Спорт
Влаховиќ доби страшна закана: Ако дојдеш, ќе ти отсечеме три прста
Навивачите на ПСЖ испратија морбидна порака до Душан Влаховиќ, откако стана јасно дека е извесен неговиот трансфер од Јувентус на „Паркот на принцовите“.
Француските медиуми тврдат дека Влаховиќ прифатил кариерата да ја продолжи во ПСЖ. Трансферот ќе биде реализиран кога клубовите ќе ја договорат оштетата.
Остра, дури и неочекувана реакција имаше и од навивачите на ПСЖ, кои се противат на доаѓањето на српскиот центарфор. Станува збор за дел од симпатизерите на овој клуб, кои пред стадионот на ПСЖ истакнаа транспарент на кој на француски пишува:
„Дојди во Париз, ќе ти отсечеме три прста“.
Споменатите симпатизери на ПСЖ објавија и слика од српските репрезентативци Немања Радоњиќ, Стефан Митровиќ и Душан Влаховиќ, со три прста кренати високо. Радоњиќ и Влаховиќ носат маици со натпис „Радувај се , српски народе“.
Инаку, меѓу симпатизерите на ПСЖ има и голем број српски навивачи, кои ја сочинуваат една од најсилните фракции на трибините на овој клуб.
🚨🤯 PSG Ultras’s message to Vlahovic :
“You come to Paris, we cut your three fingers off!“
This is because of a past “incident" where Vlahovic wore a shirt showing Kosovo as part of the Serbian map & his celebration with 3 fingers that is said to symbolize “Serbian victory“. pic.twitter.com/zpL9bwQhEp
— Juve Canal (@juve_canal) July 16, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Меѓу 20-те најплатени во Шпанија, дури 18 се од Реал и Барселона
Меѓу 20-те најплатени фудбалери во Примера, има дури 18 играчи се од двата најголеми клуба, Реал и Барселона, 11 од кралскиот клуб и седум од каталонскиот клуб, плус по еден од Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.
Најголема плата во Шпанија има напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе. Неделно заработува околу 600.000 евра, што на месечно ниво изнесува речиси два и пол милиони евра.
Покрај францускиот ас, Реал е застапен со: Давид Алаба, Винисиус Жуниор, Џуд Белингам, Родриго, Трент Александар-Арнолд, Федерико Валверде, Тибо Куртоа, Антонио Ридигер, Едер Милитао и Едуардо Камавинга.
„Седумката“ од Барселона ја предводи Роберт Левандовски, се наоѓа на делбата од третото до шестото место, а покрај Полјакот, тука се и Френки де Јонг, Ламин Јамал, Рафиња, Марк-Андре тер Штеген, Жил Кунде и Маркус Рашфорд.
Преостанатите двајца се голманот и капитенот на Атлетико Мадрид, Словенецот Јан Облак и ѕвездата на баскискиот тим, Нико Вилијамс.
🚨 The Highest Paid Players in La Liga, according to Capology. 📈🤑
No surprise that Real Madrid and Barcelona DOMINATE this list. 🇪🇸 pic.twitter.com/FhlLZDOM2G
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 30, 2025
Спорт
(Видео) Чудото за кое сите зборуваат – вака Клајбурн го „закопа“ Партизан
Партизан го доживеа третиот последователен пораз во Евролигата, втор во низа на домашен терен. По поразот од Париз во Белград и Хапоел во Софија, црно-белите на домашен терен загубија од Барселона 76:78.
Долго време ќе се прашуваат во црно-белиот табор како успеаја да загубат и покрај тоа што имаа апослутна контрола врз она што се случуваше на теренот.
Победникот го реши неверојатниот кош на Вил Клајбурн. Американецот погоди тројка од логото на 34 секунди до крајот. Партизан имаше напад Стелинг Браун промаши чисто положување. Топката потоа дојде до Клајбурн, кој на една секунда до крајот ги промаши двете слободни фрлања.
ICE COLD WILL🧊
What a three to claim the win for @FCBbasket 😱#MotorolaMagicMoment @Moto pic.twitter.com/fVGYGMHwrb
— EuroLeague (@EuroLeague) October 31, 2025
Спорт
УЕФА на суд ќе докажува дека не ја украла идејата за новата Лига на шампиони?
Европската фудбалска унија (УЕФА), триумфално ги објави промените во форматот на своите натпреварувања, новите формати што беа лансирани минатата сезона и пофалени пред почетокот на оваа сезона беа помпезно најавени. Но дали идејата за новите формати е на УЕФА или тоа е плагијат. УЕФА се соочува со тужба бидејки го „го украла концептот“.
Наместо 32 екипи, во новиот формат од минатата сеозна се натпреваруваат 36. Наместо осум групи, има една една заедничка табела. Сите екипи играат осум натпревари против осум различни ривали, од кои четири на домашен и четири како гости.
За време на ждрепката се внимава секој тим да игра со два ривали од четири „шешири“, во кои екипите се поделени по квалитет.
На крајот, осумте најдобро пласирани екипи одат директно во осминафиналето, екипите пласирани од 9-то до 24-то место играат за место во осминафиналето, а за екипите пласирани под 24-то место, завршува европската сезона.
На овој начин, УЕФА го зголеми бројот на натпревари од 125 на 189, секако, со што се зголеми заработката од спонзори и продажбата на ТВ права.
И додека УЕФА нè убедува дека овој нов систем е феноменален, се јавија и оние кои тврдат дека новиот систем на УЕФА е плагијат.
Чилеанската компанија „MatchVision“, поднесе тужба против УЕФА, тврдејќи дека Европската фудбалска унија им ги украла авторските права.
Поточно, дека УЕФА го украла концептот што бил заштитен како авторско дело уште во 2006 година од основачот на оваа компанија, Леандро Шара.
Компанијата ја презентирала својата идеја пред УЕФА и ФИФА уште во 2013 година, а ФИФА ја признала оваа компанија како сопственик на интелектуални права.
Шара бара 200.000 евра за себе од УЕФА, а неговата компанија бара 20 милиони евра отштета.
УЕФА, како што се очекуваше, ги отфрли сите овие обвинувања како неосновани и најави дека ќе се бори на суд за да докаже дека е во право.

