Спорт
Влатко Андоновски се врати во Канзас сити

Македонскиот тренер Влатко Андоновски се врати во Канзас сити. Пред неколку месеци Андоновски ја напушти селекторската функција во женската репрезентација на САД, откако доживеа неуспех на Светското првенство.
Андоновски реши да се врати на местото на успехот, во Канзас, франшиза со која освои две титули во САД.
„Се враќам дома, се враќам во Канзас Сити, но уште поважно е дека се враќам во клуб која има јасна визија за патот по кој треба да се движи. Возбуден сум поради новиот предизвик“, изјави Влатко Андоновски на промоцијата.
Покрај тренерската функција во Канзас сити, Андоновски ќе биде и спортски директор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Доаѓањето на 40-годишниот Модриќ е доказ дека Серија А губи вредност“

Џузепе Марота, претседателот на Интер, во петокот учествуваше на конференцијата на Универзитетот во Милано, на која рече дека италијанската фудбалска лига (Серија А) ја изгубила својата вредност, а како пример го наведе доаѓањето на Лука Модриќ на 40-годишна возраст.
„Серија А ја изгубила својата вредност и станала транзициско натпреварување во кое играчите се само минливи“, рече 68-годишниот Марота. Како пример, тој го наведе летниот трансфер на капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ од Реал Мадрид во Милан. „Тој е вистински шампион кој дојде во нашата лига, но на 40-годишна возраст“, забележа тој.
Во својата анализа, тој се осврна и на стадионите во Италија, тврдејќи дека тие се застарени и „не обезбедуваат спектакл кој секогаш треба да биде со висок квалитет“.
„Во Милано ни е потребен модерен стадион со сите услуги“, рече Марота. Тој го наведе новиот стадион на Јувентус во Торино како позитивен случај, додавајќи дека затоа тој ривал има сигурна иднина.
Марота работеше во бројни италијански клубови како што се Јувентус, Сампдорија, Аталанта и Монца. Од 2018 година, тој е претседател на Интер, кој минатата сезона загуби во финалето на Лигата на шампионите со 0:5 од Пари Сен Жермен.
По четири кола од италијанското првенство, Наполи води со максимални 12 бода пред Јувентус и Милан. Интер е десетти на табелата со две победи и два порази.
Спорт
Рафиња во аут три, голманот Гарсија шест недели

Бареселона во раната фаза од сезоната се соочува со бројни повреди. Откако Гави беше опериран, нов удар за тимот е повредата на Рафиња.
Бразиелцот заработи повреда на тетивата и клубот официјално објави дека ќе биде надвор од фудбалот околу три недели. Ова значи дека Рафиња ќе го пропушти дербиот во Лигата на шампионите против ПСЖ на 1 октомври.
По шест лигашки натпревари, Барселона има пет победи и едно реми, односно два бода помалку од лидерот Реал, а пред Барселона во првенството се домашните натпревари против Реал Сосиедад на 28 септември и Џирона на 18 октомври, ќе гостуваат кај Севиља на 5 октомври.
Освен Рафиња, вчера против Овиедо се повреди и голманот Џоан Гарсија. Тој ќе мора да се оперира откако го скина менискусот на левото колено и ќе биде надвор од терените до шест недели.
Добра за тренерот вест е веројатното враќање на Ламин Јамал овој викенд, како и на Алехандро Балде.
Спорт
Гвардиола: Кафу, Занети, Тирам… Вокер е иста класа

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, му оддаде почит на својот поранешен играч, Кајл Вокер, пред неговото враќање на „Етихад“ во редовите на Барнли.
Шпанскиот стручњак истакна дека го рангира 35-годишниот англиски бек рамо до рамо со легенди како Кафу, Хавиер Занети и Лилијан Тирам.
„Апсолутно. Тој е еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња. Кога требаше да го контролираме тимот со најдобрите крила, спиев како бебе знаејќи дека Вокер е таму. Со неговата брзина, можеше да ги запре дури и првокласните играчи“, рече Гвардиола.
Вокер помина осум сезони во дресот на Сити, беше и капитен – освои шест титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите и шест домашни купови.
Дел од минатата сезона го помина на позајмица во Милан, а ова лето се пресели во Барнли.
„Неверојатна фигура во соблекувалната, секогаш беше тука и во добро и во лошо. Минатата сезона беше тешка за сите нас, но не сакам да судам за играч само по краток временски период. Тој беше неверојатен за мене“, заклучи Гвардиола.
Сити го пречекува Барнли во сабота во 16 часот.