Спорт
„Во моментот нема подобар во светот од Ерлинг Халанд“

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, кој по пензионирањето стана тренер на Ди-си Јунајтед, Вејн Руни, тврди дека Ерлинг Халанд од Манчестер Сити во моментов е најдобриот играч на светот, пренесува Тајмс.
Легендарниот англиски напаѓач е воодушевен од статистиката и начинот на кој игра ѕвездата на Манчестер Сити.
„Лионел Меси е најголем, но во моментов никој не игра како Халанд. И покрај тоа што ја рушев рекорди на мојата позиција, тој ми го одзема здивот со својата игра. Тој е најдобар во светот поради неговата фантастична статистика, начинот на кој игра и менталитетот што го покажува“, изјави Руни за „Тајмс“.
Халанд минатата година пристигна во Манчестер Сити од Борусија Дортмунд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Грузиец влезе во историјата на НБА

Кошаркарот на Сан Антонио, Сандро Мамукелашвили ја одбележа изминатата ноќ во НБА лигата.
Крилниот центар на Спарс стана првиот играч во историјата на НБА кој постигнал 34 поени за помалку од 20 минути.
На Грузиецот, роден пред 25 години во Њујорк, му беа потребни само 19 минути игра за да го „наполни“ кошот на Њујорк во победата 120:105.
Само еднаш не погоди од поле, погоди 13 од 14 удари, постигна седум тројки од исто толку обиди.
Ноќта на кариерата ја најави во првото полувреме, кога за само осум минути постигна 13 поени, забележа седум скока и асистенција. Во второто полувреме неговиот шут функционираше перфектно, продолжи без грешка да го полни кошот на Њујорк и да пише историја, постигна 21 поен во последната четвртина.
„МВП, МВП“, ечеше во салата.
Самиот беше зачуден. Тој едвај ги најде вистинските зборови за да го опише она што му се случи.
„Не знам што се случи, не знам што се случи“, со неверување повторуваше Мамукелашвили додека ги даваше првите изјави.
До натпреварот против Њујорк, неговиот сезонски рекорд беше 13 поени, кои ги постигна неодамна против Шарлот.
Каков подвиг е ова, можеби најдобро се илустрира со фактот дека историскиот натпревар го одигра играч чиј претходниот просек беше пет поени и 8,9 минути по натпревар.
Спорт
Лаутаро нема да игра против Уругвај и Бразил

Напаѓачот на Аргентина, Лаутаро Мартинез ќе ги пропушти претстојните квалификации за Светското првенство против Уругвај и Бразил поради повреда на тетивата, објави во средата аргентинската федерација.
Мартинез од Интер остана на клупата на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Феенорд минатата недела поради болки во мускулите.
27-годишниот фудбалер играше потоа во дербито против Аталната и постигна гол во победата 2.0 во Бергамо.
Мартинез е уште еден играч на кого Лионел Скалони нема да може да смета за овие натпревари. Претходно поради повреди отпаднаа Лионел Меси, Гонзало Монтиел, Џовани Ло Селсо и Пауло Дибала.
Аргентина е лидер во квалификацискиот поредок на КОНМЕБОЛ со 25 бода по 12 натпревари. Светскиот шампион и шампион на Копа Америка во петок ќе играат со второпласираниот Уругвај, а четири дена подцна ќе му гостуваат на петтопласираниот Бразил.
Спорт
Челси потпиша договори со двајца тинејџери на Спортинг

Фудбалскиот клуб Челси објави дека договори со „сините“ потпишале младите фудбалери на Спортинг Лисабон, Џовани Кенда (17) и Дарио Есугo (17). Португалскиот клуб од трансферите заработи 62,4 милиони фунти. За Кенда, Челси издвои 43,7 милиони фунти, додека Есуго ќе му се приклучи на тимот ова лето за 18,7 милиони фунти.
Кенда е репрезентативец на Португалија до 21 година и ќе остане во Спортинг на позајмица следната сезона пред да се пресели на „Стемфорд Бриџ“ во летото 2026 година.
Манчестер јунајтед исто така беше заинтересиран за негов потпис, откако претходно играше под актуелниот менаџер на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим. Се вели дека Јунајтед го следел Кенда пред Аморим да биде назначен за главен тренер на клубот во ноември.
Откако помина време во младинската академија на Бенфика, Кенда му се приклучи на Спортинг во 2019 година на 13-годишна возраст.
Роден во Гвинеја Бисао, Кенда избра да ја претставува Португалија на меѓународно ниво. Играше за селекциите до 17 и 21 година, а во август, селекторот на Португалија, Роберто Мартинез го повика во сениорскиот тим за натпреварите од Лигата на нации против Хрватска и Шкотска.
Кенда оваа сезона одигра 44 натпревари, постигна два гола и забележа осум асистенции.
Есуго, кој исто така е репрезентативец на Португалија до 21 година, оваа сезона беше на позајмица во Лас Палмас. Челзи го следи веќе некое време и очекува тој да му даде длабочина на тимот следната сезона и да биде му биде помошник на Мојсес Каиседо во редот за врска.