Спорт
Вучверхемптон урнаа рекорд стар 120 години
Вулверхемптон, синоќа, освои бод на „Олд Трафорд“, против Манчестер Јунајтед. Натпреварот заврши 1:1, а Вулверхемптон урна негативен рекорд стар 120 години.
За прв пат по повеќе од 120 години, тим во англиската Премиер лига остана без победа во првите 19 кола од сезоната. Вулфс, досега освоија само три бода.
Последниот тим на кој му се случи ова беше Болтон, во сезоната 1902/1903.
На половина од сезоната, Вулверхемптон се 15 поени оддалечени од безбедната зона.
Сезоната продолжува, но атмосферата во тимот и меѓу навивачите е сè понапната, бидејќи статистиката не лаже, „Волците“ се речиси практично елиминирани.
Foto/ depositphotos
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Кансело може да бира, Барселона или Интер
Жоао Кансело, поради лошиот однос што го има со тренерот Симоне Инзаги, донесе одлука да се врати во Европа.
Португалецот, нема долго да биде без клуб, прашање е само што ќе избере. За неговите услуги сериозно се заинтересирани Барселона и Интер.
Каталонците сакаат да имаат алтернатива за Жил Кунде, кој има голем број натпревари во своите нозе, но проблемот е финансискиот фер-плеј.
Затоа, ќе мора да бидат трпеливи за да видат како можат да го решат и да го доведат Кансело.
Ситуацијата внимателно ја следи Интер, кој бара замена за Дензел Дамфрис, бидејќи Холанѓанецот е повреден и нема да биде во тимот неколку месеци. Кристијан Киву инсистира на замена и дал зелено светло, клубот да тргне по Кансело.
Да ве потсетиме дека Португалецот дојде во Ал Хилал, пред 18 месеци од Манчестер Сити за 25.000.000 евра.
Foto/ freerangestock
Спорт
Роберто Карлос итно опериран, имал проблеми со срцето
Легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос е хоспитализиран во Бразил поради проблеми со срцето, а хируршката интервенција траела повеќе од три часа поради одредени компликации.
Карлос (52), кој важи за еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот, отишол кај лекарите поради рутински преглед на ногата, каде што бил откриен мал згрутчок на крв, објавува „Дејли Мејл“.
Дополнителните тестови, извршени со магнетна резонанца на телото, покажале дека неговото срце не функционира правилно.
Поранешниот бразилски репрезентативец со националениот тим го освои Светското првенство во 2002 година, додека со Реал Мадрид го крена трофејот во Лигата на шампионите во 1998, 2000 и 2002 година.
Неговата здравствена состојба се следи, а според првите информации, тој е под постојан надзор на лекар.
Foto/ depositphotos
Спорт
Ферстапен избран за возач на годината во Формула 1
Холанѓанецот, Макс Ферстапен е прогласен за возач на годината во Формула 1, и покрај тоа што не го освои светското првенство. Ова беше осмо издание на изборот за возач на годината во кој гласаа возачите, а Ферстапен славеше петта година по ред.
Поените беа доделени врз основа на тековниот систем на бодови во Ф1, при што најдобриот возач на секоја листа освои 25 поени, а возачот на 10-то место освои еден поен.
Пилотот на Ред Бул победи пред светскиот шампион Ландо Норис во Мекларен, додека Џорџ Расел од Мерцедес беше трет.
За прв пат од почетокот на анкетата во 2018 година, Британецот Луис Хамилтон (Ферари) не успеа да влезе меѓу првите десет.
Во изборот учествуваа 16 возачи, додека Хамилтон, Нико Хулкенберг, Ленс Строл и Јуки Цунода не гласаа.
Foto/ depositphotos

