Спорт
Во Ферари сметаат дека направиле „голем чекор“ напред
Шефот на Ферари, Матија Биното смета дека неговиот тим направил „значителен чекор напред“ во формата, откако Шарл Леклер ја заврши трката во Барселона на четвртото место, додека неговиот колега Карлос Саинс Јуниор беше седми.
Откако минатата година ја имаа најлошата сезона во последните 40 години, завршувајќи без победи и на шестото место во генерален пласман, Ферари може да се пофалат дека се третиот најбрз тим во Ф1 зад Мерцедес и Ред бул, иако се на четвртото место во генерален пласман со пет поени зад Мекларен. Леклер беше четврти на квалификациите трипати оваа сезона и заврши во топ 6 во секоја трка.
„Се враќаме дома со верба дека направивме значителен чекор напред во однос на тоа каде бевме во 2020 година“, вели Биното.
Леклер, кој се подготвува за својата домашна трка, Монако ГП на улиците на Монте Карло, исто така е оптимист.
„Мислам дека немаме голема слабост во болидот како минатата година, сега ни треба малку поголема брзина. Не мислам дека некој ни е смееше за минатата сезона, бидејќи се фокусиравме на работата. Лани беше тешко да се прифати формата, но затоа работевме напорно“, вели Леклер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Спектакуларна пресметка на најдбрите дебитанти во НБА лигата
Изминатата ноќ во НБА ја обележааа дебитантите Кон Кнупел и Купер Флег. Шарлот Хорнетс го победија Далас со 123:121.
Пресметката на најдобрите дебитанти во лигата оваа сезона му припадна на Кон Кнупел. Тој беше херојот на Шарлот, постигна34 поени, вклучувајќи ги и победничките слободни фрлања на четир секунди до крајот.
На спротивната страна Купер Флег натпреварот го заврши со 49 поени. Флег го сруши рекордот на НБА, кога се во прашање дебитантите, кој го држеше Клиф Робинсон од 1980 година со 45 поени.
Но, во финишот, тој направи клучна грешка и промаши шут за продолжение.
Резултати:
Филаделфија – Сакраменто 113:111
/Макси 40 – Шредер 27/
Вашингтон – Милвоки 109:99
/Џорџ 23 – Тарнер 21/
Атланта – Хјустон 86:104
/МекКалум 23 – Дурант 31/
Чикаго – Мајами 113:116
/Досунму 23 – Пауел 21/
Далас – Шарлот 121:123
/Флег 49 – Кнупел 34/
Денвер – Бруклин 107:103
/Мари 27 – Портер Џуниор 38/
Финикс – Детроит 114:96
/Брукс 40 – Канингем 26/
Спорт
(Видео) Минесота со 22 тројки и пресуди на Оклахома
Кошаркарите на Оклахома ја продолжија одбраната на шампионските прстени во НБА со својот 11-ти пораз во тековната сезона. Минесота ја надигра Оклахома со 123:111.
Домашниот тим излезе на загревање во црни маички, со натпис за поддршка на граѓаните на најголемиот град во споменатата американска држава, по уличните убиства на цивили од страна на федералните агенти во последните недели.
Минесота ја забележа третата победа по ред, откако ја прекина серијата од пет порази. Оклахома загуби три од последните четири натпревари, но сепак е лидер во НБА лигата со 38 победи.
Ентони Едвардс постигна 26 поени, а Тимбервулвс го израмнија својот рекорд во сезоната со 22 постигнати тројки. Џејден МекДениелс постигна 21 поен, а Наз Рид додаде 18 поени.
Оклахома ја предводеше Шеј-Гилџес Александер со 30 поени.
Резултати:
Филаделфија – Сакраменто 113:111
/Макси 40 – Шредер 27/
Вашингтон – Милвоки 109:99
/Џорџ 23 – Тарнер 21/
Атланта – Хјустон 86:104
/МекКалум 23 – Дурант 31/
Чикаго – Мајами 113:116
/Досунму 23 – Пауел 21/
Далас – Шарлот 121:123
/Флег 49 – Кнупел 34/
Денвер – Бруклин 107:103
/Мари 27 – Портер Џуниор 38/
Финикс – Детроит 114:96
/Брукс 40 – Канингем 26/
Спорт
Црвена звезда и Динамо Загреб изборија место во нокаут фазата во Лига Европа
Заврши првата фаза во Лига Европа. Регионалните великани Црвена звезда и Динамо Загреб изборија место во плеј-офот. Црвено-белите го освоија 15-то место, а модрите завршија на 23-та позиција.
Црвена звезда, во последното коло, осигра нерешено во Белград со Селта 1:1, додека Динамо забележа пораз во Данска од Митјиланд 2:0.
Комплетни резултати:
Астон Вила – РБ Салцбург 3:2, Базел – Викторија Плзен 0:1, Бетис – Феенорд 2:1, Селтик – Утрехт 4:2, Црвена звезда – Селта Виго 1:1, ФЦСБ – Фенербахче 1:1, Го Ахед Иглс – Брага 0:0, Генк-Малме 2:1, Олимпик Лион – ПАОК 3:2, Макаби Тел Авив – Болоња 0:3, Митјиланд – Динамо Загреб 2:0, Нотингем Форест – Ференцварош 4:0, Панатинаикос – Рома 1:1, Порто – Ренџерс 3:1, Штурм=Бран 1:0, Штутгарт-Јанг Бојс 4:2.
Директен пласман во осминафиналето изборија: Лион, Астон Вила, Митјиланд, Бетис, Порто, Брага, Фрајбург, Рома.
Двојки за плејоф, ждрепката е утре во 13 часот:
Селтик/Лудогорец – Штутгарт/Ференцварош
Фенербахче/Панатинаикос – Нотингем Форест/Викторија Пилсен
Динамо Загреб/Бран – Болоња/Генк
Црвена звезда/Селта – ПАОК/Лил

