Спорт
Во бразилската Прва лига врие од заразени со корона, дури 151 фудбалер
Новата сезона во бразилското фудбалско првенство започна минатиов викенд иако во земјата и понатаму е огромен бројот на заразени со коронавирус.
По мечевите во неделата, во понеделникот биле тестирани сите играчи и резултатите покажале дека дури 151 фудбалер е позитивен на Ковид 19.
Најверојатно првенството ќе биде прекинато
Најтешка е ситуацијата во Коринтијанс каде има 23 заразени играчи. Гоиас има 22 заразени, а најмалку позитивни играчи има во Атлетико Минеиро и Барагантино, по само еден позитивен.
Клубовите каде има најголем број заболени овој викенд не го започнаа првенството, а речиси сигурно ќе го прескокнат и второто коло.
Повеќето од играчите немаат никакви симптоми.
Бразил е втора земја во светот о бројот на заразени од коронавирусот, зад САД. Во Бразил досега има над 3 милиони заразени, а како последица на опасниот вирус починаа повеќе од 100.000 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Погба воодушевен, навивачите го поздравија со овации
По две години, два месеци и 19 дена, Пол Погба му се врати на фудбалот.
Толку време помина откако беше суспендиран поради позитивен допинг тест. И многу, многу повеќе помина од последниот пат кога одигра цел натпревар. Триесет и двегодишниот Погба влезе во игра во саботата во 84-та минута во поразот на Монако од Рен (1:4).
Навивачите го поздравија со овации.
Погба беше многу емотивен по само десет минути на теренот.
„Во моментот кога ја видов публиката како станува и аплаудира, не можев ни да замислам дека тоа некогаш ќе се случи. Сега е лесно бидејќи повторно играм фудбал, тоа е она што го сакам најмногу на светот“, им рече Погба на новинарите.
„Сè уште има многу работа, патот до враќањето во форма е долг, денот кога ќе можам да играм 90 минути е далеку. Ако не играм добро за Монако, можам да заборавам на дресот на репрезентацијата.“
Но, верувам во себе, во мојот квалитет. Знам дека она што се случи не беше моја вина, никогаш не престанав да верувам“, рече Погба.
Спорт
Некогаш и Јокиќ не може сам, Денвер поразени од Сакраменто
Пет натпревари се одиграа во НБА во ноќта помеѓу саботата и неделата. Никола Јокиќ одигра уште еден брилијантен натпревар, но неговиот Денвер доживеа пораз на домашен терен од Сакраменто Кингс 123:128.
Првото полувреме им припадна на Денвер. Јокиќ и неговите соиграчи имаа 65:61 на паузата, што се покажа како недоволно.
Во текот на третата четвртина, Кингс вратија уште три поени, а во одлучувачките 12 минути беа подобар ривал.
Расел Вестбрук беше мотивиран, а тоа го раздвижи целиот тим на Кингс. Јокиќ практично играше сам.
Кингс ги предводеше Денис Шредер со 21 поен, три скока и седум асистенции. Вестбрук го следеше со 21 поен, шест украдени топки и 11 асистенции. Кингс имаа уште четворица кошаркари со двоцифрен број на поени – Мареј додаде 19 поени, ДеРозан 17, Лавин два помалку, а Монк 12.
Кај Денвер Јокиќ забележа 44 поени со 13 скока и седум асистенции. Тој имаше 13 од 22 шута од поле, три од шест за тројки, но имаше и две изгубени топки. Мареј додаде 23 поени со девет асистенции, Џонсон имаше 20, а Вотсон имаше 15 поени.
Денвер на овој меч беа без тројца повредени играчи од стартната петорка: Кристијан Браун, Кем Џонсон и Арон Гордон.
Денвер сега има скор од 12:4, Сакраменто е претпоследен тим на Западот. Ова беше само нивната четврта победа, со 13 порази.
Резултати:
Орландо – Њујорк 133:121
/Вагнер 37 – Бренсон 33/
Њу Орлеанс – Атланта 98:115
/Квин 20 – Порзингис 29/
Чикаго – Вашингтон 121:120
/Вучевиќ 28 – Витмор 20/
Милвоки – Детроит 116:129
/Ролинс 24 – Канингем 29/
Далас – Мемфис 96:102
/Томпсон 22 – Алдама 20/
Спорт
Ферстапен победи, Норис и Пјастри дисквалификувани во Лас Вегас
Возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, беа дисквалификувани од Големата награда на Лас Вегас.
Техничкиот делегат на ФИА, Џо Бауер, им пријави на стјуардите по трката, неправилности на болидите на Мекларен.
Инаку во Лас Вегас победи Макс ферстапен, кој ја искористи грешката на Норис во првата кривина, го презеде првото место и го задржа до крајот. Трката втор ја заврши Норис, а трет Џорџ Расел од Мерцедес, пред Пјастри и тимскиот колега Андреа Кими Антонели кој стартуваше од 17-то место.
Прегледот на болидите по трката покажа дека двата болида на Мекларен имале заштитни плочи кои биле девет милиметри потенки од пропишаниот минимум.
Таа информација беше проследена до стјуардите за потенцијално прекршување на Правилото 3.5.9.e, од Техничките прописи.
Според правилата, тоа е прекршок за дисквалификација, а по сослушувањето на возачите и претставникот на тимот, беше донесена таква одлука. Истата судбина ги снајде и возачите на Ферари оваа сезона, по трката во Кина.
Ова значи дека и Норис и Пјастри останаа без освоени бодови на патеката – Норис го освои второто место, а Пјастри по голема борба и казната што ја доби Антонели (пет секунди) стигна до четвртото место.
Првите десет ги комплетираа: Шарл Леклер, Карлос Саинц, Исак Хајар, Нико Хилкенберг, Луис Хамилтон, Естебан Окон и Оливер Берман.
На две трки до крајот на сезоната, пласманот за титулата сега изгледа вака:
Ландо Норис 390, Макс Ферстапен 366, Оскар Пјастри 366.
До крајот на сезоната остануваат уште две трки. Првата во Катар на 30 ноември и втората во Абу Даби на 7 декември. Норис може да стане шампион во Катар доколку освои два поени повеќе од Ферстапен и Пјастри.
Foto/ EPA

