Спорт
Во Фенербахче нема место за Ливаковиќ

Доминик Ливаковиќ е закован на клупа за резерви кај Фенербахче, а за се е виновна повредата која ја заработи на почетокот на годината. Како што тврдат медиумите хрватскиот репрезентативец ќе го напушти клубот во летниот преоден рок.
Ливаковиќ последен пат бранеше за Фенербахче на 13 јануари, по што се повреди, кратко беше на рехабилитација, но Хрватот го загуби местото меѓу стативите од Ирфан Џан Егрибајат.
Турските медиуми пренесуваат дека искусниот голман добил три понуди, од клубови од Премиер лигата и од Серија А.
Иако има договор со Фенербахче до 2028 година, долгогодишниот хрватски репрезентативец речиси сигурно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.
Тој пристигна од Динамо во 2023 година за околу седум милиони евра, а Фенербахче нема да го пушти за помалку од десет милиони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милинковиќ-Савиќ се сели во Наполи

Вања Милинковиќ-Савиќ наскоро ќе се пресели во Наполи. Новинарот Фабрицио Романо објави дека српскиот голман ги прифатил условите на италијанскиот шампион.
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, инсистирал на доаѓањето на Милинковиќ-Савиќ, на крајот клубот му ја исполни желбата.
Торино ќе заработи 21.000.000 евра, а клубот од Неапол ќе ги исплати парите во текот на следните четири години.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Капитенот го напушта Тотенхем

Сон Хјонг-мин, капитенот и еден од најдобрите играчи на Тотенхем, е на излезната врата од лондонскиот клуб.
Според англиските медиуми, репрезентативецот на Јужна Кореја има понуда од Лос Анџелес, како и неколку покани од Саудиска Арабија.
Сон има договор со победникот на Лига Европа и за оваа сезона, а неговата вредност се проценува на 20 милиони евра.
Тој дојде во Тотенхем во 2015 година од Баер Леверкузен и е една од легендите на тимот од Северен Лондон. Одигра 333 натпревари во дресот на Тотенхем и постигна 127 голови.
Фото/ Принскрин
Спорт
(Видео) Браќата Морис ги предизвикаа браќата Јокиќ на бокс-меч

Браќата Маркис и Маркиф и предизвикаа браќата Јокиќ на пресметка во ринг.
Ссемејствата Јокиќ и Морис не се трпат од пред четири години, кога Никола се судри со Маркиф во натпревар против Мајами Хит.
Потоа, по натпреварот, Маркус застана во одбрана на својот брат и му се закани на Србинот на социјалните мрежи, за браќата на Никола, Страхиња и Немања, да креираат профил за да му одговорат на Морис.
„Маркус, требаше да дозволиш да биде како што е, наместо јавно да му се закануваш на нашиот брат. Твојот брат беше првиот што почна да игра валкано. Ако сакаш да направиш чекор понатаму, биди сигурен дека ќе те чекаме. Браќата Јокиќ“.
Оттогаш, тензиите продолжуваат секогаш кога Нагетс ќе се сретнат со тимовите за кои играат браќата Морис, кои сега тие смислија нова идеја.
Гостувајќи во еден подкаст, Маркиф и Маркус ги предизвикаа браќата Јокиќ да влезат во ринг и таму да се соочат.
„Колку се поголеми, толку посилно паѓаат. Но, ние сме големи. Па, јас сум поголем од нив“, рече Маркиф, а Маркус се согласи, и заедно рекоа дека ги предизвикуваат Страхиња и Немања на бокс меч.
The Morris twins say they’re willing to do a boxing match against the Jokic brothers 😳
“The bigger they are, the harder they fall. We big too.” 👀
(🎥 @bigpodwithshaq / https://t.co/xlVhD8nvp2) pic.twitter.com/KsYv5CBzJ4
— NBACentral (@TheDunkCentral) July 24, 2025
Браќата на Никола Јокиќ, Страхиња (43) и Немања (40) се високи околу два метра, Маркиф е висок 206, а Маркус 203 сантиметри.
Моментално, двајцата се без НБА клуб по 14 години, па сега би сакале малку да боксуваат со браќата Јокиќ.
Фото/ Принскрин