Спорт
В понеделник почнува судењето на Нејмар за трансферот во Барса, се бара 5 години затвор!

Бразилската фудбалска суперѕвезда Нејмар следната недела ќе мора да се појави пред судот во Барселона да одговара на обвинувањата за измама за трансферот од Сантос во Барселона во 2013 година, случај во кој бразилската инвестициска компанија ДИС бара 5-годишна затворска казна за фудбалерот.
Покрај Нејмар, обвинети за измама од страна на шпанските обвинители на судењето, кое почнува в понеделник, се и неговите родители, двата клуба, поранешните претседатели на Барса, Жозеп Марија Бартомеу и Сандро Росел, како и поранешниот претседател на Сантос, Одилио Родригеш. Компанијата ДИС поседувала 40 отсто од правата на Нејмар додека тој бил фудбалер на Сантос, но тврдат дека не добиле вистински процент од продажбата бидејќи двата клуба вештачки ја намалиле цената. ДИС, покрај затвор за Нејмар, бара и затворска казна за Росел и Бартомеу, како и казна од 149 милиони евра.
Барселона тогаш објави дека трансферот на Нејмар чинел 57,1 милиони евра, од кои 40 милиони евра му биле платени на семејството на Нејмар, а Сантос добил 17,1 милиони евра, од кои само 40 отсто отишле кај ДИС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Олимпија за потписот на Митровски го сруши трансфер рекордот во Словенија
Македонскиот репрезентативец, Димитар Митровски го официјализира трансферот во Олимпија. Митровски во Љубљана пристигна од хрватскиот прволигаш Вараждин. Трансферот на Митровски е рекорден за фудбалот во Словенија, Олимпија за напаѓачот плати еден милион евра.
26-годишниот Митровски постигна осум гола на 28 лигашки натпревари во сезоната 2024/25 и одигра важна улога во историскиот пласман на Вараждин во Конференциската лига. На крајот од сезоната, Митровски беше избран во идеалниот тим на сезоната во хрватскиот шампионат.
За две и пол сезони, тој одигра 71 натпревар за Вараждин и постигна 13 гола.
Својата фудбалска кариера ја започна во Скопје, во Работнички, а на 16-годишна возраст замина во странство. Во 2015 година се пресели во Германија. Таму беше дел од јуниорските тимови на Ханза Росток и Магдебург. Една година подоцна, се пресели во Спортинг, каде што играше за младинскиот тим во 2017 година, а потоа и за резервниот тим на Спортинг Б.
Потоа Митровски играше за АП Брера, пред да се пресели во Вараждин.
За репрезентацијата на Македонија досега има осум настапи.
Спорт
Брајтон платија 35 милиони за 18-годишниот Костулос

Англискиот фудбалски клуб Брајтон го договори трансферот на 18-годишниот напаѓач на Олимпијакос, Хараламбос Костулос за 35 милиони евра.
Костулас во четвртокот помина медицински прегледи и се очекува да потпише петгодишен договор што ќе стапи на сила на 1 јули, објави Би-Би-Си.
Овој трансфер го сруши претходниот рекорд за износот на надоместокот што еден грчки клуб го доби за својот играч, кој го држеше Олимпијакос кога Вулверхемптон плати 16,6 милиони фунти за Даниел Поденс во 2020 година.
Костулас, кој игра за младинската репрезентација на Грција (до 21 година), го имаше своето деби за првиот тим на Олимпијакос во 2024 година, откако помина низ младинската академија на клубот од Пиреја.
Минатата година, тој беше стандарден првотимец во тимот на Олимпијакос кој ја освои престижната младинска Лига на шампиони на УЕФА, победувајќи ги Интер и Баерн на патот до финалето, а во мечот за титулата го совладаа Милан.
Во текот на последната сезона во грчкото првенство, тој постигна седум гола во 22 лигашки натпревари.
Спорт
Тудор го потпиша договорот со Јувентус

Игор Тудор го потпиша новиот договор со Јувентус. Хрватот успеа да избори пласман во Лигата на шампуионите, што беше единствената цел кога го презеде тимот од Тијаго Моа.
Тудор потпиша договор со Јувентус до 2027 година. Но, со опција за продолжување за уште една година.
Игор Тудор е поранешен играч великанот од Торино, во минатото тој беше на клупата, но како помошник на Андреа Пирло.
Останува надежта дека со Тудор ќе се обезбеди некаков вид стабилност, со оглед на тоа што Јувентус смени четири тренери во претходните шест години.