Спорт
За да го гледаат Тајсон, платиле повеќе луѓе отколку за Хабиб, Конор и Фјури!
Мајк Тајсон сè уште е едно од најголемите спортски имиња на денешницата и покрај тоа што има над 50 години, може да се заклучи од бројките за пеј-пер-вју гледања на неговиот камбек во езгибицискиот меч против Рој Џонс Јуниор.
Мечот можеби заврши со реми, но предизвика доволно внимание за да привлече 1,2 милион пеј-пер-вју плаќања, двојно повеќе од мечот за титулата во тешка категорија помеѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер и повеќе од мечевите на УФЦ-мегаѕвездите Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов.
Американската ТВ-мрежа „Трилер“ постави фантастично висока цена од 50 долари за мечот на Тајсон, што според многумина беше огромен ризик, но тоа се исплатеше. Единствен меч што добил повеќе пеј-пер-вју купувања во 2020 бил мечот во УФЦ помеѓу Камару Усман и Хорхе Масвидал за титулата во велтер-категорија (1,3 милион). Конор Мекгрегор против Доналд Серон продал 1 милион пеј-пер-вју гледања, а Хабиб против Џастин Гетџи стигнал до бројката од 675.000.
Уште позачудувачки, Тајсон ја донира целата својата заработувачка во добротворни цели и планира да има други егзибициски мечеви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

