Спорт
„Волците“ го изедоа Арсенал! (видео)

Вулверхемптон го искористи лошото прво полувреме на „топчиите“ за да го совладаат Арсенал со 3:1 и да земат уште еден „скалп“ на врвна екипа од Премиер лигата.
Од 28. минута до крајот на полувремето, Арсенал успеа да прими три гола на „Молињу“ откако Рубен Невес, Мет Доерти и Диого Жота успеаја да го совладаат Бернд Лено во можеби најслабото полувреме на „топчиите“ откако Унаи Емери е на чело на клубот. Арсенал успеа да врати еден гол во 80. минута преку Сократис, но на крајот загуби драгоцени поени во борбата за место во Лигата на шампионите.
Овој пораз доаѓа по домашниот 2:3 пораз од Кристал палас, и ги остава Арсенал на петтото место на табелата со 66 поени, еден помалку од Челси и веќе четири зад лутите ривали Тотенхем. Вулверхемптон пак, се искачува на седмото место на табелата со 51 поен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мурињо доби уште едно засилување

Фудбалерот од Мали, Доргелеш Нене, премина од Салцбург во Фенербахче, објави денес турскиот клуб.
Офанзивниот играч од средниот ред Нене (22) ја започна својата професионална кариера во Салцбург во 2021 година, но играше како позајмен играч во Лиферинг, Рид и Вестерло.
Во сите натпреварувања, тој постигна 22 гола во 87 натпревари за Салцбург.
„Добредојде во нашето семејство, Нене. Нашиот клуб постигна договор со австрискиот клуб Салцбург за траен трансфер на играчот од Мали, Доргелеш Нене. Играчот, кој ги заврши медицинските прегледи, потпиша петгодишен договор. Му посакуваме добредојде на Нене и му посакуваме успех во дресот на нашиот клуб“, објави Фенербахче.
Клубот не објави финансики детали од трансферот.
Foto/ Fenerbahçe SK
Спорт
Најголемото засилување на Парма доживеа тешка повреда

Најголемото засилување на Парма во актуелниот преоден рок, Матија Фриган доживеа тешка повреда поради што ќе отсуствува помеѓу четири и шест месеци.
Хрватот, Матија Фриган (22) пред четири дена о официјализира трансферот во Парма од Вестерло вреден 10 милиони евра.
Фриган заработи повреда на коленото за време на тренингот, а прегледите го потврдија најлошото можно сценарио.
Ги скинал лигаментите на левото колено, што значи дека ќе паузира околу шест месеци.
Фриган потпиша договор со клубот од италијанската Премиер лига до 2030 година.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Крстовиќ потпиша петгодишен договор со Аталанта

Сагата околу трансферот на црногорскиот репрезентативец, Никола Крстовиќ, заврши, а епилогот е неочекуван врз основа на сè што се случуваше во текот на летото.
Имено, Крстовиќ го парафираше договорот со Аталанта. Договорот беше потпишан до 2030 година. Крстовиќ ќе добива 1,7 милиони евра по сезона, а Лече ќе инкасира 25 милиони, плус дополнителни бонуси.
За потсетување, Крстовиќ, кој во текот на својата кариера ги бранеше боите на Зета, Звезда, Дунајска Стреда, играше брилијантно за дресот на Лече и за репрезентацијата, а во текот на летото беше јасно дека ќе го напушти тимот во кој стекна целосна афирмација.
Она што Крстовиќ веднаш го нагласи беше дека не сака да ја напушти Италија, по цена да остане член на Лече, поради што ги одби понудите од Лидс и Волфсбург.
Крстовиќ пристигна во Лече пред две години од словачката Дунајска Стреда. Одигра 70 натпревари, постигна 20 гола со седум асистенции.