правилото од својот правилник дека може да суспендира играч против кого се води истрага, а Престијани нема да може да му помогне на својот тим, во реваншот во Мадрид.
Натпреварот Реал – Бенфика е закажан за среда во 21:00 часот.
Foto/ EPA
Спорт
Берокал: Привилегија е да бидам селектор на Македонија
Од денеска, и официјално, шпанскиот стручњак, Жозеп Мариа Берокал е селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.
Новиот македонски селектор веќе почна со работа, одржа два тренинга и ги изнесе своите први импресии пред претставниците на медиумите:
„Ви благодарам за можноста да бидам тука, привилегија е да бидам селектор на Македонија. Знам дека е краток периодот за подготовки, но во овие само два тренинга со репрезентацијата, видов дека има голем простор за напредок.
Мислам дека треба да размислуваме на долги патеки, да го унапредуваме тимот и важно е за иднината, кои млади играчи ќе доаѓаат во националниот тим“.
Берокал ги објасни „конекциите“ преку кои дојде до стартот на оваа, сите се надеваат, долгорочна соработка:
„Што се однесува до македонската кошарка, поврзан сум со неа преку Владо Илиевски, му бев тренер пред 23 години. Некои од играчите во репрезентацијата ги познавам, му бев тренер на Војдан Стојановски во Украина, некои ги знам од Шпанија.
Среќен сум, знам дека на почетокот нема да биде лесно, ќе биде долг процес, но ќе се обидеме да направиме максимум од овие играчи.
Кое ќе биде нивото што ќе го достигнеме, не знам, но верувам во сите. На кошаркарите им реков дека треба да се натпреваруваат сами со себе, да бидат подобри, да имаат шампионски менталитет. Да не гледаме премногу далеку во иднината, да се фокусираме на она што ни претстои“ – рече Берокал на денешната промоција.
Извор и Фото/ mkd.basketball

