Спорт
ВТА го казни Вимблдон со милион долари за исфрлањето на руските и белоруските тенисерки

Организаторите на Вимблдон добија казна од 1 милион долари од Женската тениска асоцијација (ВТА) поради суспензиите што им ги дадоа на руските и на белоруските тенисери на гренд слемот откако претходно им ги одзедоа и рејтинг-поените за настап на турнирот.
Британската тениска асоцијација (ЛТА) доби 750.000 долари казна, а клубот Ол Ингланд, организаторот на турнирот, е дополнително казнет со 250.000 долари. Двете организации се жалеа на одлуката, но казната мора да се плати пред да се разгледа жалбата.
„Ние остануваме на одлуката што ја донесовме и разочарани сме од реакцијата на АТП и ВТА-турнејата, но не можам да кажам повеќе бидејќи сме дел од легален процес“, изјави генералната директорка на клубот Ол Ингланд, Сели Болтон.
Додека другите гренд слем турнири решија да им дозволат на Русите и Белорусите да играат под неутрално знаме (вклучувајќи го и американскиот САД опен), Вимблдон реши дека присуството на руски и белоруски тенисери и тенисерки ќе прати погрешна порака за поддршка на рускиот претседател Владимир Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мората: Среќен сум во Атлетико Мадрид

Алваро Мората не е многу заинтересиран да се пресели во Манчестер јунајтед ова лето, инсистирајќи дека е среќен во Атлетико Мадрид. Напаѓачот се врати во шпанскиот клуб откако ги помина последните две сезони на позајмица во Јувентус, кој не ја искористи опцијата од 30 милиони фунти за трајно ангажирање на Шпанецот.
Мората му бил понуден на Ерик тен Хаг како опција за напаѓач, но Шпанецот призна дека е среќен на „Ванда Метрополитано“.
„Навистина сакам да играм овде, да работам и да се надградувам. Возбуден сум што сум дел од Атлетико Мадрид. Шпекулации за мојата иднина? Со тие работи се занимаваат медиумите, а јас само сакам да играм и да давам голови. Атлетико е еден од најдобрите клубови во светот. Среќен сум овде и сакам да продолжам“, изјави Шпанецот.
Спорт
Роналдо во Атлетико Мадрид, Жоао Феликс во Манчестер Јунајтед?

Кристијано Роналдо да замине во Атлетико Мадрид, а неговиот сонародник Жоао Феликс од „Ванда Метрополитано“ да се пресели во Манчестер Јунајтед. Ова е можноста за супер-размена што ја заговара шпанскиот медиум „Марка“ и би можела да се реализира до крајот на летниот преоден рок.
Секако, за реализација ќе треба Манчестер Јунајтед да доплати одредена сума, со оглед дека ќе добие многу помлад фудбалер.
Цената на Жоао Феликс на трансфер маркетот изнесува околу 80 милиони евра.
Роналдо не сака да остане на „Олд Трафорд“ и тоа е повеќе од јасно, а се чини дека и клубот, па и менаџерот Ерик тен Хаг, се подготвени да го пуштат. Но, само доколку пристигне друг квалитетен напаѓач. Ангажманот на Жоао Феликс би бил добра опција за Манчестер Јунајтед.
Спорт
Демири: Шкупи има квалитет за да го елиминира Балкани

Македонскиот првак Шкупи утревечер (21 часот) ќе биде домаќин на косовскиот тим Балкани во плејофот за пласман во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА.
Левиот бек Бесир Демири вели дека тимот е подготвен за предизвикот.
„Подготвени сме. Верувам дека Шкупи е подобар тим од Балкани, но тоа ќе треба да го покажеме и на теренот. Едно е сигурно, имаме квалитет да го елиминираме Балкани. Ако добијам шанса од тренерот Седлоски, ќе го дадам максиумот за да оствариме историски резултат за клубот“, изјави Бесир Демири.