Спорт
Вучиќ им порача на Партизан и Звезда: Платете данок
Српскиот претседател Александар Вучиќ им се обрати на најголемите српски клубови. Тој им честиташе на успесите и им порача по завршувањето на сезоната да си ги измират долговите кон државата.
„Им честитам на кошаркарите на Партизан за де факто пласманот во Топ 8. Се надевам дека до крајот на сезоната ќе си ги платат долговите. Звезда има долг од околу 1,5 милиони, а Партизан околу 7 милиони, додека ФК Партизан има долг од околу 18 милиони што е ужасно, Звезда плати 7,3 милиони евра од долгот што го има, а од Партизан велат дека клубот земал позајмица. Не ме интересира од каде ги добиле парите? Звезда ги даде парите и јас им честитам на тоа, а како ќе се оддолжат дали од ЛШ тоа не е моја работа. Во Звезда ситуацијата е поповолна отколку во Партизан Им помогнавме и на едните и на другите, успешно не претставуваа во кошарка, а во фудбал Звезда беше некогаш повеќе понекогаш помалку успешна. Партизан сега доби и кинески спонзори и тие треба да се занимаваат со нивните спонзори, чекаме да заврши сезоната и да платат.Позајми од кој сакаш и плати и на државата.Нема да дозволиме други да бидат сопственици. .. Вака, да бидам искрен, фрламе пари во бунар, затоа што знаеме дека тоа е важно за дел од народот. Ги имаме Чукарички, ТСЦ капа долу, мајстори, вие маестрално управувате. Терзиќ (Црвена звезда), плати 7,3 милион браво мајстори и покажаа дека државата е приоритет, а државата не се уценува со викање „Вучиќ пе*ер“. Еве, ако ќе ви биде полесно, јас ќе бидам пе*ер, и ќе има 10 м автопат. Плаќајте даноци. Тоа е ваша одговорност. На Звезда и посакувам многу среќа во Лигата на шампионите, особено по долги години пропаѓање“, изјави Александар Вучиќ и посочи уште еден пример.
„ФК Војводина функционира перфектно по долги години во кои пропаѓаше. Ја водат тешки, но сериозни луѓе. Ја водат како приватна компанија и затоа Војводина нема повеќе долгови. Ќе победите поголеми екипи од Шериф ако ги средите финансиите, Честитки за Звезда, честитки за Партизан, очекувам и Партизан и Звезда да плаќаат данок затоа што сите мора да го прават тоа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чеферин прогласи победа над Суперлигата
Во Брисел, пред ждрепката за Лигата на нации, овој четврток се одржа Конгресот на УЕФА, каде што претседателот Александар Чеферин ја одржа својата презентација.
Најважната порака што ја испрати од говорницата е дека Суперлигата на Европа е официјално поразена.
Во среда, УЕФА постигна договор со Реал Мадрид, а претходно и Барселона се повлече од проектот, ставајќи крај на обидот за формирање паралелно елитно натпреварување.
„Воодушевен сум затоа што Барселона и Реал Мадрид се вратија во нашето семејство. Вистина е дека сите бевме уморни од сè, но УЕФА никогаш не ја изгуби меѓусебната почит со Флорентино Перез, иако имавме различни мислења. Единствениот победник мора да биде фудбалот. Му се заблагодарувам и на Насер Ал Келаифи, кој беше клучен за нашето повторно обединување“, рече Чеферин.
Претседателот на УЕФА ја искористи можноста да испрати силни пораки надвор од самата Суперлига.
„Федерациите стануваат заложници на политиката. Во Европа, нема да прифатиме фудбалот да служи како оружје. Денес, единството се соочува со големи предизвици“, рече Чеферин.
Тој ја отфрли тезата дека фудбалот мора радикално да се промени за да ја привлече помладата генерација.
„Некои велат дека фудбалот мора да се промени за да преживее меѓу младите, но грешат. Младите не му го свртеле грбот на фудбалот, тие сè уште ги полнат стадионите. Во светот на екраните и вештачката интелигенција, ниту еден алгоритам или бот не може да го замени чувството за тоа што се случува на теренот. Фудбалот е реален и затоа неговата иднина е светла“, нагласи првиот човек на УЕФА.
Чеферин особено истакна дека реформите на Лигата на шампионите и Лигата на Европа, како и воведувањето на Конференциската лига, беа вистинскиот потег.
„Многумина се сомневаа во нас, велеа дека ќе пропаднеме, но натпреварувањата сега се подобри и поконкурентни. Моделот беше развиен одговорно и придонесе за зголемување на публиката, приходите и конкурентноста. Оваа сезона, речиси 450 милиони евра ќе бидат дадени на клубовите надвор од групните фази на нашите натпреварувања“, откри Чеферин.
Првиот човек на европскиот фудбал се осврна и на развојот на женскиот фудбал, потсетувајќи дека Европското првенство во Швајцарија минатото лето привлече повеќе од 650.000 навивачи на стадионите.
Во пресрет на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, Чеферин нагласи дека фудбалот не смее да се дели помеѓу клубови и национални тимови.
„Фудбалот напредува преку национални тимови и клубови, а играчите не треба да избираат помеѓу едното или другото. Фудбалот не е инструмент на моќ, тој е заедница, а не производ. УЕФА останува посветена на тој принцип и знае каде се границите“, рече тој.
Чеферин, исто така, се спротивстави на идејата за играње натпревари од националните првенства надвор од матичните земји, алудирајќи на обидите од Шпанија.
„Домашните првенства црпат сила од своите навивачи. Нивниот извоз би ја ослабнал врската и лојалноста. Не можете да им го одземете фудбалот на луѓето во нивните заедници. Повеќе од 55 милиони луѓе го поддржуваат фудбалот и сè започнува на локално ниво“, заклучи Чеферин.
Foto/ EPA
Спорт
Карлсон ја прегази конкуренцијата на 10 километри, Цветановска заврши на 105-то место
Неверојатната Швеѓанка, Фрида Карлсон ја прегази конкуренцијата во трката на 10 километри, на Зимските олимписки игри во Милано и Коритна. На оваа трка настапи и македонската репрезентативка, Ана Цветановска.
Карлсон го освои вториот златен медла на овои Зимски олимписки игри, со најбрзата трка во историјата на светските првенства и олимписките игри. Карлсон во целта забележа време 22.49.2.

Речиси 47 секунди зад неа беше сонародничката Еба Андресон (+46.6), додека бронзениот медал го освои 34-годишната Американка, Џесика Дигинс (+49.7).
Цвенановска на крајот во конкуренција на 111 натпреварувачки го освои 104-то место, со време од 31.32.4., односно за осум минути и 43 секунди послаб резултат од победничката Карлсон.
Foto/ facebook.com/makedonskiolimpiskikomitet.mok
Спорт
Емил Рајковиќ замина од Тофаш
Македонецот, Емил Рајковиќ, повеќе не е тренер на кошаркарскиот клуб Тофаш. Клупските челници, решија да се разделат со Рајковиќ, поради серијата лоши резултати.
Рајковиќ го презеде клубот на почетокот на сезоната, започна добро, но како што одминуваше сезоната резултатите беа се полоши и полоши. Во турското првенство, Тофаш, во конкуренција на 16 екипи, се наоѓа на 10-то место со осум победи и 11 порази. Бурса се наоѓа во серија од четири порази.
Разочарувачки настап Бурса има и во Лигата на шампионите, има една победа по четири одиграни натпревари.
Фото/ Архива, Топспорт

