Спорт
Влаховиќ ќе го пропушти дербито со Милан и дуелот со Астон Вила во ЛШ

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ ќе пропушти неколку натпревари на Јувентус. Влаховиќ се повреди вчера настапувајќи за својата репрезентација. Во финишот на натпреварот против Данска (0:0) тој побара измена.
Попладнево во медицинскиот центар на Јувентус, Влаховиќ ги обавил прегледите „Газета дело Спорт“ пренесува дека повредата не е сериозна, но не е ниту наивна.
Медицинските тестови исклучија посериозни проблеми, но потврдија дека има проблем со задната ложа. Истиот извор наведува дека состојбата на Влаховиќ ќе се следи секојдневно.
24-годишниот напаѓач ќе пропушти неколку натпревари на Јувентус, вклучувајќи и некои многу важни. Јасно е дека Србинот нема да биде во тимот на дербито од 13. коло од Серија А против Милан на „Сан Сиро“, а ќе го пропушти и натпреварот од Лигата на шампионите со Астон Вила на 27 ноември во Бирмингем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Драмата продолжува – Исак повеќе не сака да игра за Њукасл

Незадоволството на Александер Исак прерасна во „војна“ со Њукасл јунајтед. Швеѓанецот повеќе не сака да го носи дресот на клубот чии член е од 2022 година, кога „страчките“ на Реал Сосиедад му платија 70 милиони евра.
Александер Исак е лут што Њукасл одбива да преговара со Ливерпул и покрај понудата од 130 милиони евра. Напаѓачот најпрвин одби да тренира, не беше на претсезонската турнеја, а сега порачал дека не сака да игра за клубот и по цена да ја пропушти целата сезона.
Њукасл бара обесштетување од 150 милиони евра за Исак.
Фото/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Левандовски: Борусија не ми дозволи трансфер во Манчестер јунајтед

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски е сè уште еден од најдобрите голгетери, иако се приближува кон својата петта деценија. Тој игра елитен фудбал веќе деценија и пол, а откри, дека во минатото бил блиску до преселба на „Олд Трафорд“.
Полјакот ги тресе мрежите во Шпанија, како што тоа го правеше во Германија. Според сопственото признание, во 2012 година бил пред трансфер во Манчестер јунајтед.
– Им реков „да“ вистина е. Но, Борусија не сакаше да ме продаде, мислеа дека ќе вредам повеќе за година или две – рече Левандовски.
Иронијата на судбината сакаше Левандовски навистина да го напушти Дортмунд две години подоцна. Но, тој отиде во Баерн како слободен агент, па Борусија не доби ниту цент од трансферот.
– Можеби малку жалам што не се обидов во Премиер лигата, но кога ќе се осврнам назад, играв за Баерн, Барселона, Борусија Дортмунд и можам да кажам дека сум задоволен од мојата кариера.
Спорт
Сценарио кое никој не го сака – Влаховиќ би можел да остане во Јувентус

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ сè уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата и покрај секојдневните информации и шпекулации околу неговата иднина.
Според „Калчомеркато“, само два клуба биле сериозно заинтересирани за напаѓачот, Фенербахче и Милан.
Преговорите со турскиот тим одамна се замрени, додека „росонерите“ практично се повлекоа откако се „шпекулираше“ дека Макс Алегри се свртел кон Расмус Хојлунд од Манчестер јунајтед.
Доколку Данецот навистина дојде во Милан на позајмица, нема да има потреба од трансфер на српскиот напаѓач.
Тогаш сценарио кое ниту Јувентус ниту Душан Влаховиќ не го посакуваа би се реализирало, напаѓачот би останал во Торино.
Играчот влегува во последната година од договорот, а доколку ја помине и сезоната 2025/26 со „старата дама“, тоа значи дека би заминал следното лето без обештетување.
Тоа би бил дополнителен удар за Јувентус, кој нема да врати ниту дел од 70-те милиони (плус уште 10 за бонуси) што ги плати кога Влаховиќ дојде од Фиорентина.