Спорт
Во Тотенхем биле многу разочарани од формата на Бејл

Тотенхем биле „крајно разочарани“ од формата и учинокот на Герет Бејл при враќањето во клубот од северен Лондон, каде што пристигна како позајмен фудбалер од Реал Мадрид, тврди шпанскиот весник „АС“.
Во Лондон веднаш стана јасно дека Бејл не е истиот фудбалер кој „уништуваше“ во последната премиерлигашка сезона пред рекордниот трансфер во Мадрид. Тој има 11 настапи за тимот на Жозе Мурињо и 3 постигнати голови, но само еден во Премиер лигата. Бејл има одиграно само 161 минута од можните 900 во Премиер лигата и управата на клубот е разочарана и тешко дека ќе се реши да го врати постојано Велшанецот во својот клуб, посебно бидејќи тој има уште една сезона договор со Реал, иако е тешко да се верува дека ќе заигра за „кралевите“.
Бејл стрелаше при 2:1 победата во Карабао купот против Стоук, но одигра само едно полувреме, по што Мурињо откри дека побарал да биде заменет бидејќи има мала повреда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ориги го промаши невозможното, Барнли е првиот клуб кој славел на „Енфилд“ од 2017!

Иако цела сезона се мачат со повредите на дефанзивците, кризата во нападот на Ливерпул продолжи откако и покрај поседот од речиси 70 отсто загубија на „Енфилд“ со 0:1 од Барнли, прекинувајќи ја неверојатната домашна низа на англискиот шампион од 2017 година.
Со 13 обиди на голот само во првото полувреме, Ливерпул најголемата шанса ја пропушти преку Дивок Ориги, кој излезе само пред голманот Поуп, но не го погоди голот, туку само пречката.
#Origi Nooooooooooooooooooooooooo pic.twitter.com/BeaK02pYNO
— @Khaltsha_tv (@Khaltsha_tv) January 21, 2021
Во второто полувреме, тој беше сменет со Мохамед Салах, а во игра влезе и Роберто Фирмино, но голот на Барнли остана сочуван, за во 81. минута да биде досуден пенал, кој Ешли Барнс го реализираше за Ливерпул да биде поразен дома првпат од 23 април 2017 година (кога Кристал палас победи со 2:1).
Ливерпул останува на четвртото место на табелата со 34 поени, дури 6 зад лидерот Манчестер јунајтед и 4 зад второпласираниот Манчестер сити, кој има натпревар помалку. Барнли пак, се 16-ти со 19 поени, седум над зоната за испаѓање.
Спорт
Барса утна два пенали, ќе мора на продолженија со третолигашот Корнелја

Тоа што требаше да биде дуел на два различни каталонски клуба по големина, огромната Барселона и третолигашот Корнелја, на крајот стана неверојатен меч во кој прволигашот утна два пенали во регуларните 90 минути од 1/16 финалето на Копа дел реј и сега мора да игра продолженија за да избегне слична судбина како Реал, кои вчера испаднаа од Алкојано.
Прво во 39. минута, обидот од бела точка на Миралем Пјаниќ заврши во рацете на 21-годишниот голман на малиот каталонски клуб (кој игра на вештачка трева), Рамон Хуан Рамирез, за потоа во 79. минута, шанса за пласман да пропушти Усман Дембеле, кој имаше неверојатно лош обид во средината на голот за лесен плен за Хуан.
Ramon Juan Ramirez (Cornella) penalty save against Barcelona 80'pic.twitter.com/cx1cwQ0OcB
— noobfcb (@noob_fcb) January 21, 2021
Cornella vs Barcelona Second penalty miss Dembele pic.twitter.com/eEcG80fJss
— mignola arbeloa (@mignolaalvedon) January 21, 2021
Спорт
Реал „падна“ и во Израел

По поразот од Црвена звезда, Реал Мадрид доживеа уште еден незгоден пораз во Евролигата, овојпат на гости кај Макаби Тел Авив, кои предводени од Тајлер Дорси стигнаа до 86:84 победа.
Дорси имаше 30 поени, 4 скока и 3 асистенции, за Макаби да се одмазди за поразот во деветтото коло во Мадрид (79:63) и да го подобри скорот на 10-11 во трка за место во плејофот. Треј Томпкинс ги предводеше „кралевите“ со 20 поени, 6 скока и 4 асистенции, Алберто Абалде додаде 13, а Реал падна на 13-8 скор.
Зенит Санкт Петерсбург, пак, за малку ќе пропуштеше предност од 23 поени во второто полувреме, но сепак, стигна до 85:78 победа над Анадолу Ефес, прекинувајќи ја низата од три победи на турскиот клуб.
Вил Томас имаше 10 поени во првата четвртина и заврши со 14, додека Остин Холинс и Кевин Пангос имаа по 13 поени. Василије Мициќ имаше 23 поени, 5 скока и 4 асистенции за Ефес, а Шејн Ларкин стигна до 20.
ЕВРОЛИГА, 21.КОЛО
Зенит Санкт Петерсбург – Анадолу Ефес 85:78 (28:15, 25:16, 11:24, 21:23)
Панатинаикос – Химки 94:78 (23:20, 23:13, 24:18, 24:27)
Макаби Тел Авив – Реал Мадрид 86:84 (24:33, 21:13, 18:20, 23:18)
Асвел Лион – Валенсија 90:77 (17:17, 23:17, 21:20, 29:23)
Армани Милано – Баерн Минхен 75:51 (20:10, 22:10, 21:15, 12:16)
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот