Спорт
Во Борусија (М) прифатија намалување на платата поради коронавирусот

Фудбалерите на германскиот бундеслигаш, Борусија Менхенгладбах се првите во германското елитно друштво кои прифатија да им се намалт платите како последица од коронавирусот.
Играчите и стручниот штаб го прифатија овој предлог за да можат да се зачуваат работните места на останатите вработени и техничкиот персонал во клубот и на стадионот.
Со намалувањето на платата, клубот ќе заштети до 1 милиони евра на месечно ниво.
Во Германија нема да има фудбал најмалку до 2 април, а доколку прекинот се продолжи, клубовите ќе имаат големи финансиски загуби поради ТВ правата, приходите од влезници и од спонзорите.
Платата на фудбалерите ја намали и второлигашот Карлсруе, а преполовени месечни примања прифатија и фудбалерите на Хартс, во првата шкотска лига.
Во Швајцарија отидоа и чекор понатаму:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Анчелоти: Морав да го заменам Асенсио, му скандираа „умри“

Полуфиналниот натпревар на Реал во Копа дел Реј против Реал Сосиедад (0:1) во средата беше накратко прекинат поради скандирањата од публиката упатени кон дефанзивецот на Реал, Раул Асенсио.
Натпреварот на стадионот „Реале Арена“ беше прекинат непосредно пред полувремето, кога капитенот на Реал, Винисиус Жуниор го известил судијата Хозе Марија Санчез Мартинез дека играчите слушнале скандирања „Асенсио, умри“.
Судијата го активираше шпанскиот протокол против омраза, кој бара пораката прво да се прикаже на големите екрани на стадионот, а исто така да се чита преку звучниците.
„Престанете со расистичките, ксенофобичните и нетолерантни скандирања. Поддржете го вашиот тим со почитување на противникот“, се вели во пораката.
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти го замени Асенсио на полувремето, а на негово место го зазеде Лукас Васкез.
„Винисиус разговараше со судијата, судијата ја прекина играта и го примени протоколот“, рече Анчелоти на прес-конференцијата по натпреварот.
Никој не сака стадионот да скандира „умри““, додаде Анчелоти.
„Тешко му паднаа скандирањата. Затоа го заменив во полувремето. Неговите емоции можеа да влијаат на него”.
Toda la afición vasca de la Real Sociedad está pitando en cada jugada a Raúl Asencio del Real Madrid, que sigue imputado por presunta pornografía infantil. pic.twitter.com/3O2krnQ01r
— Fonsi Loaiza (@FonsiLoaiza) February 26, 2025
22-годишниот дефанзивец Асенсио го имаше своето деби за првиот тим во ноември минатата година и оттогаш стана важен член на тимот, играјќи во двата натпревари од плеј-офот на Реал против Манчестер сити овој месец.
Овој инцидент се случува во време кога Асенсио се соочува со истрага за неговата улога во дистрибуцијата на сексуално експлицитно видео во кое е вклучено малолетно лице.
Фудбалер на Реал за ширење на детска порнографија, може да заглави пет години во затвор
Спорт
„Се надевам дека играчите се срамат од поразот од Емполи“

Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота не го криеше разочарувањето по елиминацијата од Емполи во четвртфиналето на Копа Италија. По натпреварот за италијанските медиуми изјави дека се срами.
Стратегот на торинскиот тим истакна дека неговите играчи не заслужиле да се пласираат во полуфиналето на ова натпреварување и дека тој најголем дел од вината за неуспехот.
„Не знам што да кажам по ваква игра, освен тоа што се се чувствувам засрамено, не толку многу заради резултатот што го постигнавме, туку заради играта што ја покажавме. Бевме далеку од нивото на натпреварувањето и клубот во кој се наоѓаме, и навистина се надевам дека и моите играчи чуватвуваат срам“, рече Тијаго Мота по натпреварот и дополни.
„Дресот на Јувентус е „тежок”, не е лесно да се игра во него од недела во недела, и затоа чувствувам голема вина и одговорност што не го подготвив подобро тимот. Тоа што го покажаа моите играчи во првото полувреме беше навистина лошо. Се надевав дека подоцна ќе ја видам реакцијата на тимот, но засрамен сум од она што го видов. Сето ова беше далеку од репутацијата на Јувентус“.
Спорт
(Видео) Детроит Пистон го декласира актуелниот првак

Детроит Пистонс ја продолжи победничката серија во НБА лигата. Пистонс го декласираа актуелниот шампион Бостон Селтикс 117:97. Ова беше осма последователна победа за тимот кој моментално заедно со Кливленд е во најдобра форма во целата лига.
Детроит речиси 17 години немал ваква серија победи. Пистонси ја прекинаа долгата серија неуспеси во дуелите со Бостон, тие имаа серија од 12 поразиво низа.
Предводници на овој триумф беа незапирливиот Малик Бисли, најефикасен со 28 поени и Кејд Канингем кој постигна 21 поен и забележа 11 асистенции, додека Џејлен Дуран имаше 13 поени и 11 скока.
Овој пораз беше втор најубедлив за Бостон оваа сезона и го означи крајот на серијата од шест победи.
Џејсон Тејтум беше најефикасен со 27 поени, а Дерик Вајт и Пејтон Причард постигнаа по 18. Детроит се зацврсти на шестото место на Истокот (33:26), Милвоки има една победа повеќе и еден пораз помалку.
По двата порази (Кливленд и Бостон), Њујорк се врати на победите во дуелот со Филаделфија, 110:105.
Ова беше четврта победа во последните шест натпревари за Никс и 11-та во последните 15 натпревари.
Никс ги предводеа Џејлен Брунсон со 34 поени (15/16) и седум асистенции и Микал Бриџис со 28 поени. Ануноби придонесе со 16 поени и девет скока, додека Џош Харт имаше седум поени и 17 скокови.
За гостите, кои доживеаја девет последователни порази, вреди да се спомене учинокот на само тројца играчи кои практично сами се бореа со Никс. Тајрис Макси постигна 30 поени, Кели Убре 27, а Пол Џорџ 25 поени.
Резултати:
Индијана – Торонто 111:91
/Халибартон 33 – Квикли 18/
Вашингтон – Портланд 121:129
/Пул 24 – Шарп 36/
Мајами – Атланта 131:109
/Хиро 24 – Даниелс 18/
Бруклин – Оклахома 121:129
/Шарп 25 – Гилџис-Александер 27/
Чикаго – ЛА Клиперс 117:122
/Гиди 21 – Харден 30/
Јута – Сакраменто 101:118
/Кеслер 25 – Мари 26/
Хјустон – Сан Антонио 118:106
/Томпсон 25 – Џонсон 22/