Спорт
Вучиќ: За нас не е ЛШ, треба да играме во Лига Европа и Конференциската лига
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, смета дека Лигата на шампионите не е натпреварување во кое српските клубови можат да играат рамноправно со европските ривали.
Благодарение на добрите резултати во европските купови во претходните сезони, оваа беше историска, бидејќи Србија имаше директен претставник во Лигата на шампионите, заедно со тим од Лига Европа и Конференциската лига. Три екипи во групната фаза од европските натпреварувања, српските тимови во 12 натпревари освоија само два бода.
Црвена звезда минатата недела, беше блиску до реми со Лајпциг во Белград, но не успеа и доживеа пораз 1:2. Тој натпревар го следеше српскиот претседател Александар Вучиќ.
На гостувањето во „ТВ Пинк“ изјави дека верува оти Лигата на шампионите не е натпреварување во кое Црвена звезда треба да биде рамноправна со другите ривали.
„Луѓето се незадоволни, Лајпцигводи. Нема место за кртики? Значи, еден играч на Лајпциг вреди колку целиот тим на Црвена звезда? Имаме што да бараме во кошарката, не затоа што сме многу поталентирани, да бидете целосно фер.Звезда и Партизан, Партизан и Звезда, имаат повеќе пари од државата Србија во кошарка од која било европска екипа од нивната земја. Ниту Реал Мадрид, ниту Барселона, ниту Олимпијакос, ниту Панатинаикос… Никој од државата не добива толку пари колку што добиваат Партизан и Црвена звезда. И луѓето од нов имаат право да бараат резултати.
А во фудбалот сме далеку… Чави Симонс вреди 75.000.000 евра, тој што ни го даде голот. Повеќе од целиот тим на Звезда. И тоа не е многу познат. Кога ќе ги погледнете нивните стопери кои се брзи како Усеин Болт, тоа е неверојатно. Ние сме далеку од нив. Лига на шампиони, не е за нас, за нас онаа Лига без грижи, Конференциска лига, а понекогаш да играме и Лига Европа. Останатите, ајде да симнеме капа, да му честитаме на мајсторот. Онаму каде што ќе освоиме бод, тоа е добар резултат“, рече претседателот на Србија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Англија со најголемите ѕвезди ќе настапи на ЕУРО 2024
Селекторот на Англија, герет Саутгејт го објави спискот на фудбалери за ЕУРО 2024. На спискот има 33. фудбалери, што значи дека до почетокот на првенството ќе седуммина од кои еден сигурно ќе биде голман.
На ЕП нема да патува долгогодишниот член на националниот тим, Џордан Хендерсон.
Списокот на Саутгејт:
Голмани: Дин Хендерсон, Џордан Пикфорд, Арон Рамсдејл, Џејмс Трафорд
Одбрана: Џеред Брантвајт, Луис Данк, Џо Гомез, Марк Гуеи, Езри Конса, Хари Мегваер, Лук Шо, Џон Стоунс, Киеран Трипиер, Кајл Вокер.
Среден ред: Трент Александар-Арнолд, Конор Галагер, Кертис Џонс, Коби Мајно, Деклан Рајс, Адам Вартон, Џерод Боувен
Напад: Џуд Белингем, Џерод Бовен, Еберечи Езе, Фил Фоден, Џек Гралиш, Ентони Гордон, Хари Кејн, Џејмс Медисон, Кол Палмер, Букајо Сака, Ајван Тони, Оли Воткинс.
Англија на ЕП е во Ц групата заедно со Данска, Словенија и Србија.
Спорт
Димитиревски договорил четири годишна соработка со Валенсија
Репрезетативецот на Македонија Столе Димитиревски од наредната сезона ќе го носи дресот на Рајо Ваљекано. Бројни шапнски медиуми и најпознатиот транфер-инсајдер, Фабрицио Романо, објавија дека голманот со Валенсија потпишал четири годишен договор.
Столе Димитриевски по шест сезони, како слободен играч ќе го напушти Рајо Ваљекано. Од „Ваљехас“ ќе замине како голман со најмногу одиграни натпревари во клупската историја.
Во последното коло, против Атлетик Билбао на домашен терен Македонецот по 192. пат ќе застане на голот на Рајо Ваљекано.
Трансферот на Димитриевски значи дека Валенсија ќе ја напушти Грузиецот, Гиорги Мамрдашвили. Од неговиот трансфер Валенсија треба да заработи 30 или повеќе милиони евра.
Спорт
Тиквеш и Воска најавуваат голема борба за трофејот во Купот
Извор/ ffm.mk
Тиквеш и Воска Спорт утре од 19:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се соочат во 31. финале од Купот на Македонија.
На денешната прес-конференција, тренерите и капитените на двата тима ги споделија своите очекувања во пресрет на утрешното финале.
„Кога сме веќе во финалето, секако дека сме тука и да го освоиме. Нема да бидеме скромни, сакаме да го освоиме пехарот. Верувам дека моите фудбалери ќе бидат максимално мотивирани и дека ќе ја заокружиме оваа сезона на најдобар можен начин. Победникот може да го реши еден момент, грешка или инспирација на одреден фудбалер“, изјави тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов.
„За разлика од Тиквеш ние сме млад клуб кој постои неколку години, ова е прва година во Прва лига за Воска и веднаш стигнуваме до историско финале што е голем успех. Првенството го завршивме на посакувано место, па сега одиме да се надигруваме против Тиквеш во Купот на Македонија. Тие се хит во пролетниот дел од сезоната и сакам да им честитам за четвртото место на табелата кое е одлично остварување за Тиквеш. Играат добро, но сепак и ние сме во добра форма, долго време сме без пораз и дојдовме во Скопје да се надигруваме и да го освоиме Купот на Македонија. Еднаш бев учесник во финале како тренер на Металург и загубивме од Работнички. Се надевам дека сега со Воска Спорт ќе бидеме поуспешни и дека ќе ги оствариме нашите цели“, рече тренерот на Воска Срѓан Захариевски