Спорт
Вучиниќ: Хрватска е лига за себе во регионот, Србија сè уште е многу далеку
Поранешниот црногорски фудбалски репрезентативец Мирко Вучиниќ смета дека хрватската фудбалска репрезентација сè уште е многу посилна за разлика од српската.
„Гледав многу натпревари и видов многу добри работи. Факт е дека Хрватска со години има резултати за кои останатите земји од регионот може само да сонуваат. Не мислам тука само за Србија, БиХ или Црна Гора, туку и доста пошироко.
Регионот ѝ завидува на Хрватска, но не само по среброто во Русија. Тоа трае веќе 25 години, без сериозна пауза. Тоа е доказ за вистинска класа и добра работа. Хрватска е секогаш тука, многу близу до врвот“, смета Вучиниќ.
Црногорецот смета дека Србија сега „се крева“.
„Секако, Србија може и против Хрватска, тоа би бил одличен дуел, би сакал да го гледам. Два слични стила на игра, играчи кои добро се познаваат. Но Србите мора да се свесни дека сè уште се далеку зад Хрватска. Србија сега `се крева`, но ќе видиме дали се во состојба да го прават она што Хрватите го прават веќе 25 години. Хрватска е лига за себе во нашиот регион“, смета поранешниот фудбалер на Лече, Рома и Јувентус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи има договор со најдобриот европски шутер
Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се подготвува за новата сезона. Откако, како што објави „Естандо“, клубот постигна договор со Ели Окобо, договор за следната сезона има и Андреас Обст.
Договорот на германскиот „снајпер“ со Баерн истекува во јуни оваа година и се чини дека тој е подготвен да го нплати својот квалитет.
Обст кој наскоро ќе наполни 30 години, има просек од 15,5 поени по натпревар оваа сезона, а неговиот процент на шут за три поени е импресивни 41 процент.
Foto/ depositphotos
Спорт
Леброн: Не знам дали ќе играм следната година
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, ја игра својата 23-та сезона во НБА.
Асот на Лејкерси беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главното прашање беше, секако, дали ќе игра следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.
Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Џејмс.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Њукасл на долга пауза поради повреда
Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед ќе отсуствува околу два месеци откако заработи повреда на тетивата.
Фудбалерот од средниот ред се повреди за време на натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата против Тотенхем. Њукасл славеше, а капитенот се повреди на самиот крај од натпреварот.
Ова беше негов втор натпревар откако се опорави од повреда на глуждот. Скенирањата потврдија дека Бразилецот го очекува подолга пауза, што е голем удар за Њукасл.
Њукасл ја победи Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот, а следниот натпревар ќе го игра како гостин на Карабаг во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Еди Хау е на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 36 бода.
Foto/ depositphotos

