Спорт
ВТА го казни Вимблдон со милион долари за исфрлањето на руските и белоруските тенисерки
Организаторите на Вимблдон добија казна од 1 милион долари од Женската тениска асоцијација (ВТА) поради суспензиите што им ги дадоа на руските и на белоруските тенисери на гренд слемот откако претходно им ги одзедоа и рејтинг-поените за настап на турнирот.
Британската тениска асоцијација (ЛТА) доби 750.000 долари казна, а клубот Ол Ингланд, организаторот на турнирот, е дополнително казнет со 250.000 долари. Двете организации се жалеа на одлуката, но казната мора да се плати пред да се разгледа жалбата.
„Ние остануваме на одлуката што ја донесовме и разочарани сме од реакцијата на АТП и ВТА-турнејата, но не можам да кажам повеќе бидејќи сме дел од легален процес“, изјави генералната директорка на клубот Ол Ингланд, Сели Болтон.
Додека другите гренд слем турнири решија да им дозволат на Русите и Белорусите да играат под неутрално знаме (вклучувајќи го и американскиот САД опен), Вимблдон реши дека присуството на руски и белоруски тенисери и тенисерки ќе прати погрешна порака за поддршка на рускиот претседател Владимир Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

