Спорт
Владата на Австралија му се закани на Ѓоковиќ: Судот може да те ослободи, ние можеме повторно да те уапсиме
Владата на Австралија објави одговор на 13 страници, на жалбата која адвокатите на Новак Ѓоковиќ ја поднесоа до Федералниот суд. Жалбата ќе биде разгледана на полноќ, по средно-европско време.
Откако зачестија информациите дека правдата е на страната на Ѓоковиќ и дека Федералниот суд ќе му ја одобри визата, која во средата му ја поништи граничната полиција, Вчадата на Австралија во својот одговор наведува дека и доколку добие виза, тие можат повторно да го приведат.
„Не постои јасно правило, кое му гарантира на странец дека може да влезе во Австралија. Постојат критериуми, според кои ние тоа го одобруваме и имаме свои причини да ја одбиеме визата. Никој не му дал ветување на лицето, дека медицинскиот исклучок ќе биде прифатен“, се наведува во одговорот.
Најважниот дел од подготвениот одговор на жалбата е оној во кој се вели:
„Доколку судот донесе одлука, обвинетиот да биде пуштен од карантин на слобода, ние и понатаму можеме да го ставиме во притвор, независно на судската одлука. Одлуката на судијата да биде пуштен на слобода не гарантира дека властите на Комонвелтот нема повторно да го уапсат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Барселона рутински го реши Елче – Јамал го прекина голгетерскиот пост
Фудбалерите на Барселона го победија Елче со 3:1, во натпреварот од 11-то коло на шпанската Ла Лига.
Избраниците на Ханси Флик не си дозволија уште еден неуспех и ја имаа контролата од почетокот на натпреварот.
Со својот прв гол по повеќе од два месеци во првенството, Ламин Џамал и донесе водство на Блауграна во деветтата минута, а само две минути подоцна Феран Торес го дуплираше водството.
Рафа Мир им ја врати надежта на гостите од Елче во 42-та минута, непосредно пред паузата.
Во 61-та минута, Маркус Рашфорд, со удар од гредата, ја врати предноста од два гола на домашниот тим, чија победа не беше доведена во прашање.
Вреди да се спомене, дека Рафа Мир ја погоди стативата десет минути подоцна, но немаше промена на резултатот.
Барса е втора на табелата со 25 бода, пет помалку од лидерот Реал, додека Елче е деветти со 14 бода.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Хаотично дерби во Турција – Фенер од 2:0 до победа 2:3 кај Бешикташ
Дербито од 11-то коло од турската фудбалска лига помеѓу Бешикташ и Фенербахче (2:3) беше обележано со зголемени тензии кои кулминираа со инцидент во првото полувреме.
Откако атмосферата веќе беше напната поради црвените картони на дуото на Бешикташ, Оркун Кокчу поради груб фаул и Серген Јалчин (надвор од теренот), фудбалерот на Фенербахче, Марко Асенсио, беше погоден во главата со предмет фрлен од трибините.
29-годишниот шпански крилен напаѓач, поранешен играч Реал и ПСЖ, се приближи до корнер знаменцето во 30-та минута за изведе корнер. Во тој момент, непознат предмет излета од трибините и го удри, по што Асенсио падна на тревникот.
Се гледа како Асенсио е во болка додека разни предмети, шишиња и чаши паѓаат околу него.
Asensio'nun tinercilerin kafasına attığı madde sonucunda yerde kaldı. Fenerbahçe oyun başlayınca golü buldu. pic.twitter.com/xoJSHO83UD
— Fener Shadow (@fbshdow) November 2, 2025
Бешикташ поведе со 2:0 со головите на Ел Билал Туре во петтата минута и Емирхан Топчу во 22-та минута.
Откако Бешикташ остана со играч помалку на теренот, Фенербахче се врати во игра со головите на Исмаил Јуксек во 32-та и Асенсио во третата минута од судиското продолжение.
Atılan maddeler sonrası acı içinde yerde kalan Asensio intikam alıyor. pic.twitter.com/m91djRX7XJ
— Fener Shadow (@fbshdow) November 2, 2025
Џон Дуран донесе пресврт и победа на Фенер со гол во 83-та минута.
Dorgeles Nene, golün ardından tribünlerden atılan su şişesini tutuyor. 😂
— Fener Shadow (@fbshdow) November 2, 2025
Спорт
(Видео) Халанд го реши Борнмут
Манчестер сити во дербито го победи Борнмут со 3:1 и се искачи на второто место на табелата. „Граѓаните“ имаат шест бода помалку од Арсенал, зад нив со по 18 поени се Ливерпул и Борнмут.
„Граѓаните“ изгледаа одлично на теренот, играа онака како што сака Пеп Гвардиола и стигнаа до заслужена победа и второ место.
Халанд ја отвори серијата во 17-та минута, а осум минути подцна Донарума ги честеше гостите. По неговата грешка Адамес изедначи. Халанд со својот втор гол во 33-та минута им ја врати предноста на „граѓаните“.
Норвежанецот продолжи да ги тероризира противничките одбрани оваа сезона, веќе постигна 26 гола на 16 натпревари во сите натпреварувања, од кои 13 гола во Премиер лигата.
Точка на мечот, со деби голот за Сити, стави О’Рајли во 60-та минута.
Foto/ EPA

