Спорт
Вучиќ: Кошаркарските секции на Звезда и Партизан ги финансира државата
Александар Вучиќ, претседателот на Србија, во едно од своите интервјуа на телевизија со национална фреквенција, меѓу другото, повторно ги допре Црвена звезда и Партизан, овојпат најмногу нивните кошаркарски секции.
За добрите резултати на тие две селекции, особено во Евролигата, првиот човек на Србија смета нивните раководства немаат големи заслуги.
„Јас сум виновен кога Партизан ќе ја земе титулата во АБА лигата, јас сум виновен кога Звезда ќе ја земе титулата. Кога сите во вас гледаат виновник, а никому не должишт ништо. Не сме заслужни и покрај тоа што ги финансираме Звезда и Партизан, тие не се финансираат затоа што се многу паметни, туку затоа што се финансирани од државата. И Звезда и Партизан ќе играат на фајналфор бидејќи имаат екипи за тоа. Кога беше тоа можно?“, истакна Вучиќ.
Вучиќ ги спореди сумите што ги добиваат вечните ривали со сумите што ги добиваат екипите од регионот.
„Години претходно велеа дека ја финансираат Цибона во Загреб со милион евра, да видиме колку пати повеќе милиони евра финансираме од Загреб или Атина или од некој друг. Само сакам да кажам дека што и да е добро, секогаш мора да има виновник“, заклучи Вучиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

