Спорт
Второ злато за Филон Мае
Квентин Филон Мае го освои златниот олимписки медал во потера, на бијатлоската трка на 12,5 километри, на Зимските олимписки игри. Мае е првиот француски репрезентативец со освоени четири медали на едни Зимски олимписки игри. Тој освои злато во трката на 20 километри, беше втор во спринт трката и втор во микс штафетата.
Мае затниот медал го освои благодарение на одличното пукање. Не промаши ниту еднаш, за разлика од најголемиот фаворит, Јоханес Тигнес Бо, кој имаше седум промашувања и на крајот го освои петтото место.
Семејството Бо сепак освои медал, втор трката ја заврши Терјеј Бо, со 28,6 секунди послабо време од Мае.
Голем успех оствари, Едуард Латипов од Русија. Во потерата влезе како 11., најбрзо трчаше, на стрелиштето еднаш промаши го освои бронзениот медал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Фулам и Муниз го шокираа Челси во 95.минута, Њукасл ја растури Астон Вила, Тотенхем тоне
На Боксинг деј се одиграа уште пет натпревари од 18. коло во Премиер лигата. Големо изненадување приреди Фулам кој на „Стемфорд Бриџ“ го совлада Челзи со 2:1, а победија и Њукасл, Вест Хем и Нотингем Форест.
Фулам го шокира Челси со гол во 95.минута. Триумфот 2:1 е прв за Фулам на теренот на Челзи по 1979 година.
Кол Палмер го постигна воведниот гол во 16. минута на асистенција на Ли Колвил. Сепак, тој гол не им ја даде потребната самодоверба на „сините“.
Фулам изедначи во 82. минута. Кастањ асистираше, а Хари Вилсон, го совлада роберт Санчез. И тука не беше крајот. Во петтата минута од судиското надополнување, Саша Лукиќ му асистираше на Родриго Муниз за голем пресврт и победа 2:1.
Њукасла ја продолжи својата серија, третата последователна победа во Премиер лигата ја забележаа против Астон Вила. Њукасл од 32.минута играше со играч повеќе. Црвен каротн доби Дуран.
Стрелец за Њукасл повторно беше Александар Исак. Швеѓанецот постигна гол за 2:0 во 59. минута, што е негов седми гол во последните четири натпревари. Можеше да постигне уште еден гол, но неколку минути подоцна ВАр го помишти неговиот гол. Првиот гол го постигна Арон Гордон во втората минута. Конечните 3:0 ги постави Жоенлитон во втората минута од судиското надополнување. Со оваа победа, Њукасл ја прескокна Астон Вила на табелата.
Тотенхем ја продолжи својата серија на очајни резултати на Боксинг деј. Минимален пораз претрпеа на Сити Граунт од Нотингем. Ова е четврти пораз во последните шест натпревари. Единствениот гол за „шумарите“ го постигна Еланга во 28. минута.
Минимална победа во Саутемптон забележа Вест Хем. На клупата на Саутемптон дебитираше хрватскиот тренер Иван Јуриќ. Победникот го реши Бовен во 59.минута.
На натпреварот помеѓу Бурнмаут и Кристал Палас немаше голови.
Спорт
Голманот на Волфсбург за Мекена: Не знам како тој игра во шпанската Ла Лига
Голманот на Волфсбург, Камил Грабара (25) по лошо се сеќава на стоперот на Лас Палмас, Скот Мекена (28). Грабара и Мекена беа соиграчи во Копенхаген, Данска, во втората половина од минатата сезона. Грабара се пресели во Волфсбург летото, а Мекена во Лас Палмас. Грабара им откри на данските медиуми дека Мекена е најлошиот фудбалер со кој играл во кариерата:
„Скот Мекена е најлошиот фудбалер што некогаш сум го видел во мојот живот. Тој сега игра за Лас Палмас. Не знам како. Тој е најлошиот фудбалер со кој сум играл и едноставно немав трпение за него“, рече полскиот голман и додаде.
„Имав ситуации на тренинг кога работевме некои вежби и тој тоа го правеше три пати на свој начин. Четвртиот пат му реков да не го прави така, а петтиот пат повторно го направи истото. Не можев да го поднесам. Имаше мали и големи расправии и јас едноставно не можев да издржам, а тој не се однесуваше со мене како со пријател, а тој беше единствениот со кој не сакав да тренирам и разговарам“.
Грабара од Копенхаген се пресели во Волфсбург за 13,5 милиони евра. Мекена во Копенхаген пристигна на позајмица од Нотингем Форест, а летово по истекот на договорот се пресели во Лас Палмас. За шкотската репрезентација има 39 натпревари и еден гол.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ заборавија да победуваат – Евертон освој бод на „Етихад“
Манчестер сити продолжува да тоне. Сити на Боксинг Деј не успеа да го победи Евертон, натпреварот заврши без победник 1:1 (1:1). Трагичар е Ерлнг Халанд, чии пенал го одбрани Џордан Пикфорд.
Факт за рубриката „верувале или не“ е дека Манчестер сити има само една победа, три нерешени и девет порази во последните 13 натпревари во сите натпреварувања.
За Сити натпреварот започна добро, бидејќи Бернардо Силва погоди во 14. минута за водство.
Но, еден гол не беше доволен да ја зголеми самодовербата, Евертон успеа да изедначи со голот на Ндиај во 36минута. е доволен за да се подобри самодовербата, а гостите од Ливерпул само придонесоа за нервоза кај домашните со израмнување во 36. минута.
Во 53. минута Сити доби пенал, но Пикфорд го прочита Халанд. До крајот Сити не успеа да создаде серизна шанса за гол, најдобрата можност ја имаше Рико Луис во финишот, но неговиот удар заврши над голот.