Контакт

Спорт

Во Билбао нема да се играат натпревари на ЕУРО 2020

Објавено пред

Натпревари на ЕУРО 2020 нема да се играат на стадионот „Сан Мамес“ во Билбао. УЕФА поради санитарните пропусти ја одзеде организацијата на стадинот, на кој своите натпревари на ЕУРО 2020 требаше да ги одигра Шпанија.

УЕФА, за претсстојниот континентален собир, постави санитарни услови пред сите организатори. Овие услови регионалната влада на Баскија не била во можност да ги исполни.

Најзначајниот услов бил во градовите организатори да бидат вакцинирани најмалку 60 отсто од жителите и бројката на заразени со Ковид-19 кои леат во болниците да не биде поголем од два отсто од капацитетите на болниците.

Од Баскија истакнаа дека УЕФА самоволно ја донела оваа одлука, со најава дека ќе бараат обесштетување од УЕФА.

Медиумите шпекулираат дека организацијата УЕФА сега ќе и ја додели на Севилја,

За потсетување, Билбао, беше еден од трите градови, покрај Даблин и Минхен, кои не потврдија дека на стадионот ќе има навивачи.

ЕУРО 2020 ќе се одржи од 11.јуни до 11.јули.

Спорт

Реал го става Азар на трансфер-листа?

Објавено пред

Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар, беше фатен од камерата како по синоќешниот реванш-полуфинален меч во Лондон кај Челси, се смее и се забавува со своите поранешни соиграчи.

Влијателниот El Chiringuito TV пренесува дека раководството на клубот го ставило Белгиецот на трансфер-листа.
Ваквото однесување на фудбалерот наишло на остра реакција во шпанските медиуми. Тој на теренот помина 89 минути и според мислењето на многумина, беше еден од најслабите. Имаше само неколку контакти со топката, без поголем учинок.

„Азар ни се смееше на сите в лице. Две години го тестира трпението на навивачите на Реал. Ништо нема направено. Доби можност од Зидан во најважниот натпревар и буквално не го видовме на теренот. Белгиецот не заслужува ниту секунда повеќе да биде во Мадрид“, пишуваат речиси сите медиуми во Шпанија.

Белгискиот фудбалер во 2019 година дојде во Реал од Челси за 100 милиони евра. Поголемиот дел во Кралскиот клуб го помина санирајќи повреди, а на теренот беше само бледа сенка од она што го покажуваше во синиот дрес.

Реал Мадрид мора бргу да закрепне од поразот на „Стемфорд бриџ“ затоа што го чека битка за титулата во Шпанија со Атлетико и со Барселона.

Насмевката на Азар ги разгневи навивачите на Реал

Прикажи повеќе...

Спорт

Од Басконија во Њујорк Никс

Објавено пред

Кошаркарот на басконија, Лука Вилдоса, потпишал четиргодишен договор со Њујорк Никс, објави ЕСПН.

Еден од најдобрите плејмејкери во Евролигата, од договорот со Никс, е заработи 13,6 милиони долари.

ЕСПН не наведува кога Аргентинецот ќе му се приклучи на новиот тим. Јасно е дека најпрвин ќе мора да добие работна дозвола.

Вилдоса, беше МВП на финалето минатата сезона, кога Басконија ја освои титулата во Шпанија.

Лука Вилдоса е третиот Аргентинец кој во краток период од Европа се пресели во САД. Претходно во НБА пристигнаа Факундо Кампацо (Денвер Нагетс) и Габриел Дек (Њу Орлеанс Пеликанс).

Прикажи повеќе...

Спорт

ФИФА повторно го одложи почетокот на африканските квалификации за СП 2022

Објавено пред

ФИФА во четвртокот објави дека квалификациите за пласман на Светското првенство во 2022, во африканската зона, ќе започнат во септември. Ова е втор пат ФИФА да го одложи почетокот на квалификациите во Африка. Планирано беше тие да започнат во октомври минатата година, но тогаш почетокот го одложи коронавирусот.

„ФИФА може да потврди дека заедно со Африканската конфедерација, поради проблемите со вирусот Ковид-19 и желбата да се обезбедат максимални услови за играње на натпреварите, да го одложи почетокот на квалификациите“, соопшти светската Куќа на фудбалот.

Квалификациските натпревари во Африка ќе се играат во септември, октомври и ноември оваа година и март наредната година.

Во африканските квалификации за пет места на СП ќе се борат 54 репрезентации.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26...

Македонија5 часа

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија5 часа

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа6 часа

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија6 часа

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија7 часа

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Регион8 часа

(Видео) Редици во трговски центар во Србија, покрај вакцинирање даваат пари и ваучери

Денеска во 9 часот наутро е отворен пункт за вакцинација во Трговскиот центар Ушче во Белград. Секој што сака да...

Свет9 часа

Болсонаро: Коронавирусот е направен за да се води биолошка војна

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека новиот коронавирус е можеби направен во лабораторија со цел да се води биолошка војна....

Свет9 часа

Најново истражување: „Фајзер“ штити повеќе од 95 проценти од коронавирус

Најголемата студија за ефикасноста на „Фајзер/Бионтек“ против коронавирусот кај општата популација покажа дека вакцината обезбедува повеќе од 95 проценти заштита...

Свет10 часа

Трета доза од вакцината на „Модерна“ штити од бразилскиот и јужноафриканскиот вид

Податоците од студија на 40 лица покажуваат дека дополнителната доза го зајакнува имунитетот против бразилскиoт и јужноафриканскиот вид на коронавирус....

Свет10 часа

ОН: Во светот недостигаат 900.000 акушерки

Светот во моментов се соочува со недостиг од 900.000 бабици и тоа е третина од потребните акушерки, се наведува во...

Македонија22 часа

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје, кои ги изведува Општина Охрид, со што ги...

Македонија1 ден

Затворски казни за издавање лажни пасоши на странци со криминално досие

Четири затворски казни и една условна за лицата што признаа дека изработувале лажни пасоши на странци со криминално досие. Судечкиот...

Македонија1 ден

323 нови случаи на Ковид-19, починати се 24 лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени...

Македонија1 ден

Филипче: Одлуката за полицискиот час не ја донесов сам, туку по телефонска консултација со членовите на Комисијата

Одлуката за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време не е политичка, изјави министерот за здравство, Венко...

Македонија1 ден

Министерство за здравство: Граѓаните кои добиле порака да се вакцинираат во друг град, сами ја згрешиле локацијата

Граѓаните при закажување на веб-страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат и поради тоа...

Македонија1 ден

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ќе формира нова партија....

Свет1 ден

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ ја намалуваат хоспитализацијата на стари лица за 94 проценти

Вакцинацијата со вакцините на „Модерна“ или на „Фајзер“ значително го намалува ризикот од хоспитализација на стари лица, покажуваат податоците на...

Регион1 ден

Вучиќ: Вакцинираните ќе добијат парична помош како награда

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е донесена одлука за обезбедување дополнителна парична помош за оние кои се вакцинирани...

Свет1 ден

(Видео) Израел ја рaкетираше Сирија, има и жртви

Израел рано утрово ja ракетираше северозападна Сирија при што загина најмалку еден човек, а повредени се шестмина. Авиони на израелското...

Досие