Спорт
Волф: Ако Хамилтон замине, тоа кажува многу за состојбата во Ф1
Шефот на Мерцедес Ф1, Тото Волф, вели дека ќе има средба со Луис Хамилтон за да се разговара за иднината на седумкратниот шампион во спортот по шпекулациите дека е подготвен да се пензионира по контроверзниот финиш на сезоната во Абу Даби.
Иако има потпишано повеќегодишно продолжување на договорот со Мерцедес, Хамилтон е без коментар по последната трка од сезоната, во која ја загуби титулата во последниот круг кога директорот на трки на ФИА, Мајкл Маси, реши да се продолжи тркањето зад безбедносното возило, а Ферстапен го помина.
„Без разлика какви пречки мораше да надмине, Луис целиот свој живот знае дека своето го кажува на паткеата. Тешко е да најде начин помеѓу разумот во последната трка и затоа му е потребно време да одлучи. Се надевам дека ќе го видиме повторно во Ф1 бидејќи тој е најважниот тркач во серијата. Ќе биде вистинска осуда на целиот спорт ако реши да си замине поради ваква скандалозна одлука како во Абу Даби. Луис беше непобедлив тој ден додека стјуардите не решија да направат прекршувања“, вели Волф во интервју за австрискиот весник „Кронен цајтунг“.
Шпекулациите велеа дека Мерцедес и Хамилтон ја чекаат одлуката на ФИА, која ќе ја истражува позицијата на Маси, и дека бараат тој да биде отстранет од водечката позиција за Хамилтон да се врати на спортот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

