Спорт
Во Рома ја стокмиле понудата за Конте
Фудбалскиот клуб Рома зад себе има сезона полна со променливи резултати, цехот веќе го платија тренерот Еузебио ди Франческо и спортскиот директор Мончи. Иако играта и резултатите не се на ниво, Рома сè уште има шанси да стигне до четвртата позиција и место во Лигата на шампионите.
Јасно е дека во летниот преоден рок ќе има големи промени во клубот, во ростерот и на тренерската позиција.
Клаудио Раниери е преодно решение, а клубот на неговата позиција го сака Антонио Конте. Поранешниот италијански селектор не работеше оваа сезона кога во јули минатата година доби отказ во Челси, а потоа водеше судски спор со „сините“.
„Газета дело спорт“ пишува дека Рома на Конте му понудиле 9,5 милиони евра годишна плата. Понудената плата е помала од онаа што Конте ја заработуваше во Челси (11 милиони), но во клубот се сигурни дека тренерот ќе ги прифати понудените услови.
Кога станува збор за ростерот, Рома ќе ги продаде двајцата најскапи фудбалери, Един Џеко и Хавиер Паторе, а многу веројатно е дека ќе замине и светскиот првак со Франција, Стивен Нзонзи.
„Газета“ пишува дека Џанлука Петрачи ќе биде новиот спортски директор. На оваа позиција тој ќе дојде од екипата на Торино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

