Спорт
Врв! Голманот на Реал Мадрид се ожени во тренерки!
Резервниот голман на Реал Мадрид, Украинецот Андриј Луин, се ожени со својата девојка Анастасија Тамазова во граѓанска церемонија вчера, но најмногу во очи падна неговиот избор на облека при свечениот чин – спортска тренерка!
22-годишниот украински голман нема најдобра сезона на спортски план, откако заигра само еднаш во Реал, во засрамувачкиот пораз од Алкојано во Копа дел реј. По позајмиците во Леганес, Валјадолид и Овиедо, Лунин немаше многу шанси да го покаже својот квалитет со „кралевите“ каде што пристигна во 2018 година.
Сепак, 2021 нема да ја заборави, барем поради овој „специјален ден“ (за кој се облече во тренерки).
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
ТАА би можел да се врати во Премиер лигата и да ги шокира навивачите на Ливерпул
Во последниот ден од 2025 година, некако под радарот мина фудбалски трач што би можел да ја одбележи целата година: Трент Александар-Арнолд би можел да се пресели во Манчестер Јунајтед…
Како што објавува шпанскиот „Фихајес“, „црвените ѓаволи“ се подготвени да ја повторат историјата и преку Мадрид да се засилат со поранешен фудбалер на најголемиот ривал, Ливерпул.
За потсетување, во 2009 година, Мајкл Овен се пресели од Ливерпул во Реал Мадрид, а потоа неколку години подоцна им се придружи на „Црвените ѓаволи“.
„Црвените“ никогаш не му простија, а малку е веројатно дека ќе му простат откако освојувачот на Златната топка неодамна го обвини клубот дека никогаш не се вратил.
Сега Трент би можел да ги следи неговите стапки, наводно Јунајтед е подготвен да плати 40 милиони евра.
🚨 Manchester United are prepared to table a €40M bid for Real Madrid right-back Trent Alexander-Arnold as they explore reinforcements in defence.
Manchester City and Newcastle United are also monitoring the situation, with competition building for the England international’s… pic.twitter.com/hvj23NoN51
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 31, 2025
Трент го засили Реал ова лето, но не се етаблираше како прва опција на позицијата десен бек. Тој одигра само 500 минути во 11 натпревари во сите натпреварувања.
Затоа, се очекува разделба, но дали навистина станува збор за заминување во Јунајтед? Истиот извор известува дека Сити и Њукасл ја чекаат својата шанса.
Foto/ depositphotos
Спорт
Нејмар реши за кој клуб каде ќе игра во 2026 година
Бразилскиот фудбалер Нејмар одлучи да остане во Сантос и наскоро ќе го продолжи договорот до крајот на 2026 година, објавија медиумите во Бразил.
На овој начин, Нејмар стави крај на шпекулациите дека ќе се пресели во Саудиска Арабија.
Нејмар, одлучи да игра на сигурно, постојано да биде пред очите на селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и да му докаже дека заслужува место во репрезентацијата на претстојното Светско првенство играјќи во дресот на Сантос.
Во јануари 2025 година, Нејмар повторно стана член на Сантос, за кој минатата година одигра 28 натпревари и запиша 11 гола и четири асистенции.
Долго време беше повреден, но на крајот од сезоната значително му помогна на Сантос да избори опстанок во најсилниот ранг на бразилскиот фудбал.
Претходно објави дека сака да игра на овогодинешното Светско првенство во САД, Канада и Мексико.
Нејмар дојде во Сантос од Ал Хилал, а претходно играше за Пари Сен Жермен и Барселона.
Foto/ depositphotos
Спорт
Државниот врв ги избрка селекторот, капитенот и легендата на Габон
Општ хаос владее во фудбалската репрезентација на Габон по елиминацијата од Африканскиот куп на нации во Мароко. Владата на оваа африканска земја одлучи да го избрка селекторот Тиери Мујум и целиот тренерски штаб, капитенот Бруно Манга и најголемата легенда во репрезентацијата, Пјер-Емерик Обамејанг.
Репрезентацијата на Габон беше поразена од селекцијата на Брегот на Слоновата Коска по пресвртот од 2:3 во решавачкиот натпревар на Африканскиот куп на нации, што резултираше со нивна елиминација од натпреварувањето.
Габон го зазеде последното место во групата Ф со еден бод во конкуренција на Брегот на Слоновата Коска, Камерун и Мозамбик, што предизвика лавина од незадоволство во земјата.
По „срамната“ елиминација од Африканскиот куп на нации, Владата на Габон објави соопштение во кое ја информира јавноста дека го отпуштила целиот стручен штаб на чело со селекторот Тиери Мујум, како и дека суспендирала двајца клучни играчи до понатамошно известување: капитенот Бруно Еквеле Манга, кој е рекордер со 118 натпревари, како и најдобриот играч на сите времиња и најдобар стрелец на националниот тим, Пјер-Емерик Обамејанг.
По повод испаѓањето од Африканскиот куп се огласи и претседателот на државата, Брајс Клотард Олиги Енгуема, велејќи дека „дел од националниот идентитет е ослабен“…
Foto/ depositphotos

