Спорт
За десет олимписки визи ќе се борат 63 репрезентации
Познати се сите учесници во последната олимписка квалификациска рунда во одбијка, во машка и женска конкуренција.
За последните десет олимписки визи (пет во машка, шет во женска конкуренција) ќе се борат 32 селекции во женска и 31 во машка конкуренција.
Турнири ќе се играат на сите континенти во периодот од 5 до 12 јануари, а пласман на ОИ во Токио наредното лето ќе изборат само победниците на групите.
Жени:
Африка (од 4 до 9 јануари, Јуанде/Камерун): Алжир, Боцвана, Камерун, ДР Конго, Египет, Гана, Кенија, Нигерија
Европа (од 7 до 12 јануари, Апелдорн/Холандија): Азербејџан, Белгија, Бугарија, Холандија, Хрватска, Германија, Полска, Турција)
Азија (од 6 до 12 јануари, Наконрачасима/Тајланд): Австралија, Хонг Конг, Индонезија, Иран, Казахстан, Јужна Кореја, Тајланд, Кинескиот Тајпех
Јужна Америка (од 7 до 9 јануари, Минисалес/Колумбија): Аргентина, Колумбија, Перу, Венецуела)
Северна и Средна Америка (од 9 до 12 јануари, Санто Доминго/Доминиканска Република): Канада, Доминикана, Мексико, Порторико.
Пласман на Олимписките игри изборија покрај Јапонија и Србија, Кина, САД, Бразил, Италија.
Мажи:
Европа (од 5 до 10 јануари, Берлин/Германија): Белгија, Бугарија, Чешка, Германија, Франција, Холандија, Словенија, Србија)
Африка (од 6 до 12 јануари, Каиро/Египет): Алжир, Боцвана, Камерун, Египет, Гана, Нигер, Тунис
Азија (од 6 до 12 јануари, Џијангмен/Кина): Австралија, Кина, Индија, Казахстан, Јужна Кореја, Катар, Кинскиот Тајпех
Јужна Америка (од 6 до 12 јануари, Сантијаго де Чиле/Чиле): Чиле, Перу, Колумбија, Венецуела
Северна и Средна Америка (од 9 до 12 јануари, Ванкувер/Канада): Куба, Мексико, Канада, Порторико.
На Олимписките игри покрај Јапонија веќе е квалификувани Бразил, САД, Италија, Полска, Русија и Аргентина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Во Тајланд му се заблагодарија на српскиот напаѓач, тој одговори: „Пу..те ми го к..ов“
Во Тајланд, му се заблагодарија на поранешниот играч на Партизан, Немања Николиќ (33), а тој одговори во коментарите со навредлива порака: „Пу..те ми го к..ов“.
Тајландскиот клуб Бурирам Јунајтед објави проштална објава на социјалните мрежи за својот поранешен напаѓач, со зборови на благодарност за неговата посветеност и професионализам и желби за успех во неговата идна кариера, со слоганот „Еднаш син, секогаш син“.
Сепак, тоа дополнително го налути фудбалерот. Николиќ, кој се пресели во Бурирам ова лето, но не дебитираше, не одигра ниту една секунда поради ограничувањата за странци во лигата,.
По некое време, клубот го избриша коментарот, кој собра околу 2.800 лајкови, но навивачите продолжија да го навредуваат Бурирам.
Николиќ помина само два и пол месеци во Бурирам пред да го раскине договорот, по што се врати во Србија и тренираше со Чукарички, а сега се шпекулира за негов трансфер во Будуќност Подгорица.
Според „Трансфермаркт“, Николиќ вреди 500 илјади евра.
Спорт
Јунајтед понудиле 90 милиони евра за Диоманде
Манчестер Јунајтед, наводно доставил официјална понуда од 90 милиони евра за крилниот напаѓач на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, во обид да го засили тимот за време на јануарскиот преоден рок.
Овој потег дојде откако градските ривали Манчестер Сити беа побрзи и успеаја да го донесат Антоан Семењо од Борнмут.
Клубот од „Олд Трафорд“ доживува турбулентна сезона. И покрај тоа што потроши повеќе од 230 милиони евра за играчи ова лето за да го поддржи тогашниот тренер Рубен Аморим, Португалецот беше отпуштен минатиот понеделник. Тимот продолжи со променливи резултати и постигна само осум победи во 20 натпревари од првенството.
Фабрицио Романо потврди минатата недела дека Диоманде е на листата на желби на Манчестер Јунајтед, но нагласи дека Лајпциг не сака да го пушти среде сезоната. Тој додаде дека Јунајтед не е единствениот заинтересиран клуб, туку дека и ПСЖ го сака. Се споменува и интересот на Ливерпул.
Крилниот напаѓач, член на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, постигна седум гола и асистираше за четири од нив во 16 натпревари за својот тим оваа сезона.
Тој има договор до летото 2030 година, а „Трансфермаркт“ го проценува на 45 милиони евра.
Спорт
Де Брујне би можел да го напушти Наполи
Иако пристигна во Наполи во јуни минатата година, белгискиот играч од средниот ред Кевин Де Брујне (34) би можел да го напушти Неапол, до крајот на актуелниот преоден рок.
Според италијанските медиуми, Саудијците веќе некое време го „ловат“ Белгиецот, а се шпекулира дека Наполи е подготвен да ги разгледа сите потенцијални понуди од Саудиската професионална лига.
Де Брујне беше опериран во октомври и не се очекува да се врати на теренот до март 2026 година.
Негов приоритет е целосно да се опорави на време за Светското првенство, кое се одржува во САД, Мексико и Канада ова лето, и би одговарало на малку послабо темпо од Серија А.
Поранешната ѕвезда на Манчестер Сити се пресели во Наполи во слободен трансфер минатото лето. Тој постигна четири гола и запиша две асистенции на 11 натпревари во сите натпреварувања пред да заработи сериозна повреда на бутниот мускул октомври.
За време на својата кариера играше и за Генк, Челзи, Вердер и Волфсбург. Тој одигра 115 натпревари за Белгија и постигна 36 гола.
За потсетување, Белгија ќе игра во групата Г на Светското првенство заедно со репрезентациите на Египет, Иран и Нов Зеланд.
Foto/ depositphotos

