Спорт
Вокер со трип-дабл, Њујорк ја декласира Атланта
Кошаркарите на Њујорк Никс и Атланта Хокс ја отворија Божикната програма во НБА лигата, Во „Медисон Сквер Гарден“, Никс забележаа лесна победа 101:87, против тимот кој настапи без осум стандарни играчи.
Никс од почетокот ја контролираа играта и резултатот. Отворија со 14:3, првиот период го добија со 30:21. До последната четвртина, предноста на Никс се движеше од пет до 11 поени. Во решавачката четвртина пресуди серијата од 8:0, со која Њујорк дефинитвно го решија победникот.
Џулиус Рендл го предводеше Њујорк со 25 поени и 12 скокови, Кемба Вокер забележа трипл-дабл со 12 поени, 10 скока и 12 асистенции. Вокер е седмиот играч во историјата кој успеал да забележи трипл-дабл за Божик.
Колинс и Рајс се истакнаа кај Атланта со по 20 поени. Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ шуторески одигра лош меч, погоди два од 12 обиди, мечот го заврши со осум поени, пет скока и четири асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Правнукот на Мусолини ги воодушеви навивачите, тие одговорија со фашистички поздрави
Фудбалерот Романо Флориани веќе подолго време е во центарот на вниманието на италијанските медиуми поради неговото потекло. Неговото целосно име е Романо Бенито Флориани Мусолини.
Романо е правнук на Бенито Мусолини, диктаторот кој влијаеше на ширењето на фашизмот во Европа во средината на 20 век.
Младиот Романо повторно „влијаеше“ да се дискутира за Мусолини 80 години подоцна, но сега во поинаков контекст.
Флориани сега е член на Јуве Стабија која се натпреварува во Серија Б, а беше единствениот стрелец на натпреварот против Чезена.
По голот, сите навивачи на тимот од предградието на Наполи, кои според политичките определби и припаѓаат на левицата, поради што на натпреварите на клубот често се гледаат слики од Че Гевара, сега ги нарушија своите идеали.
Дали прпвоцираа или само го прославија голот, тие го поздравија Флориани како што тоа го правеа фашистите за време на Втората светска војна.
Самиот фудбалер не сака да зборува на оваа тема, неколку пати потенцираше дека не го интересира политика.
„Мојот прадедо Бенито беше значајна личност во Италија, но ова е 2024 година и светот се промени. Сето ова не ми пречи, бидејќи тоа што го правам нема врска со политика. Подготвен сум за предизвици, мое е да ги замолчам сите оние кои негуваат предрасуди кон мене поради моето презиме“.
Benito Mussolini’s great grandson Romano Mussolini scores for Serie B side Juve Stabia pic.twitter.com/WvDYB1QUtx
— Matteo Bonetti (@Bonetti) December 22, 2024
Спорт
Гундоган бесплатно се сели во Интер
Илкај Гундоган една сезона мина во Барселона, поради финасиските проблеми со кои се соочува клубот мораше да замине, па се врати во Манчестер сити.
Поранешниот германски репрезентативец е далеку од формата во која беше во првиот мандат на „Етихад“, кога беше еден од најважните фудбалери во тимот на Пеп Гвардиола.
Сити во последните два месеци не игра добро, има само една победа на последните 12 натпревари. Јасно е дека на крајот од сезоната Гвардиола ќе мора да направи реконструкција. Како што сега стојат работите Гундоган нема да добие понуда за нов договор.
Целата ситуција ја следат во Интер. Спортскиот директор Бепе Марота е познат по својата работа, односно да донсе врвен фудбалер без клубот да плати оштета.
Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека Гундоган сака да се пресели во Интер.
Гундоган за германската репрезентација одигра 82 натпревари и постигна 19 голови, а пред Сити играше за Дортмунд и Барселона.
Спорт
Сака на принудна пауза шест до осум недели
Букајо Сака подолг период ќе отсуствува од фудбалот поради повреда на тетивата. Сака се повреди во саботата против Кристал Палас.
Букајо Сака, во победата на Арсенал над Кристал Палас од 5:1, одигра само 25 минути. Со помош на патерици го напушти стадионот на Кристал Палас. По мечот менаџерот, Микел Артета, изјави дека состојбата на Сака не е добра.
Поради слична повреда, голманот на Ливерпул, Алисон Бекер беше надвор од терените околу два месеци. Доколку Сака биде надвор од терените осум недели, ќе го пропушти клучениот дел од сезоната. Иако, некои тврдат дека во најдобро сценарио Сака би можел да се врати во рок од шест недели.
Но, и во тој период Арсенал има пеколен и тежок распоред.
Арсенал има три првенствени натпревари против Ипсвич, Брентфорд и Брајтон до крајот на годината, а потоа ги продолжува натпреварите во купот на почетокот на 2025 година, на 8 јануари против Њукасл во Лига купот и четири дена подоцна против Манчестер јунајтед.
Потоа следуваат серија нови натпревари во Премиер лигата, две дерби средби на домашен терен против Тотенхем и Астон Вила, а потоа и натпреварот со Динамо Загреб во Лигата на шампионите.
За крајот на јануари следуваат гостувањата кај Вулверхемптон и Џирона во последното коло од Лигата на шампионите.
Февруари започнува со дербито против Манчестер сити на „Емирати“, а потоа следува реваншот од полуфиналето на Лига купот кај Њукасл.
Навивачите се надеваат дека Сака би можел да биде подготвен за гостувањето кај Лестер или дуелот со Вест Хем на 15 или 22 февруари.