Спорт
Во Русија е недопирлив – Промес во Холандија осуден на шест години затвор
Холандскиот фудбалер Квинси Промес е осуден на шест години затвор поради шверц на повеќе од 1,3 тони кокаин.
Одлуката во отсуство на Промес, кој настапува за Спартак Москва, ја донесе судот во Амстердам.
Холанѓанецот е обвинет за учество во шверц на кокаин кој пристигнал во пристаништето Антверпен во 2020 година. Станува збор за две посебни пратки, кои заедно имале повеќе од еден тон.
Промес негираше, но доказите го покажаа спротивното. Сведоците пред судот рекел дека бил во контакт со луѓе кои купувале контејнери со кокаин од белгиското пристаниште.
Тој е уапсен на 25 април истата година, а во телефонот кој бил прислушуван бил пронајден дополнителен компромитирачки материјал.
Претходно, Промес беше осуден на 18 месеци затвор откако истата година го прободе во коленото својот братучед. Тој напад првично беше окарактеризиран како обид за убиство, но подоцна беше преправен во тежок напад.
Промес е играч на Спартак, а Русија засега не покажува намера да го екстрадира во Холандија за издржување затворска казна. Згора на тоа, тој неодамна доби дозвола за престој во Емиратите, за да може со тимот да оди на зимски подготвки.
Поранешниот фудбалер на Ајакс и Севиља претходно одби да ја напушти Русија поради страв од апсење и екстрадиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ферстапен нема намера да го напушти Ред Бул
Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, во интервју за швајцарски „Блик“, изјави дека нема намера предвреме да се раздели со тимот на Ред Бул, со кој има договор до крајот на 2028 година.
Иднината на Холанѓанецот беше предмет на многу шпекулации во последните години, особено во првата половина од сезоната 2025. Се шпекулираше дека сака да го напушти Милтон Кејнс и дека би можел да се пресели во Мерцедес.
Сепак, Ферстапен на крајот не успеа да ја активира клаузулата за предвремено ослободување и ќе вози за Ред Бул во сезоната 2026.
„Сега имам 28 години и сум под договор со Ред Бул до крајот на 2028 година. Сакам да го одработам мојот договор. Во оваа фаза целосно ја исклучувам можноста за промена на тимот. Штета е што нема да го имам мојот пријател и ментор Хелмут Марко покрај мене во 2026 година“, рече Ферстапен.
Холанѓанецот изминатата сеозна ја заврши на второто место, зад шампионот Ландо Норис од Мекларен. Бртанецот ја прекина серијата од четири последователни титули на Холанѓанецот во шампионатото на Формула 1.
Foto/ depositphotos
Спорт
Франција лесно против Чешка, Шпанија ја победи Србија
Актуелниот европски првак Франција и Шпанија со победи го отворија 17-то Европско првенство во ракомет. Шпанија во А групата ја победи Србија со 29:27, а Франција во Ц групата убедливо славеше над Чешка со 42:28.
Шпанците од очетокот до крајот го контролираа натпреварот против Србија, кој го решија во првиот дел, кога Србите грешеаа во нападот и промашуваа зицери. Исто така, српските ракометари не се прилагодија на критериумот на судиите од Исланд.
Кај Шпанците се истакна Јан Тарафета со шест гола, Абел Сердио имаше четири, а Касадо, Душебаев, Фис и Гомес имаа по три. Најефикасен играч за Србија беше Урош Којадиновиќ со шест гола. Вања Илиќ постигна пет, исто колку и Дарко Ѓукиќ, а Урош Борзаш постигна четири.
Франција, против Чешка влезе како ачсолутен фаворит и таа улога во целост ја оправда. Прашањето на кончениот победник беше решено во раната фаза од натпреварот.
Ричардсон, Пранди и Наи ја предводеа Франција со по шест гола. Кај Чешка подобри од останатите беа Сола и Сироки со по пет гола.
Foto/ EPA
Спорт
Цимикас се враќа дома
Грчкиот репрезентативец, Костас Цимикас, кој зад себе има лоша полусезона во Рома, би можел да се врати во Олимпијакос по пет и пол години. Клубот од Пиреја прави сè за да се договори со Ливерпул, објави „Газета дело Спорт“.
По доаѓањето на Милош Керкез, во летниот преоден рок, Цимикас стана вишок во Ливерпул и клубот реши да го позајми во Рома. Гркот не успеа да се вклопи во системот на Џанпјеро Гасперини, поради што „волчицата“ ја прекина соработката со левот бек по само шест месеци.
Бидејќи за него нема место ниту во Ливерпул, тој ќе мора да бара нов клуб.
Олимпијакос веќе долго време има проблем токму на позицијата на која игра Цимикас и во клубот се надеваат дека токму тој би можел да им донесе стабилност на црвено-белите во овој дел од теренот.
Цимикас има договор со Ливерпул до летото следната година. Без оглед на тоа што деталите од евентуалниот договор не беа презентирани, сосема е сигурно дека Олимпијакос би побарал позајмица до крајот на сезоната со право на откуп на договорот.
Искусниот грчки фудбалер одигра само 14 натпревари за Рома оваа сезона.
Foto/

