Спорт
Влаховиќ одбил нов договор, го напушта Јувентус

Неизвесна е иднината на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ во Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.
Претходните денови беа доста турбулентни меѓу Влаховиќ и навивачите на Јувентус. Српскиот напаѓач претрпе навреди од трибините, па дури и влезе во вербална пресметка со дел од приврзаниците на „старата дама“, но работите бргу се вратија во нормала, а тој на критиките одговори на најдобар можен начин, со гол против Каљари во Купот.
Има информации за обновен интерес на Арсенал поради незадоволството од формата на Габриел Жесус и Каи Хаверц, кои не успеваат постојано да постигнуваат голови. Но, засега Влаховиќ тој ќе остане дел од „бјанконерите“.
Јувентус е подготвен да му понуди нов долгорочен договор со услов платата да му биде намалена и постепено да се намалува како што ќе напредува соработката. Тој не го прифаќа ова и би можел да замине како слободен играч во летото 2026 година, пишува „Ла Република“.
Доколку не потпише нов договор, Јувентус веројатно би сакал да заработи од неговата продажба, па ова лето може да биде клучно за неговата иднина. Јувентус за негово би барал околу 40.000.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Бетис за полувреме ја реши Џирона – Миовски повторно не играше

Фудбалерите на Бетис убедливо ја победија Џирона на гости со резултат 3:1 (3:0) во последниот натпревар од 32.коло на шпанската Ла Лига. Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, поразот на својот тим го гледаше од клупата за резерви.
Полуфиналистот од Конференциската лига ја продолжи добрата форма на стадионот „Монтилви“ и до крајот на сезоната ќе води голема борба за пласман во Лигата на шампионите. .
Веќе во шестата минута Џони Кардосо на додавање на Иско ја најави победата на тимот од Андалузија.
Во 39. минута Антони го удвои водството, а три минути подоцна Иско зголеми на 3:0.
Џирона во вториот дел успеа само да постигне утешен гол преку Кристијан Стуани во 86. минута.
Бетис, сега е на шестата позиција со 51 освоен бод, додека Џирона е на 16. место со 34 бодови и до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок во лигата.
Спорт
(Видео) Форест ја продолжи мизеријата на Тотенхем – „Шумарите“ се чекор поблиску до ЛШ

Фудбалерите на Нотингем Форест славеа над Тотенхем во Лондон (2:1), во последниот натпревар од 33. коло на Премиер лигата.
Тимот на Нуно Еспирито Санто се врати на третото место кое го држи со 60 бодови и е во добра позиција во борбата за Лигата на шампионите. „Шумарите имаат бод повеќе од Њукасл, два од Манчестер сити и три од Челси и Астон Вила.
Тотенхем продолжи ужасните резултати оваа сезона, го забележа 18.пораз и се наоѓа на на 16. место со 37 бодови.
Форест во првите 16 минути постигна два гола кои на крајот беа довлни за тимот на Еспирито Санто да ја забележи 18. победа во сезоната.
Во петтата минута Елиот Андерсон го постигна првиот гол, а само 11 минути подоцна Крис Вуд да го совлада Викарио со глава и да ја удвои предноста.
Тој резултат долго време беше на сила, домашните се обидоа да ја намалат предноста, имаа неколку добри шанси во вториот дел, но само Ришарлисон постигна гол во 87. минута.
Интересно ова е четврти гол за Бразилецот во сезоната, сите четири натпревари Тотенхем ги загуби.
Форест во следното коло го чека Брентфорд, додека Тотенхем ќе му гостува на Ливерпул.
Спорт
Сензација во финалето – Го Ахед Иглс го освои холандскиот куп

Фудбалерите на Го Ахед Иглс вечерва го освоија својот прв трофеј во 122-годишната историја на клубот. Во финалето на Купот на Холандија, Иглс го победија АЗ Алкмар.
Финалето одиграно на стадионот „Де Кајп“ во Ротердам аутсајдерот победи по подоброто изведување пенали.
Пред речиси 43.000 гледачи резултатот по 90 минути беше 1:1, а двата гола беа постигнати од белата точка.
Трој Перо го доведе АЗ Алкмар во водство во 54. минута, а израмни Матс Дејл во деветтата минута од судиското надополнување.
Во продолженијата од два пати по 30 минути немаше голови, па започна пенал-рулетот каде резултатот беше 4:2 за „орлите“.
АЗ промаши два пенали, односно: Бурместер и Лахдо, додека кај новиот освојувач на трофејот прецизен беа четворицата кои шутираа.