Спорт
Влезе во тимот на Етиопија пред две недели и постави рекорд во маратон

Етиопјанецот Тола Тамират, на импресивен начин го освои златниот медал во маратон на Олимпијадата во Париз. Тамират го собори олимпискиот рекорд трчајќи 42 километри за 2:06:26 чаа.
Интересно е што Тамират неколку недели пред почетокот на Олимпијадата дозна дека ќе трча, бидејќи еден репрезентативец на Етиопија мораше да го откаже учеството поради повреда.
Башир Абди од Белгија освои сребро (2:06:47 часа) и со тоа го подобри пласманот за едно место во однос на Игрите во Токио. Кениецот Бенсон Кипруто овојпат го освои бронзениот медал (02:07 часа).
Елиуд Кипчоге, шампионот од Токио не успеа да ја одбрани титулата
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Милан во слободен пад, загуби и во Болоња

Фудбалерите на Болоња го совладаа Милан со 2:1 во одложениот натпревар од деветтото коло во Серија А. Болоња ја прекина црната серија, немаше победа над Милан, на домашен терен во последните 22 години.
Рафаел Леао ги доведе гостите во водство на крајот од првиот дел, но Сантијаго Кастро и Ден Ендоје донесоа пресврт за домаќините во вториот дел.
Ова е втор последователен пораз за Милан. Сега се осми со 41 бод, додека Болоња има три бода повеќе и се наоѓа на шестата позиција.
Во следното коло тимот од Милано на домашен терен игра против Лацио, додека Болоња ќе му гостува на Каљари.
Спорт
Жестока казна за Жозе Мурињо

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо доби жестока казна поради инцидентот по крајот на турското дерби против Галатасарај.
Во понеделникот, по ремито 0-0 во големата пресметка во Истанбул, португалскиот стручњак имитираше мајмунски движења по реакциите на клупата на Галатасарај.
Потоа отиде во судиската соблекувална каде сакаше да разговара со главниот судија Славко Винчиќ од Словенија.
Поради сето ова ќе биде суспендиран на четири натпревари и ќе мора да плати парична казна од 35.194 фунти.
Однесувањето на Мурињо беше окарактеризирано како „чин против „спортскиот дух“ и „спротивно на етиката на спортот и концептот на фер-плеј“.
Фенербахче и официјално потврди дека ќе се жали на казната која му е изречена на Мурињо.
Спорт
Убедлив пораз на пелистер во Берлин

Еурофарм Пелистер доживеа убедлив пораз во Берлин од Фуксе (39:29) во претпоследното коло од фазата по групи во Лигата на шампионите. Со овој пораз македонскиот шампион остана без шанси за пласман во нокаут фазата.
Фуксе ја оправда улогата на апослутен фаворит. Во која насока ќе се движи натпреварот беше јасно по само десет минути игра кога домашниот тим дојде до водство 7:1. Пелистер до крајот на првиот дел успеа да истопи дел од предноста, но во вториот дел немаше сили да одговори на ритамот на Фуксе.
Филип Кузмановски со седум голови беше најефикасен во составот на Пелистер, Шебиб постигна шест. Кај Фуксе Ландоф и Гидсел дадоа по девет.
Пелистер во последното коло го пречекува ПСЖ.